Австралија по 49-ти пат во финалето на Дејвис Купот

Тениската репрезентација на Австралија се пласираше во финалето на Дејвис купот, откако Алекс Де Минор го совлада Емил Русувуори во два сета (6-4, 6-3) и му ја донесе втората победа на својот тим во дуелот против Финска.

Емил Попирин ја постигна првата победа на Австралија претходно денеска, победувајќи го Ото Виртанен со 2-0. Де Минор, 12 тенисер во светот, после еден час и 34 минути игра стигна до победата над 69 играч на АТП листата.

Австралиецот петпати му го одзема сервисот на противникот, дозволувајќи два брејка на спротивната страна

Австралија во финалето ќе игра против подобриот од вториот полуфинален меч Србија – Италија.