Милинковиќ-Савиќ по само една година се враќа во Серија А

Како што пренесуваат дел од италијанските медиуми денеска, Јувентус ова лето би можел да го врати српскиот интернациналец Сергеј Милинковиќ-Савиќ во италијанскиот фудбал.

Савиќ по одличните години во дресот на Лацио изминатото лето во скап трансфер се пресели во Саудиска Арабија, но многу брзо би можел да се врати во Серија А.

Информациите на медиумите се дека Јувентус го сака како замена за Пол Погба на кого му вчера му беше потврдена суспензијата од четири години поради допинг.

И во минатото Савиќ се поврзуваше со Јувентус, изгледаше во еден момент дека има договор, но на крајот тој трансфер не се реализираше.

Српскиот репрезентативец продолжи со одличните игри и по трансферот во Саудиска Арабија.