Милан го сака Арда Ѓулер на позајмица

Реал Мадрид во летниот преоден рок ја победи конкуренцијата за турскиот талент, Арда Ѓулер од Фенербахче.

Неколку европски гиганти беа силно заинтересирани за „турскиот Меси“, а на крајот Реал ја доби битката за потписот и за 22 милиони евра го донесе во Мадрид.

Ѓулер го пропушти првиот дел од сезоната поради повреда, а во последно време покажа дека се работи за голем талент, но во Реал не може  да се избори  со големата конкуренција.

Интерес за него покажува Милан и сака да го доведе на лето на „Сан Сиро“.

Милан го сака на двегодишна позајмица со право на откуп, по принципот на Брахим Дијаз, а Реал е спремен да го пушти ако во договорот биде ставена бајбек клаузула.