Aлфонсо Дејвис се повреди пред дербито во Леверкузен

Левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис се повреди во 85. минута при победата од 3-1 над Борусија Менхенгладбах. Баварците потврдија дека дефанзивецот има повреда на страничните лигаменти на левото колено.

Клубот не откри колку долго ќе паузира канадскиот интернационалец, но според печатот во Германија, Алфонсо Дејвис речиси сигурно нема да му биде на располагање на Томас Тухел за битката против лидерот Баер Леверкузен во следното коло.

23-годишниот бек оваа сезона забележа 27 настапи за Баерн Минхен во сите натпреварувања. Притоа постигна еден гол и четири асистенции.