Манчестер Јунајтед му ја исплати отштетата од 7,5 милиони фунти на Солскјер

Од Манчестер Јунајтед објавуваат дека целосно е исплатена отштетата за поранешниот тренер Оле Гунар Солскјер и неговиот стручен штаб. 

Вкупниот исплатен износ е 9 милиони фунти, од кои на Норвежанецот ќе му припаднат 7,5 милиони фунти.

Солскјер доби отказ од тренерската позиција во Јунајтед во ноември 2021 година, после серијата на лоши резултати на клубот кои кулминираја со поразот од Ватфорд со 4:1.