Кој е најбараниот фудбалер на „Гугл“ во 2020. година?

Откако во 2019. година беше фудбалер кој најмногу пати беше пребаруван на „Гугл“, таа „титула“ и во 2020. година му припадна нему. Во прашање е Нејмар. Бразилецот настапува за ПСЖ и очигледно е помеѓу тројцата најпопуларни фудбалери на светот. Нејмар на „Гугл“ беше пребаруван во просек 482.636 пати за месец дена. Кој е втор? Кристијано Роналдо е зад Нејмар, но далеку, со 325.909 пребарувања месечно, а Лионел Меси е дури деветти.