Тиаго Мота ја менува Болоња за поголем клуб ова лето

Агентот на тренерот на Болоња, Тиаго Мота, Алесандро Канови проговори за можноста неговиот клиент да потпише договор со друг клуб ова лето.

„Потврдата за останувањето на Чаби Алонсо во Баер Леверкузен отвори неколку други важни кандидати за Ливерпул и Баерн Минхен. Тука е и Барселона. Сега ова се три интересни и многу добредојдени понуди. Во моментов, единствен факт е дека договорот на Мота со Болоња истекува. Дали ќе остане во Болоња? Не можам да кажам затоа што не преговарам со никого“, изјавил Канови.

Претходно беше објавено дека Тиаго Мота е еден од кандидатите да го замени Јирген Клоп во Ливерпул. Во исто време, во медиумите се појавија информации дека тренерот на Болоња е главен претендент за истата позиција во Јувентус доколку Масимилијано Алегри си замине.