feature

Анчелоти: Не можам да замислам дека Крос ќе престане да игра на 32 години

MADRID, SPAIN – OCTOBER 22: Toni Kroos of Real Madrid looks on during the LaLiga Santander match between Real Madrid CF and Sevilla FC at Estadio Santiago Bernabeu on October 22, 2022 in Madrid, Spain. (Photo by Denis Doyle/Getty Images)

Тони Крос влезе во завршните месеци од договорот со Реал Мадрид, клуб на кој верно му служи скоро една деценија или поточно од 2014 година.

Играчот за врска освои се што можеше со „кралевите“, испиша историја со овој тим, но самиот тој пред неколку месеци најави дека може да замине и во фудбалска пензија кога ќе му заврши договорот.

Крос има само 32 години ( ќе го прослави 33 на 4 јнуари) што секако би било големо изненадување ако се реши за таков потег, па околу оваа тема краток коментар имаше тренерот Карло Анчелоти.

„Мислам дека Крос е јасен околу тоа и ќе му биде јасно наредниот месец. Како навивач, невозможно е да се замисли дека ќе престане да игра. Тој изјави дека сака да ја заврши кариерата во Мадрид и се надевам дека ќе може да продолжи“, рече Карло пред дуелот со Касерено во Куои.


Блан го носи Дејан Ловрен во дресот на Лион

Дејан Ловрен ќе ги напушти редовите на Зенит од Санкт Петерсбург и ќе се врати во редовите на францускиот прволигаш Лион, објави весникот Л’Екип.

Според весникот, францускиот стратег Лоран Блан, кој во октомври седна на клупата на Лион, настојува да го засили својот тим со „играч со дух, карактер и агресивност“ и негов избор е токму Ловрен.

Угледниот француски весник наведува дека трансферот наскоро треба да биде финализиран, а 33-годишниотѕ Ловрен, наводно, ќе ги минал и задолжителните медицински прегледи.

Ловрен со рускиот прволигаш Зенит има важечки договор до крајот на сезоната.

Хрватот го носеше дресот на Лион од 2010 до 2013 година, по што настапуваше за Саутемптон и Ливерпул, а во Русија се пресели во 2020 година.


Лидс Јунајтед го објави најновото засилување

Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед, објави дека потпиша договор со фудбалерот на Ред Бул Салцбург, Макс Вебер.

Од клубот не ја објавија висината на трансферот, но според медиумите од Островот, тој изнесува околу 11 милиони фунти. Со договорот,24-годишниот дефанзивец ќе остане во Лидс до летото 2027 година.

Вебер е репрезентативец на Австрија кој во националниот дрес има одиграно 13 натпревари.


Румениге: Основна цел на Баерн е годинава да ги избегнеме повредите

Баерн Минхен доживеа голем удар поради повредата на Мануел Нојер, која голманот ја заработи по крајот на настапот во Катар, а некогашниот прв оперативец Карл Хајнц Румениге во својата новогодишна желба се фокусирал токму на овој сегмент.

Во празничното интервју Румениге зборувал за она што го чека Баерн во 2023 година, а тој посакал само избегнување повреди на фудбалерите на баварскиот тим.

„За Нова година посакувам да немаме веќе повреди. Следува натпревар со ПСЖ, на кој противници ќе ни бидат двајцата најдобри фудбалери од СП. Меси го освои трофејот кој му недостасуваше, Мбапе беше најдобар реализатор, тие имаат неверојатен офанзивен потенцијал. Во моментов сме во добра позиција во Бундеслигата, но имаме важни амбиции и во Лигата на шампионите“, изјави Румениге.


Њукасл нуди богатсво за јануарски потпис на Заниоло

Фудбалерот на Рома, Николо Заниоло, веројатно ќе добие понуда да се пресели во Премиер-лигата, најавија денеска медиумите во Италија.

Наводно, првите луѓе на Њукасл се подготвени да платат 50 милиони евра за потписот на одличниот играч.

23-годишниот фудбалер има договор со Рома до 2024 година а преговорите за продолжување на соработката пропаднаа.


