Тухел ќе остане тренер на Баерн само ако го мине Лацио

Toмас Тухел остана на клупата на Баерн и по ремито со Фрајбург во петокот, меѓутоа прашање е дали ќе биде така ако не го елиминира Лацио во Лигата на шампионите.

Веќе е потврдено дека наредната сезона германскиот стратег нема да го води Баерн, но може да се случи да замине и порано ако резултатите на тимот не се подобрат. Германските медиуми пренесуваат дека ако Тухел биде елиминиран од Лацио во ЛШ веднаш ќе добие отказ.

Ќе потсетиме, во првиот натпревар Лацио го победи Баерн со 1-0 и сега во реваншот ќе ја брани предноста.

Најголема желба на Баерн за наследник на Тухел е Чаби Алонсо и во овој момент не изгледа дека има адекватна замена за Тухел, па токму и поради тоа Баерн претходно се одлучи да ги води до завршувањето на актуелната сезона.