feature

Џерет Ален влета на местото на Џејмс Харден на викендот на сите ѕвезди

Центарот на Кливленд, Џерет Ален, ќе биде замена за повредениот Џејмс Харден на „Ол-старот“  дуелот во кошаркарската НБА конкуренција.

Тој досега одигра 49 натпревари и направи просек од  16,2 поени, 11,1 скока и 1,8 асистенции.

Ален ќе биде дел од тимот на Леброн Џејмс. Мечот на ѕвездите ќе биде одигран наредниот викенд во Кливленд.


Дејан Манасаков заминува од Веспрем

Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, после завршувањето на сезоната ќе го напушти неговиот актуелен клуб Веспрем.

Од таборот на унгарскиот тим ја објавија информацијата дека нема да го продолжат договорот со Манасков. Тој во Веспрем пристигна во 2017 година од тимот на Рајн Некар. Поради тешката повреда на лигаментите од коленото, Манасков веќе подолг период е надвор од теренот и не настапи за македонската селекција на Европското првенство.


Барса има нова трансфер-желба, ќе испрати понуда за Набил Фекир

Барселона покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Бетис, Набил Фекир, пренесуваат каталонските медиуми.

28-годишниот Французин игра одлично веќе неколку сезони во Примера и Чави смета дека перфектно ќе се вклопи во неговиот стил на игра. Фекир има откупна клаузула од 60 милиони евра, но Лапорта ќе се обиде да ја намали таа сума преку преговори.

Оваа сезона Фекир одигра 29 меча за Бетис и на кои постигна 7 гола и запиша 7 асистенции.

Самиот играч го известил раководството дека сака да се пресели на „Камп Ноу“, но Бетис нема да го пушти за помалку од 40 милиони евра.


Гвардиола: Нема да работам уште долго, не се гледам како Алекс Фергусон

Пеп Гвардиола веќе шеста сезона е на кормилото на Манчестер Сити, а неговиот договор му истекува во јуни 2023 година. Иако се уште не е јасна неговата иднина, сепак Гвардиола напомена дека нема уште долго да остане на клупата на „граѓаните“.

„Дали би осатанал тука 10-15 години? Нема да станам како Алекс Фергусон, не грижете се“, изјави Гвардиола пред новинарите.

„Година и половина до истекот на мојот договор е многу време во фудбалот. Во моментов има хармонија во клубот, победивме на 18 во последните 20 меча. Понекогаш некои фудбалери кои играат малку не се среќни, но сите останати се задиволни. Во крајна линија во фудбалот е важно дали победуваш или губиш“, изјави Пеп.


Интер го осигура Скамака за следната сезона

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ тврди дека главна трансфер цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде Џанлука Скамака од Сасуоло.

„Нероаѕурите“ се во потрага по напаѓач бидејќи Џеко е на залез на кариера, па Скамака е првиот избор на раководството.

Сасуоло за својот напаѓач бара 40 милиони евра, меѓутоа Скамака е желба на повеќе клубови, но според најавите Интер е во пол-позиција.

Весникот тврди дека напаѓачот веќе има договор со Интер и поради тоа ја одбил понудата од Борусија Дортмунд.


УЕФА ќе дели бесплатни билети за финалните натпревари на евро-куповите

Во знак на благодарност на навивачите за нивната поддршка во текот на пандемијата на коронавирусот, УЕФА ќе им додели 30.000 влезници за овогодишните финалните натпревари во клупските натпреварувања, објави денеска нејзиниот претседател Александар Чеферин.

Согласно одлуката, финалистите во Лигата на шампиони ќе добијат по 5.000 бесплатни влезници за своите навивачи, финалистите во Лига Европа по 4.000, додека екипите, кои ќе играат во финалето во третото по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на конференции, ќе добијат од УЕФА по 3.000 бесплатни влезници.

Екипите овие билети нема да смеат да ги прераспределат на своите спонзори или членови на клупските раководства.

„Фудбалските навивачитсе крвотокот на нашата игра и сметаме дека би било убаво да ги наградиме за сите проблеми со кои се соочија изминатите две години и, наспроти сè, изнајдоа начин да ги поддржат своите клубови“, изјави претседателот на УЕФА, Чеферин.

Загубите на европските фудбалски екипи поради пандемијата на ковид-19 се проценуваат на околу седум милијарди евра.


Салернитана му врачи отказ на тренерот Колантуоно

Фудбалскиот клуб Салернитана официјално го отпушти својот тренер Стефано Колантуоно. 59-годишниот стручњак не успеа сериозно да ги подобри игрите и перформансите на тимот. Тој ја предводеше екипата на 15 натпревари, забележувајќи само 2 победи, 3 нерешени и 10 порази.

Во моментов фаворит за негов заменик е Андреа Пирло. 42-годишниот тренер остана без работа откако се раздели со Јувентус каде дебитираше како тренер, но не успеа да постигне голем успех. Пирло е подготвен да потпише долгорочен договор со Салернитана и да го води тимот дури и ако испадне во Серија Б. Преговорите меѓу двете страни, а подетални информации се очекуваат во наредните денови.


Почина на 32 годишна возраст, само еден ден по натпреварот кој го одигра за својот клуб

Џенан Челигија,  еден од најдобрите  босански футсал играчи почина во понеделникот .

На 32-годишна возраст, еден ден по натпреварот кој го одигра за својот клуб Коњиќ, на кој постигна гол се случи вистиснска трагедија . Навидум се` изгледаше дека е во ред тој се смееше со соиграчите, никој не претпоставуваше дека ќе дојде до оваа.
Пријателите, роднините и спортските тимови со тажни најави се простуваат од Челигија.


УЕФА ги одреди судиите, Орсато ќе го води дуелот ПСЖ – Реал

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална веб-страница ги објави судиите кои се определени да судат на натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите, кои ќе се одиграат во среда, на 16 февруари.

За натпреварот помеѓу Интер и Ливерпул е одреден судиски тим од Полска. Главен судија е Шимон Марчињак. Натпреварот РБ Салцбург – Баерн ќе го суди англиски судиски тим предводен од Мајкл Оливер.

Претходно беше јасно  кои судии ќе бидат на центарот на натпреварите кои се ираат утре, вторник 15.февруари. Во Лисабон на мечот Спортинг – Манчестер ќе суди Срѓан Јовановиќ од Србија, додека мечот меѓу ПСЖ и Реал Мадрид му припадна на Даниеле Орсато од Италија. Сите средби се играат во терминот од 21:00 часот.


Борец од Велес се засили со фудбалер од Мексико

Фудбалскиот клуб Борец, потврди дека се засили со играч кој пристигна од Мексико. Станува збор за Омар Новело кој ќе настапува на средината од теренот.

24-годишниот Новело  доаѓа од тимот на Оаксака од Мексико, а претходно настапувал за У-20 тимовите ФК Америка и ФК Венадос.