Фудбалерот на Арсенал, Седрик Соареш, има реална шанса до крајот на неделава да замине во редовите на Фулам.
31-годишниот играч на „топчиите“ досега имаше само едно појавување на теренот и тоа против Брајтон во третото коло на Карабао купот.
Медиумите во Англија велат дека единствен проблем за најавениот трансфер може да биде платата на Седрик од 26.000 фунти неделно бидејќи Фулам не може да си ја дозволи.
Милијардер од Саудиска Арабија плати 2,4 милиони евра за да го гледа дуелот на Роналдо и Меси
Францускиот весник Л`Екип пренесува дека бизнисмен од Саудиска Арабија платил 2,4 милиони евра за ВИП влезница за пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу Ол-стар екипата од Ријад и Париз Сен Жермен.
Овај натпревар воедно ќе биде и деби за Кристијано Роналдо пред публиката во Саудиска Арабија, после потписот за неговиот нов клуб Ал-Наср. Ревијалниот натпревар би можел да биде и последниот дуел на големите фудбалски звезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Износот платен за ВИП влезницата бил постигнат на наддавање, а целата сума ќе оди во хуманитарни цели.
Санчо им се врати на тренинзите, Јунајтед добива уште една офанзивна опција
Фудбалерот, Џејдон Санчо, кој досега тренираше индивидуално, од вчера им се приклучи на соиграчите во Манчестер Јунајтед.
22-годишниот фудбалер по рехабилитацијата во Холандија на која го испрати менаџерот, Тен Хаг, сега се врати во Англија. Тој бил активен на вчерашниот тренинг.
Санчо последниот меч го одигра изминатиот октомври против Челзи во рамките на 13. коло на Премиер лигата.
Јувентус доби нов директор
Фудбалскиот клуб Јувентус за нов претседател го назначи Џанлука Фереро, кој на оваа функција ќе го замени Андреа Ањели.
Ањели и целокупната управа на „бјанконерите“поднесе оставка кон крајот на ноември минатата година. Оставката беше поднесена поради судските обвиненија за можни финансиски проневери.
60-годишниот Фереро беше единствен кандидат за претседател, и тој беше номиниран од компанијата „Екор“, која е во сопственост на семејството Ањели, и која има контрола врз водењето на Јувентус.
Фереро ќе има задача да ја подобри спортската и финансиската ситуација во клубот, бидејќи Јувентус минатата година забележа загуба од 200 милиони евра.
Најбогатиот Британец и официјално влезе во трка за купување на Манчестер Јунајтед
Компанијата Инеос, која е во сопственост на британскиот милијардер Џим Ретклиф, и официјално влезе во трката за купување на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед.
Медиумите од Англија, шпекулираат дека Јунајтед би можел да го промени сопственикот до крајот на март оваа година.
Актуелните сопственици на англискиот фудбалски гигант, семејството Глејзер, во ноември минатата година објавија дека размислуваат за продажба на клубот.
Сарабија од ПСЖ се пресели во Вулверхемптон
Досегашниот играч на Париз Сен Жермен, Шпанецот Пабло Сарабија, својата кариера ќе ја продолжи во англиската Премиер лига, односно во Вулверхемптон.
30-годишниот Сарабија од трибините го следеше натпреварот на својот нов клуб против Ливерпул во ФА купот, а своето деби би можел да го има веќе во недела на гостувањето против Манчестер Сити.
Сарабија во Вулверхемптон повторно ќе соработува со тренерот Лопетеги, кој му беше негов тренер во Севиља и репрезентацијата на Шпанија до 19 години.
Надал го заврши учеството на Австралија опен
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да ја одбрани титулата на грен слем турнирот во Мелбурн, бидејќи доживеа пораз во второто коло од Американецот Мекдоналд со 3:0 во сетови.
Надал доживеа повреда во завршицата на вториот сет, после што имаше проблеми со движењето и трчањето, но сепак успеа да го заврши мечот.
„Ова е тежок момент за мене, но мора да ја прифатам реалноста и да продолжам понатаму. Размислував за предавање на дуелот поради повредата, но сакав да го завршам мечот и успеав во тоа“, истакна Надал.
Елмас првпат капитен на Наполи, но во пораз и елиминација од Купот на Италија
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас долго ќе ја памети вечерашната ноќ во која неговиот Наполи одигра натпревар од Купот на Италија против Кремонезе.
Елмас на оваа средба ја носеше капитенската лента, за прв пат на еден официјален натпревар за клубот, со што стана вториот најмлад капитен во историјата на Наполи, веднаш по Лоренцо Инсиње кој претходно долги години беше предводник од теренот на клубот од Неапол.
Она што ќе остави горчина кај Елмас и соиграчите од оваа средба е тоа што клубот доживеа неочекувана елиминација откако беше полош изведувач на пеналите, па сега избраниците на Лучијано Спалети ќе може целосно да се фокусираат кон настапите во Серија А и Лигата на шампионите.
Во регуларниот дел од средбата резултатот заврши 2-2, а стрелци на головите за двата тима беа Жуан Жезус и Џовани Симеоне за Наполи и Пикел и Афења Џиан за Кремонезе.
Лазаров: Можеби ова е нашата реалност
Ракометната репрезентација на Македонија, го доживеа и третиот убедлив пораз на Светското првенство. Екипата предводена од селекторот Кирил Лазаров беше немоќна во дуелот со Аргентина која издвојува победа со резултат 35:26.
Македонската селекција сега се сели во градот Плоцк каде ќе игра на Президент купот, и ќе разигрува за конечен пласман на првенството.
Селекторот на репрезентацијата, Кирил Лазаров, на официјалната прес-конференција после натпреварот со Аргентина , не го криеше незадоволството од прикажаната игра и конечниот резултат.
„Честитики до Аргентина на заслужената победа. Можеби ова е нашата реалност во моментов. Видовме дека Македонија со осум млади играчи, кои дебитираат на едно големо првенство, ќе мора многу да работи за да се подобри. Очекував дека е можно да имаме три порази, но не очекував дека ќе ги губиме натпреварите со толкава разлика. Не сум задоволен од прикажаните игри, и ќе мора да се подобриме ако сакаме да направиме нова генерација која ќе остварува добри резултати како поранешните играчи“, вели Лазаров.
Де Фрај налето се сели во Атлетико Мадрид?
Атлетико Мадрид е силно заинтересиран да го доведе
дефанзивецот на Интер, Стефан де Фрај.
30-годишниот Холанѓанец влезе во последната година од
договорот и одби да го продолжи договорот со Интер, па веќе е
слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Атлетико ја следи ситуацијата и наскоро ќе стапи во контакт со
неговиот агент и сака да го доведе на лето како слободен агент.
Симеоне е во потрага по искусен стопер и верува дека
Холанѓанецот ќе биде идеално засилување за тимот.
Меѓутоа, ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Де Врај
силен интерес покажува и Тотенхем.
Де Фрај оваа сезона падна во втор план и често е на клупата за
резерви, па Интер одлучи да не испраќа нова понуда за
продолжување на соработката.