feature

Меси се израмни со Роналдо

Аргентинецот Лионел Меси повторно заигра за својот клуб Париз Сен Жермен, после освојувањето на светската титула со својата репрезентација. Меси беше стрелец на гол во победата на ПСЖ од 2:0 над Анже. 

За најдобриот фудбалер на Мундијалот во Катар, овај гол беше 696 кој го постигнал за екипи од петте најдобри лиги. Со оваа бројка, Меси се изедначи со Кристијано Роналдо.

Меси во кариерата има постигнато 672 гола во дресот на Барселона, а 24 за ПСЖ. Роналдо има дадено 145 гола за Манчестер Јунајтед, 450 за Реал Мадрид, и 101 во дресот на Јувентус.


Вегхорст пристигнува во Јунајтед

Холандскиот напаѓач Вут Вегхорст постигна договор со Манчестер Јунајтед каде ќе настапува како позајмен играч на Барнли. Оваа вест ја објави познатиот спортски новинар Фабрицио Романо.

Манчестер Јунајтед ја презеде обрската да му исплати обештетување од три милиони евра на Бешикташ, каде Вегхорст играше на позајмица.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, ги забележа добрите игри на Вегхорст во дресот на Бешикташ и во националниот тим на СП во Катар, после што се одлучи на негов ангажман до крајот на сезоната.


Астон Вила се засили со Морено од Бетис

Англискиот премиерлигаш Астон Вила преку својот Твитер профил потврди дека во своите редови го доведе фудбалерот Алекс Морено.

Морено во клубот од Бирмингем доаѓа од Бетис, и неговиот трансфер изнесува 15 милиони евра фиксно, плус два милиони евра со дополнителни бонуси.

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, уште од самото доаѓање на клупата на англискиот клуб, инсистирал да се доведе офанзивен лев бек, а Шпанецот Морено му беше прва желба.


Жоао Феликс пристигна на позајмица во Челзи

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и португалски репрезентативец, Жоао Феликс, до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Челзи.

Пред да пристигне во Челзи, Жоао Феликс го продолжи договорот со клубот од Мадрид до јуни 2027. година.

„Челзи е еден од најголемите светски клубови, и се надевам дека ќе му помогнам на екипата да ги исполни своите цели. Среќен сум и многу возбуден што ќе играм на Стемфорд Бриџ“, истакна Феликс.

23-годишниот Португалец својата кариера ја започна во Бенфика, а во Атлетико Мадрид пристигна во 2019.година. За репрезентацијата на Португалија има одиграно 28 натпревари.


Депај ќе биде замената за Жоао Феликс во Атлетико Мадрид?

Атлетико Мадрид денес се раздели со Жоао Феликс, кој замина во Челзи на позајмица со крајот на сезоната.

„Јорганџиите“ сега се во потрага по нов офанзивен фудбалер како негова замена, а прво име на списокот е Мемфис Депај од Барселона. Депај е во втор план па сака да ја промени средината, а и Барселона сака да го продаде во јануари бидејќи на крајот на сезоната ќе замине без обештетување.

Барселона сака да го пушти во јануари и за неговата слобода бара само два милиони евра, а Атлетико Мадрид е спремен да ја искористи ситуацијата.

Интерес за Холаѓанецот покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата, но Атлетико сака да ја победи конкуренцијата.


Џерард ја презема полската репрезентација?

Репрезентацијата на Полска беше една од оние што останаа без селектор по завршувањето на Светското првенство, а сега со клупата на оваа репрезентација се поврзува Стивен Џерард.

Чеслав Михниевич не доби продолжување на договорот иако стигна до нокаут-фазата. Тој беше критикуван за премногу дефанзивната тактика со која игра и поради која до израз не може да дојде голгетер како Левандовски.

Од друга страна Џерард е без ангажман откако доби отказ во Астон Вила во октомври. Информациите се дека Полјаците веќе ги оствариле првите контакти. Се очекува да има нова средба на која ќе се види колку Џерард е блиску да стане селектор на Полска.

Ако се оди во добра насока Џерард би можел да биде промовиран во нов селектор на Полска до крајот на месецот.


ПСЖ подготвува нов мега договор за Меси

Шпанска „Марка“ објавува дека таткото на Лео Меси, Хорхе, кој воедно е и негов менаџер,  наводно дал согласност за продолжување на договорот на најдобриот светски фудбалер со Париз Сен Жермен. Актуелниот договор на Меси со клубот од Париз истекува на крајот од сезоната.

Според информациите на „ Марка“, челниците на ПСЖ подготвиле мега понуда за Меси, за која сметаат дека ќе биде невозможно да биде одбиена од Аргентинецот. 

Лео Меси во последните свои изјави вели дека се чувствува среќен во Париз и дека неговото семејство нема против да го продолжи својот престој во главниот град на Франција.


Манчестер Јунајтед ќе избира помеѓу три кандидати за напаѓач ова лето

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед изготвил кратка листа со три напаѓачи од кои ќе треба да избере едно име кое ќе го засили тимот во летниот преоден рок.

Во моментот раководството на Јунајтед работи на доведување на холандскиот голгетер Вут Вегхорст кој настапува за Бешикташ како позајмен фудбалер на Барнли. Вегхорст се очекува да биде привремена замена за голгетерското место во екипата кое остана празно после заминувањето на Кристијано Роналдо.

Информациите велат дека тренерот и управата на клубот од „Олд Трафорд“ разгледуваат три имиња кои би биле можни засилувања за нападот во тимот за летниот период. Тоа се напаѓачот од Наполи, Виктор Осимен, Бенџамин Шешко од РБ Лајпциг и капитенот на Англија и Тотенхем, Хари Кејн.


Ливерпул се интересира за Копмајнерс од Аталанта

Теун Копмајнерс прераснува во најголемата ѕвезда на Аталанта и неговиот голгетерски ритам не останува незабележан од пошироката спортска јавност, што прави да има интерес за неговите услуги и од најбогатата лига во светот.

Холанѓанецот вчера постигна нова фантастичен гол против Болоња и го најави пресвртот на својот тим, па како нова голем фудбалски миленик во Бергамо, сега успеа да ги смири тифозфите.

Копмајнерс вели дека е почестен од интересот кој го пројавил фудбалски великан како Ливерпул, но во моментов не размислува и не планира да си замине од Аталанта.

„Ги видов вестите и гласните кои ме поврзуваат со Ливерпул. Навистина е убаво да се слушне тоа и почестен сум, но јас максимално сум посветен и фокусиран на Аталанта. Пресреќен сум што сум тука и што играм за Аталанта“, изјави Копмајнерс.


Обамејанг се враќа во Шпанија оваа зима

Напаѓачот на лондонски Челзи, Пјер-Емерик Обамејанг, кој неодамна се пресели во таборот на лондончани, може да ја промени клупската средина во овој преоден рок.

Според „Дејли Мејл“, неколку шпански клубови се заинтересирани за 33-годишниот фудбалер, а трансферот на Жоао Феликс би можел значително да ги намали шансите на Габонецот да влезе во стартниот тим и да има значително влијание за евентуален преселба.

Исто така е јасно дека меѓу овие тимови е и Атлетико Мадрид, што би можело да значи потенцијална размена на играчи меѓу клубовите. Да потсетиме дека Обамејанг пред оваа сезона се пресели во Челзи од Барселона. Пјер-Емерик  Обамејанг има 15 настапи за лондончани во сите натпреварувања и постигна три гола.