Руските спортисти нема да ги бојкотираат Олимписките игри во Париз

И покрај низата несфатливи ограничувања кои ги добија руските
спортисти за настап на ЛОИ во Париз, Русија нема да ги „бојкотира“
Олимписките игри, изјави рускиот министер за спорт, Олег Матицин .
„Не смееме да се свртиме, да го затвориме, да го бојкотираме ова
движење“, рече министерот, мислејќи на Олимписките игри.


Изјавата ги отфрли повеќемесечните шпекулации за одговорот на
Русија на драстичните услови поставени од ИОК за учество на Русите
и Белорусите на Летните игри.
Не само што ИОК бара од спортистите од двете земји да се
натпреваруваат под неутрално знаме, туку додаде и невиден сет на
критериуми.

Така, руските и белоруските спортисти ќе можат да се натпреваруваат
само како поединци и само ако активно не ја поддржуваат руската
офанзива во Украина. Дополнително ќе треба да поминат и
квалификации.