Паркер одушевен од развојот на Никола Јокиќ

Никола Јокиќ тивко влезе во НБА и тоа како 41. пик на драфтот во
2015 година, но денеска асот на Денвер Нагетс е еден од најдобрите
играчи во лигата која е најдобра на светот.
Центарот од сезона во сезона игра се подобро, двапати дојде до
признанието најкорисен играч за да во претходната кампања го
оствари најголемиот успех, односно го предводеше Денвер го
исторски пехар во НБА.
Со ова Јокиќ ги замолчи и најголемите критичари, а во меѓувреме тој
продолжува да „грми“, испишува историја, а во исто време да добива
признанија од сите страни. Тони Паркер дефинитивно е еден од
најдобрите европски играчи кои настапувале во НБА, па и тој му се
поклони на српскиот репрезентативец.
„Мислев дека нема да трае, но секоја сезона тој игра добро и беше
МВП. Кога лани го освои шампионатот, за мене беше – тоа, ништо не
можеш да му кажеш. Кога зборувате за него сега, а зборувате за
најдобриот играч во Европа, тоа мора да биде тој“, порача Паркер кој
со Сан Антонио Спарс освои четири шампионски прстени.