Халанд: Во Сити го поправив моето тело

Ерлинг Халанд ја игра првата сезона во дресот на Манчестер Сити, но изгледа како да е со години во ова екипа ако се погледнат неговите настапи и придонесот што го има за клубот во досегашниот дел на натпреварувачката 2022/2023.

Тој веќе има дадено 20 голови во Премиер лигата, учинок кој е навистина страшен со оглед на тоа што ова го направи на 14 мечеви со што испиша нов рекорд. Важна улога во ова негово „шоу“ имаат неговите соиграчи кои му помагаат на сите начини, меѓутоа според Норвежанецот не смеат да се заборават ниту лекари, медицинскиот тим на „граѓаните“.

„Првиот дел од сезоната е фантастичен за мене – опкружен сум со исклучителни соиграчи, уживам во работата со Гвардиола. Не се само тренерите и играчите – лекарите ми помогнаа многу да го поправам моето тело. Имав мали проблеми, сега се чувствувам подобро. Задоволство е да се работи со сите во клубот, се трудам да се подобрам. Сè уште сум млад и сакам да станам уште подобар. Отидов на одмор за време на Мундијалот, спремен сум за продолжението од кампањата“, порача Халанд.


Тен Хаг јавно побара засилувања оваа зима

Tренерот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг пред последниот меч во годината јасно кажа на која позиција му треба засилување.

„Ѓаволите“ останаа со еден напаѓач помалку по заминувањето на Кристиано Роналдо, а Тен Хаг истакна дека му се потребни само добри фудбалери.

„Потребни ни се добри фудбалери, а не само тие кои ги имаме. Сакаме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот за да може да имаме различни решенија. Бараме вистинско засилување за нападот“, кажа Тен Хаг.

Премиерлигашот има ограничен буџет во моментов затоа што потроши 220 милиони фунти, па се шпекулира во јануари ќе бара само засилувања на позајмица.


Путељас и Дуплантис се најдобри спортисти во Европа

Фудбалерката од Шпанија, Алексија Путељас, и шведскиот скокач со стап, Арманд Дуплантис, се избрани за најдобри европски спортисти за 2022 година, според европското одделение на Меѓународното здружение на спортски новинари.

Путељас во изборот се пласира пред италијанската скијачка, Федерика Брињоне, и англиската фудбалерка, Бет Мид. 

23-годишниот Швеѓанец Дуплантис, наградата за најдобар спортист ја доби за прв пат во својата кариера, а најголеми конкуренти во изборот му беа напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема кој го освои второто место, а трет беше играч на ПСЖ, Килијан Мбапе.


Рекорден награден фонд на Австралија Опен

Директорот на тенискиот гренд слем турнир Австралија опен, објави дека вкупниот награден фонд оваа година ќе изнесува рекордни 76,5 милиони австралиски долари.

Наградниот фонд е зголемен за 3,4 % во однос на претходниот турнир. Победниците во машки и женски сингл на Австралија опен 2023 година ќе освојат по 2,9 милиони австралиски долари.

На турнирот се зголемува и наградниот фонд за секое коло од квалификациите па се до финалето. Посебно се зголемува наградниот фонд за првото коло на турнирот.

Австралија опен ќе биде одржан од 16.до 29. јануари во Мелбурн, а титулата ја брани Рафаел Надал.


Сити договори уште еден Аргентинец, доаѓа Пероне од Велез Сарсфилд

Манчестер Сити го обезбеди потписот на уште еден аргентински талент, фудбалерот на Велез Сарсфилд, Максимо Пероне.

19-годишниот Пероне е играч од средниот ред, кој честопати беше споредуван со Френки де Јонг од Барселона и Федерико Валверде од Реал Мадрид, поради неговата игра и квалитети.

Многу европски гиганти покажуваа интерес за неговиот потпис, но Сити ја победи конкуренцијата и за трансферот ќе плати 7 милиони фунти.

„Граѓаните“ го следат аргентинскиот фудбал, од каде го доведоа Хулијан Алварез, кој стана хит на Мундијалот и неговата цена порасна неколкукратно.