Боксерскиот клуб Пелистер 2007 е шампион на Македонија!

Darko Stankovski  08-11-2018

Боксерскиот  клуб „Пелистер 2007“ од Битола е шампион во првата лига на Македонија за 2018 година. За Денот на ослободувањето на Битола , тие го донесоа најубавиот подарок за градот, шампионски пехар.  Пелистер и Баргала ги потврдија шампионските титули и по одигрувањето на последното 8. коло во Штип. Пелистерци се шампион во Првата лига, а Баргала меѓу младинците.

2

Александар Најдовски-Сканта, Јове Петровски, Денис Муаремовски и Никола Бубевски се шампиони во сениорска категорија. Тие на 3 ноември во Штип  се покажаа во најдобро светло и издвојуваа победи.  Главни тренери во боксерскиот клуб „Пелистер 2007“ се Златко Мурџевски, Александар Димовски- Димса и Дејан Џинич. Боксери на Пелистер 2007, во оваа лига се натпреваруваат во текот на целата година, од стартот на сезоната се први  и тоа го потврдија и на крајот од шампионатот. Се подготуваа под полна пареа,  дури и по два тренинзи на ден пред шампионатот, но на крајот напорот се исплати, остварија одлични резултати.  Помеѓу нив пред се преовладува голема радост, големо другарство, и покрај тешките услови за работа. Битолските шампиони во бокс од Федерацијата на боксери се закитија со дипломи и парични награди.

Еве ги резултатите од последното осмо коло:

52 кг. Исак Сулејман (Тернипе) – Џан Демиров (Баргала) 0-2
60 кг .Сухамед Мемедов (Универзалци) – Јове Петровски (Пелистер) 0-2
69 кг.. Гоце Јанески (Аперкат) – Елмедин Истрефи (Синди) 2-0
75 кг.  Октај Фератов (Борец) – Мартин Павловски (Универзалци) 2-0
81 кг. Бењамин Речи (Синди) – Арсим Етеми (Алексо Огненовски) 0-2
91 кг. Никифор Стојановски (Универзалци) – Никола Бубевски (Пелистер) 0-2
91 кг. Синан Џеладин (Тернипе) – Филип Зивосовски (Универзалци) 2-0

По завршувањето на борбите им беа врачени пехарите и признанијата на новите шампиони.

1 3 4 5

Честитки БК ПЕЛИСТЕР!




© Evrotip 2015-2019