Ларкин летово заминува од Анадолу Ефес

Шејн Ларкин оваа лето ќе може да избере нов клуб.

Според некои шпански медиуми, Анадолу Ефес се уште не му понудил продолжување на соработката и како што сега стојат работите актуелната сезона ќе му биде последна во дресот на турскиот клуб.

Се разбира, Ларкин не е загрижен за својата иднина. Играчот од негов калибар лесно ќе најде нов клуб, прашање е само дали ќе може да ја добие и платата што ја има во Ефес. Со околу 4.000.000 евра на годишно нови, тој е најплатениот кошаркар во Евролигата.

Според истите шпански медиуми, Ларкин има понуди од два евролигашки клуба, без да бидат наведени имињата на клубовите.