Левандовски на прагот да изедначи историски рекорд на Герд Милер

Роберт Левандовски, кој на мечот со Шпанија го постигна 67-от гол за Полска,  се доближи до рекордот на легендарниот, Герд Милер, кој има дадено 68 голови во дресот на Германија.

На Левандовски му беа потребни 118 средби за да дојде до бројката од 67 голови додека Милер одигра 62 натпревара за „панцирите“ на кои дојде до бројката од 68.

Што се однесува до светскиот рекорд за најмногу постигнати голови во репрезентацијата, на првото место е Иранецот Али Даеи, кој постигна 109 голови. Португалецот Кристијано Роналдо има три гола помалку.