feature

Вест Хем со понуди за најдобрите играчи на Лидс Јунајтед

Од таборот на Вест Хем по се изгледа дека сериозно планираат да атакуваат на пласман во Лигата на шампиони оваа сезона. За таа цел тимот мора да го засили играчкиот кадар и веќе се испратени понуди за доведување на Калвин Филипс и Рафиња од Лидс.

Двајцата играчи од средината на теренот се можеби и најдобрите поединци во тимот предводен од Марсело Биелса, и ќе биде големо изненадување доколку клубот не успее да ги задржи во своите редови. 

Според информациите, Вест Хем понудил по 60 милиони евра за фудбалерите и ќе чекаат до затворање на јануарскиот трансфер период дали од Лидс ќе прифатат нивна продажба.


Динамо ја одби понудата на Барнли за Оршиќ

Иако имаше понуда од Барнли, Мислав Оршиќ одлучи да остане во Динамо Загреб.

Хрватскиот клуб со официјално соопштение потврди дека навистина имале понуда од Барнли, но Оршиќ одбил да го напушти Динамо.

Оршиќ така пропушти да го направи најголемиот трансфер во неговата кариера, има 29 години, а надвор од Хрватска играше само во Кина и Кореја и кратко беше во Специја.

Во редовите на Динамо пристигна во 2018 година и од тогаш на 168 натпревари постигна 67 голови. Сите го паметат по натпреварот на кариерата кога го исфрли Тотенхем од Лигата на Европа.


Костакурта: Италија е поквалитетна селекција од Македонија

Поранешниот прославен италијански репрезентативец Алесандро Костакурта изнесе комплименти на адреса на македонската фудбалска репрезентација пред мартовскиот мундијалски бараж против Италија, но оцени дека актуелниот европски шампион ќе ја оправда фаворитската улога на дуелот на 24 март во Палермо.

Победникот од баражот во Палермо за место на Мундијалот во Катар потоа го очекува завршниот дуел против победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција.

Мислам дека можеме да ја совладаме Португалија, која ја гледам како победник во дуелот против Турција, како што Италија ја гледам поуспешна во пресметката против Македонија, истакна поранешниот дефанзивец на Милан во изјава за италијанските медиуми.

„Македонците имаат силни и квалитетни играчи, но нивниот тимскиот дух е на пониско ниво од Италија, а тоа игра важно улога. Од друга страна, и Италија во овој момент се соочува со проблеми и не е истиот тим од осум – девет месеци, бидејќи имаме послаб квалитет и помалку тимска енергија, и покрај сè очекувам тежок натпревар против Португалија и пласман на Мундијалот во Катар“, додаде Костакурта.


Белоти го одби Њукасл и посакува трансфер во Милан

Ѕвездата на Торино, Андреа Белоти ја одби понудата да се приклучи на англискиот Њукасл. Тој имаше понуда и од Ал Хилал од Саудиска Арабија, но иако двата клуба понудија висока плата од околу 7-8 милиони евра годишно, тоа не го привлече напаѓачот да ја напушти Италија.

Желбата на Белоти е кариерата да ја продолжи во Милан. Росонерите се заинтересирани за него, но засега немаат испратено официјална понуда. Сепак, се чини дека напаѓачот е подготвен да почека до крајот на преодниот рок.

Договорот на 28-годишниот напаѓач истекува на крајот од сезоната и многу клубови внимателно ја следат ситуацијата околу него. Една од опциите е тој да го напушти Торино  како слободен играч на лето, а реални се шансите да биде продаден во последните денови од зимскиот преоден рок за да може клубот да оствари финансиска добивка од таков трансфер.


Артета не го пушта Нкетиа во Кристал Палас

Арсенал ја одби понудата на Кристал Палас за Едуард Нкетија. Младиот напаѓач, чиј договор со „топџиите“ истекува по крајот на оваа сезона, е долгогодишна трансфер цел на Кристал Палас.

Веќе во текот на летото Кристал Палас се обиде да го привлече, а според „Скај Спортс“ ова е втора понуда за него, која клубот ја испраќа дури овој месец. Арсенал сака да го задржи Нкетија, но тој веќе ја одбил неговата понуда за повторно потпишување. За него е заинтересиран и Баер Леверкузен.

