feature

Алегри: Заслуживме ваков пораз, Наполи целосно го надигра мојот тим

FILE PHOTO: Soccer Football – Friendly – Arsenal v Juventus – Emirates Stadium, London, Britain – December 17, 2022 Juventus coach Massimiliano Allegri reacts Action Images via Reuters/John Sibley

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не можеше да не ја
признае супериорноста на Наполи на синоќешното дерби од
Серија А. Неговите фудбалери загубија со 5-1 на стадионот
„Диего Армандо Марадона“ и веќе заостануваат 10 бода зад
лидерот и фаворит за титулата.
„Нашиот противник одигра одличен натпревар. Немавме енергија
да возвратиме. Во нашиот најдобар период од натпреварот
губевме со 2:0. Ова е фудбал. Вакви натпревари се случуваат
еднаш годишно. Треба што побрзо да се опоравиме бидејќи има
уште многу натпревари. Изгледаше дека можеме да постигнеме
гол во секој момент. Поразот е заслужен. Кога грешиш на вакви
дерби средби, тешко е да останеш неказнет“, призна Алегри.


Јуве тргнува во Матео Ковачиќ

Од таборот на Јувентус биле сериозно заинтересирани во
јануарскиот преоден рок да донесат фудбалер на Челзи.
Станува збор за фудбалерот од средниот ред на „сините“, Матео
Ковачиќ кој има искуство со играње во Серија А затоа што
претходно го носеше и дресот на Интер.
Тренерот на Челзи, Грем Потер сакал да го задржи Денис
Закарија во своите редови, по неколкуте одлични изданија на
играчот кој е под договор со Јувентус, а настапува во Лондон како
позајмен фудбалер.
Според медиумот, Челзи бил подготвен да го отстапи Ковачиќ на
Јувентус, доколку италијанскиот клуб во зделката го вклучи и
Денис Закарија, а притоа доплати уште 20 милиони евра, со што
би се достигнала откупната цена на хрватскиот репрезентативец.


Руи Коста донесе двајца млади скандинавски фудбалери во Бенфика

Португалска Бенфика е еден од европските клубови кои прави
голем профит со својата трансфер стратегија, користејќи го својот
тим скаути за подоцна да ги продава идните ѕвезди во
мултимилионски трансфери.
Лисабонскиот состав секоја сезона заработува сериозни пари од
продажбата на дел од своите најдобри играчи, а во иднина такво
нешто ќе очекува и од двајца талентирани скандинавски
фудбалери.

Бенфика реши да инвестира во данскиот фудбалер Каспер
Тенгштед, односно во талентираниот Норвежанец Андреас
Шелдеруп.
Тенгштед ќе му донесе 9,5 милиони евра на актуелниот клуб
Розенборг, додека за Шелдеруп ќе бидат платени 14 милиони
евра на дански Нордсјеланд.
Скандинавските таленти (18 и 22 години) потпишале договори до
2028 година.


Ван де Бек пак се повреди, нема да игра до крајот на сезоната

Манчестер Јунајтед веќе потврди преку менаџерот Ерик тен Хаг
дека Дони ван ден Бек нема да настапува до крајот на сезоната, а
причина е посериозна повреда на коленото која барала
оперативен зафат.
Холандскиот фудбалер нема да се врати на терените пред
почетокот на следната сезона, а дотогаш му следува долг процес
на рехабилитација.
Вечерва и самиот Ван де Бек преку социјалните мрежи испрати
порака до фановите.
„Навистина сум разочаран што сезоната е завршена за мене. По
успешната операција, време е да ја почнам рехабилитацијата и ќе
направам се за да се вратам посилен за овој клуб“, напиша
Холанѓанецот, кој не заборави да се заблагодари за многуте
пораки со поддршка.


Ренар демантира дека ќе ја преземе селекцијата на Белгија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Ерве Ренар, ги демантира шпекулациите дека ќе биде нов селектор на Белгија.

Репрезентацијата на Белгија остана без селектор откако Роберто Мартинез поднесе оставка после елиминацијата во групната фаза на Мундијалот во Катар. Тој во меѓувреме стана селектор на Португалија.

Фудбалскиот сојуз на Белгија неодамна објави оглас за избор на нов селектор, но се уште не е познато кој ќе го преземе водењето со селекцијата. 

Како еден од кандидатите кои се споменуваше за нов селектор е и Ренар кој ја демантираше веста дека е во игра за оваа функција. 54- годишниот Ренар во кариерата ги има водено Замбија, Ангола, Брегот на Слоновата коска и Мароко.


Голманот на Порто е прв пик за замена за Нојер

Голманот на Порто, Диого Коста би можел да се пресели во Бундеслигата.

Според новинарот Бруно Андраде, за играчот е заинтересиран Баерн, кој сака да се засили на голманската позиција во јануари, но е подготвен да почека и до лето доколку има потреба.

Договорот на португалскиот репрезентативец со неговиот клуб е со важност до 2027 година, а сумата за раскинување на соработката е 75 милиони евра. На СП 2022 во Катар, Диого беше прв голман на Португалија и играше на сите 5 натпревари.


Рома по секоја цена сака да го задржи Смолинг

Спортскиот директор на Рома, Тијаго Пинто изрази уверување дека
клубот ќе го продолжи договорот со дефанзивецот Крис Смолинг.
„Работиме на услови кои ќе одговараат на сите. Крис е важен за
клубот. Тој сака да продолжи да игра за нас, а ние сакаме тој да
остане“, изјави Пинто за „Фудбал Италија“.
Смолинг е во Рома од октомври 2020 година. Во сезоната 2022/23 тој
постигна три гола на 23 натпревари за тимот.
Договорот на 33-годишниот Англичанец со Римјаните е со важност до
крајот на јуни 2023 година.


Роналдо го посети тренингот на Реал Мадрид

Кристијано Роналдо издвои време и го посети тренингот на својот поранешен клуб Реал Мадрид, пред финалниот дуел од шпанскиот Супер куп против Барселона во Саудиска Арабија.

Роналдо кој после потпишувањето за Ал Наср веќе се пресели во Саудиска Арабија, не можеше да ја пропушти можноста да се види со некои свои бивши соиграчи од Реал, како и со италијанскиот стратег Карло Анчелоти. Роналдо помина девет сезони во „Кралскиот клуб“ каде оствари огромни успеси на клупски план.


Синот на легендата Роналдињо доаѓа во Ла Масија

Барселона го донесе на проба синот на легендарниот Роналдињо,
Жоао де Асис Мореира.
Талентираниот фудбалер има 18 години и игра како офанзивен
фудбалер. Тој го раскина договорот и ќе се обиде да се наметне
во Барселона, каде неговиот татко ги постигна најголемите
успеси.

Жоао е единствен наследник на Роналдињо, од бракот со
Жанаина кој беше склопен в0 2004 година, а година подоца го
доби синот. Доколку ги задоволи тренерите на Барселона ќе му
биде понудн договор до 2025 година и ќе остане во „Ла Масија“.


Бенџамин Менди ослободен од обвинувањата за силување

Бенџамин Менди, сега веќе поранешниот играч на Манчестер
Сити е прогласен за невин.
Против Менди имаше шест обвинувања за cилyвање, меѓутоа на
крајот тој доби ослободителна пресуда. Менди извесен период
помина во пpитвор и во овој момент има 28 години, а веќе две
години се бори да добие ослободителна пресуда.
Заедно со Менди прогласен за невин е и неговиот пријател 48-
годишниот Луис Саха Матир кој беше обвинет за cилyвање на две
тинејџерки.