Евротип предлог тикет – Сабота 02.01.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 56 коефициент:

Тотенхем – Лидс Јунајтед | ГГ, 3+
Не е лесно да се типува на победник во дуелот на Тотенхем и Лидс, но со голема веројатност ќе има многу голови. Начинот на кој го интерпретираат фудбалот двете екипи и двата менаџери ветува атракција во Лондон.

Келн – Аугсбург | 3+
Уште еден натпревар во кој картите се отворени и секој исход е возможен. Одбраната не им е силна страна ни на едните, ни на другите, па се чини дека посигурна опција е игра на повеќе голови од просекот.

Виљареал – Леванте | 1-1
По добриот настап против Бетис на крајот од старата година, Леванте без недоволно заздравениот Барди гостува кај „жолтата подморница“. Домаќините се големи фаворити против соседите и традицијата е во нивна полза. Тимот на Емери има големи шанси да ја почне годината со успех.

Спортинг – Брага | 1, 3+
Две офанзивни екипи играат меѓусебе на „Жозе Алвеладе“, а домаќинот има очајничка потреба од бодови. Спортинг е фаворит, но нема така цврста одбрана како што имаше пред неколку години, па можни се пресврти и голови од двете страни.

Штутгарт – РБ Лајпциг | 2
Полуфиналистот од Лигата на шампионите минатата сезона делуваше уморно и заврши само со реми во 2020 година. Сепак, десетдневната пауза добро им дојде на фудбалерите на Нагелсман, па очекувам да почнат во 2021 година со победа кај „швабите“ во Штутгарт.