22-годишниот Нкетија нема одиграно ниту еден натпревар во Премиер лигата оваа сезона, но постигна пет гола на натпреварите на Арсенал во Карабао купот, каде „топџиите“ беа елиминирани во полуфиналето.


Фил Џонс се сели од Манчестер Јунајтед во Бордо

Членот на француската Лига 1, екипата на Бордо е сериозно заинтересирана за доведување на дефанзивецот од Манчестер Јунајтед, Фил Џонс.

Според информациите од весникот Лекип, преговорите помеѓу двата клуба се во напредна фаза и се чека одобрување на трансферот од тренерот Ралф Рангник.

Поранешниот англиски репрезентативец, веќе долго време е член на тимот од Олд Трафорд, меѓутоа веќе подолг период имаше проблеми со повреди и не успеа да се наметне во првиот тим на Јунајтед.


Интер потпиша со еквадорски ветеран

Фелипе Каиседо од денес и официјално е нов играч на Интер.

Еквадорецот во Интер пристигнува од Ченова на позајмица до крајот на сезоната.

„Соопштуваме дека постигнавме договор со Џенова за доаѓање на фудбалерот Фелипе Салвадо Каиседо Корозо. Еквадорскиот напаѓач во клубот доаѓа на позајмица до 30. јуни 2022 година“, соопштија од Интер.

Каиседо со доаѓањето во Интер повторно добива прилика да соработува со Симоне Инзаги. Во Интер ќе го носи дресот со број 88. Треба да се напомене и дека тој е првиот Еквадорец во историјата на клубот.


Нико Ковач се враќа како тренер во Германија

Хрватскиот тренер, Нико Ковач е многу блиску до враќање во германската Бундеслига. Тој се очекува да биде нов тренер на Борусија Менхенгладбах.

Раководството на клубот е незадоволен од последните резултати на актуелниот тренер Ади Хитер, па веќе се бара нов предводник на тимот. 

Во Нико Ковач се гледа како на идеална замена за преземање на клупата на Менхенгладбах, со оглед на неговот огромно искуство како играч и тренер во најдобрата германска лига.


Судот пресуди парична казна за Бензема во случајот Валбуена

Карим Бензема беше осуден во ноември минатата година поради 

уцена, но на својот поранешен соиграч никогаш не му го исплати износот кој му остана должен.

Судот му нареди на Бензема да плати сума од 250.000 евра на Валбуена поради уцената со експлицитни сники, а откако напаѓачот не го направи тоа, парите ќе му бидат одземени од банкарската сметка.

Бензема во 2015 година заедно со уште четири лица се обидел да изнуди од 50.000 до 100.000 евра од поранешниот колега од француската репрезентација, поради што селекторот Дидие Дешам го исфрли фудбалерот на Реал Мадрид од селекцијата.

Одбраната на Бензема бараше сумата од 230.000 евра да не се исплати затоа што планираат да се жалат, но ниту тоа не му помогна на Французинот да остане без пари.

Валбуена прво сметал дека Бензема му дава пријателски совети, кога му кажувал како да постапи, меѓутоа на крајот се покажа дека тоа бил организиран „грабеж“ врз фудбалерот.


Јувентус со понуда за Закарија

Од фудбалскиот клуб Јувентус, подготвуваат уште едно засилување во зимскиот период. Клубот од Торионо веќе испратил понуда за доведување на Денис Закарија од Борусија Менхенгладбах.

Захарија е играч од средината на теренот и би претставувал одлично засилување на тимот доколку истиот го напуштат Дејан Кулушевски и Родриго Бетанкур.

Швајцарецот ја игра последната сезона од договорот со Менхенгладбах и Јувентус веќе испратил понуда во висина од 5 милиони евра, плус 2 милиони во бонуси.

Се очекува дека германскит бундеслигаш ќе ја прифати понудата од Јуве бидејќи само на овој начин финансиски би заработиле пред неговото заминување како слободен играч на лето.

За Закарија интерес покажуваат и од Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.