Виктор Ѓокереш се повреди, Артета загрижен за состојбата на напаѓачот

Mikel Arteta and Viktor Gyokeres in training

Микел Артета изрази загриженост поради повредата на Виктор Ѓокереш, кој ќе го пропушти претстојниот натпревар од Лигата на Шампионите против Славија Прага. Ѓокереш беше заменет на полувреме во победата над Барнли со 2-0, откако почувствувал болка во мускулот, а оттогаш не тренира со екипата. Артета потврди дека напаѓачот нема да биде во составот следниот дуел и дека ќе бидат направени дополнителни прегледи за да се утврди тежината на повредата.

Артета истакна дека ситуацијата е посебно загрижувачка бидејќи Ѓокереш досега немал вакви проблеми, а неговиот експлозивен стил на игра го прави подложен на вакви повреди. „Загрижен сум, затоа што ретко има мускулни проблеми, а овојпат мораше да излезе од игра чувствувајќи болка,“ изјави шпанскиот стратег. „Ќе направиме повеќе прегледи за да видиме за што точно се работи.“

Ѓокереш веднаш се наметна како важен дел од нападот на „Топџиите“, со 6 погодоци на 14 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Неговото отсуство ќе биде голем удар за тимот, особено во густ распоред на натпревари во Премиер Лигата и Лигата на Шампионите.

Артета призна дека играчот е разочаран, но повика на трпение и поддршка, „Најважно е да се опорави целосно. Ќе му дадеме време и поддршка да се врати посилен.“