Икарди опција за Анчелоти во зимскиот преоден рок

Реал Мадрид спрема изненадувачки трансфер во зимскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.

Имено Реал планира во јануари да ангажира замена за Бразилецот Винисиус Жуниор, а на листата желби е Мауро Икарди. Винициус се повреди и се очекува да паузира околу три месеци, па „кралевите“ мора да најдат негова замена.

Мауро Икарди ја оживеа кариерата во Галатсарај и Анчелоти верува дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Аргентинецот е врвен напаѓач со искуство во големи клубови, а Реал нема да треба да потроши голема сума за да го доведе во Мадрид.