feature

Федерер првпат по две децении испадна од ТОП 20 на АТП листата

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е на 30. место на АТП листата. Федерер оваа недела падна за дури 13 позиции и од 17. место сега е на 30. позиција.

За прв пат по 21 година Федерер испадна од Топ 20. Поминаа две децении откако Федерер беше надвор од Топ 20.

Последен пат кога тоа се случи беше на 8 јануари 2001 година, а следната недела ќе испадне од Топ 30.

Тоа ќе биде првпат да излезе од Топ 30 по 22 години


Војдан се врати во МЗТ Скопје, шампионот доби големо засилување

Големо засилување за МЗТ Скопје – потпишаа со Војдан Стојановски!

Војдан Стојановски во МЗТ Скопје ќе настапува заедно со неговиот брат Дамјан и во клубот очекуваат да биде еден од клучните играчи во одбраната на титулата во домашното првенство, но промоција во јадранската лига преку АБА2 лигата.

За Војдан Стојановски ова ќе биде враќање во македонската клупска кошарка по повеќе од една деценија, со оглед што интернационалната авантура ја почна во 2011 година, кога замина за Украина.

Од тогашниот настап за Черкасеи мавпи, македонскиот репрезентацивец настапуваше за Доњецк, Алба Берлин, Андора, Реал Бетис, Бујукчекмече, Олденбург, По Ортез и Гравелин. Кариерата ја почна во Вардар, а има играно уште и за АМА-СП, Напредак Крушевац и за Фени Индустри.

Договорот на Војдан е до крајот на сезоната, со можност за евентуално понатамошно продолжување на соработката ако двете страни најдат заеднички јазик по одигрувањето на последниот меч.


Владимир Димитровски потпиша за исландски Гриндавик

Во последниот ден од преодниот рок македонскиот фудбалер Владимир Димитровски направи трансфер во Исланд.

Овој трансфер привлекува внимание затоа што е реткост македонски фудбалери да прават трансфери во оваа земја. 33-годишниот Димитровски ќе настапува за тимот на Гриндавик.

Димитровски беше слободен агент и веќе одигра два натпревари за овој клуб во подготвителниот период.

Претходниот ангажман го имаше во Грузија каде што го носеше дресот на Телави, а во кариерата играше уште за Докса, Керкира, Кроација Сесвете, Теплице, Карабах…Во Македонија настапуваше за Работнички, Вардар, Металург и Цементарница 55.


Официјално: Деле Али е нов играч на Евертон

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Деле Али, и официјално е нов играч на Евертон. 

Репрезентативецот на Англија потпиша 2,5 годишен договор  со „карамелите“ од Ливерпул. Целиот трансфер доцнеше поради проблеми со обработката на податоците, но на крајот беше исполнета желбата на новиот тренер на Евертон, Френк Лампард.

„Исклучително сум среќен што потпишав за клуб кој има богата историја и многу навивачи. Едвај чекам да дебитирам за мојот нов тим. Возбуден сум што ќе можам да работам под водство на Френк Лампард“, изјави Али после потписот на договорот.


Дел Потро се враќа на тениските терени

Аргентинскиот тенисер, Хуан Мартин дел Потро, ги прифати понудените вајлд-карти за настап на тениските турнири Аргентина опен во Буенос Аирес и Рио Опен во Бразил.

Со овој потег популарниот Делпо и официјално се враќа на тениските терени после неколку годишна пауза поради повреда.

Дел Потро е поранешен трет тенисер во светот и овие настапи ќе бидат први за него после 2019 година кога играше на турнирот Квинс во Лондон.

33-годишниот Аргентинец се опоравуваше од извршените опреации на десното колено кои сега се минато и тој е подготвен за следен чекор во кариерата. 


Официјално: Арон Ремзи е играч на Глазгов Ренџерс

Играчот од средниот ред на Јувентус, Арон Ремзи и официјално е нов член на Глазгов Ренџерс. 

31-годишниот Велшанец ќе се пресели во клубот од Шкотска како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција за откуп.

„Навистина сум среќен што сум дел од клуб како Ренџерс. Толку многу работи можат да се случат од сега до мај. Имав многу понуди, но ниту една од нив не можеше да се спореди со оваа. Овде сум како дома и секој недела да можам да излезам и да играм пред 50.000 гледачи на стадионот“, рече Ремзи после презентацијата во новиот клуб.


Трансферот е реалност: Обамејанг е нов член на Барселона

Пјер-Емерик Обамејанг е нов играч на Барселона, потврди специјалистот за трансфери, новинарот Фабрицио Романо. 

Двете страни успеаја да постигнат договор за трансфер на Обамејанг кој како слободен играч прејде во Барселона во последните минути од јануарскиот преоден рок.

Договорот помина низ многу потешкотии, но на крајот играчот од Габон ги помина лекарските прегледи на Ноу Камп и сега е дел од Барса. 

Самиот играч направи сериозен компромис, бидејќи прифати драстично намалување на платата која ја добиваше играјќи за Арсенал.


Романецот Михаила потпиша за Аталанта

Италијанскиот фудбалски состав, Аталанта, се пофали на социјалните мрежи дека е склучен договор за ангажман на играчот од средниот ред на Парма, Валентин Михаила.

21-годишниот фудбалер ги напушти „млекарите“ и замина на позајмица до крајот на сезоната. Екипата од Бергамо ќе има опција да го откупи неговиот договор во текот на летото.
.


Џонс ја одби понудата на француски Бордо

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Фил Џонс се предомислил и не сака да му се приклучи на Бордо на позајмица до крајот на сезоната.

Претходно, клубовите веќе се договорија за соработката, но 29-годишниот Англичанец на крајот одбил да ја продолжи кариерата во францускиот клуб.

Џонс е под договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2023 година и по се изгледа ќе остане да ја грее клупата на „Олд Трафорд“.


Талентот на Шкендија, Дашмир Елези заминува во Фенербахче

Турските медиуми ја објавија веста дека гигантот Фенербахче го договорил трансферот за 17-годишниот екстра талент на Шкендија, Дашмир Елези.

Според информациите, Фенербахче веќе подолг период покажува интерес за Елези, и сега конечно е донесена одлуката за негово доведување во великанот од Истанбул. 

Пред конечна реализација на трансферот се чека само на формата и опциите за потписот кои се дозволени од ФИФА со оглед на возраста на фудбалерот, односно фактот што тој сеуште не е полнолетен.