Брахим Диаз прифати да игра за Мароко пред Шпанија

Брахим Диаз сериозно напредуваше во Милан и успеа сериозно да се
надогради како фудбалер на „Сан Сиро“, а оваа сезона настапува за
првиот тим на Реал Мадрид.
Карло Анчелоти се почесто му дава минутажа на офанзивниот играч
за врска и тој стана важен дел од ротацијата на Италијанецот, но во
период кога навистина кариерата му оди во нагорна линија, донесе и
одлука која ги разочара шпанските фудбалски фанови.
Испровоциран од индолентноста и неажурноста на шпанските
фудбалски работници, Брахим Диаз решил да игра за
репрезентацијата која му беше алтернатива, а тоа е земјата која беше
најпријатно изненадување на последното Светско првенство.
По подолго размислување, Брахим решил да заигра за Мароко и ја
избрал оваа селекција пред Шпанија, сето тоа како резултат на
пасивноста на Шпанците, но и активацијата на Мароканците предводени од селекторот Валид Реграги.