Бекер: Ѓоковиќ е легенда како Меси и Леброн

Новак Ѓоковиќ е се поблиску до 40. година во животот, но тој понатаму доминира во светот на тенисот, го држи првото место на АТП листата, ги решава помладите колеги кога е тоа потребно и има успеси кои прашање е дали некој ќе ги повтори во иднина.

Борис Бекер многу добро го познава Србинот со оглед на тоа што соработуваа во минатото, па за Германецот неговиот некогашен пулен е на ист ранг со ѕвездите од другите спортови како Лионел Меси, Леброн Џејмс и Том Брејди.

„Можеби треба да гледаме на Новак низ призмата дека не е само најдобар тенисер во моментов, туку и најдобар спортист во светот. Сакам да го споредам со Лионел Меси, Леброн Џејмс или Том Брејди. За мене тоа е категоријата во која е Ѓоковиќ, бидејќи сите доминираат или доминирале во или кон крајот на триесеттите. Се надевам дека Ѓоковиќ ќе продолжи уште долго, бидејќи на младите играчи не може да им се случи ништо подобро од тоа да се натпреваруваат на исто ниво како најуспешниот играч на сите времиња. Тоа е најдобрата лекција во тенис.

-За мене е крал на лавовите. Даваме се од себе да ги научиме љубителите на тенисот на она што е невозможно да се научи: она што овој играч го освои во 16 или 17 години кариера и дека на 36 години го игра можеби најдоброто откако игра тенис. Годинава освои три грен слем турнири и стигна до финалето на Вимблдон, беше блиску до календарски грен слем на 36 години. Ова се достигнувања надвор од оваа планета“, порача Бекер.