feature

Додиг и Младеновиќ победници во мешани двојки на Австралија опен

Петтите носители Иван Додиг (Хрватска) и Кристина Младеновиќ (Франција) ја освоија титулата во мешани двојки на Австралија Опен.

Во битката за трофејот победија против претставниците на домаќините Џејми Фурлис и Џејсон Кублер со 6-3 и 6-4.

Средбата траеше нешто повеќе од еден час, а победниците не оставија сомнеж во нивната супериорност.


Арсенал се фокусира на Дуглас Луиз од Астон Вила

Отако се дозна дека Арсенал ќе ја пропушти можноста за да потпише договор со играчот на Лион Бруно Гимараеш кој се очекува да биде нов член на Њукасл, популарните „топџии“ сега се фокусираат на Дуглас Луиз од Астон Вила.

Бразилецот од средината на теренот, има договор со Астон Вила до 2023 година, но тренерот на екипата Стивен Џерард не планира преговори за продолжување договорот со 23-годишен играч, па големи се шансите Луиз да ја прифати понудата и да се пресели ви Арсенал. 

Очекуваната сума за реализација на овој трансфер се движи околу 35 милиони евра.


Федерацијата ја одби жалбата на Реал за црвениот картон на Марсело

Реал Мадрид ја загуби жалбата за црвениот картон на Марсело од натпреварот против Елче (2-1) во осминафиналето од Купот на Шпанија. Тоа значи дека санкцијата од три натпревари останува на сила.

Во оваа ситуација, бразилскиот ветеран би можел повторно да игра во ова натпреварување само доколку тимот игра во финалето. Левиот дефанзивец беше исклучен директно поради прекршок над противничкиот играч. Казната за ова е само еден натпревар, но во вербалниот дуел со судијата Марсело му рекол „многу си лош“. Ова му носи санкција на играчот уште два натпревари.

Марсело нема да може да игра во четвртфиналето против Атлетик Билбао по една недела кога ќе се игра еден натпревар. Потоа полуфиналето е во два натпревари, што овозможува учество на дефанзивецот евентуално во финалето, доколку Реал стигне до него.


Црвена Звезда заработи 5 милиони евра, Лазетиќ потпиша за Милан

Милан вчера го потврди трансферот на Марко Лазетиќ, кој доаѓа од Црвена Звезда. 18-годишниот напаѓач потпиша договор со „росонерите“ до 2026 година, а Милан за неговиот потпис на српскиот клуб му плати 5 милиони евра.

Лазетиќ важи за голем талент и ќе игра за првиот тим, а за место во тимот ќе се бори со ветераните Оливие Жиру и Ибрахимовиќ.

Српскиот напаѓач го избра дресот со број 22, кој во минатото го носеше неговиот идол Рикардо Кака.


Сити размислува да испрати понуда за Пауло Дибала

Манчестер Сити моментално го проучува потенцијалниот на напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала. Венсикот „Газета дело Спорт“ наведува дека Пеп Гвардиола е заинтересиран за Аргентинецот најмногу поради тоа што може да игра различни улоги на теренот.

Сити ќе бидат подготвени даму дадат висока плата од над 10 милиони евра по сезона, доколку играчот прифати слободен трансфер. Иако Дибала никогаш немал намера да игра во Премиер лигата, Сити на Пеп е исклучок што тој би можел да биде подготвен да го направи по неуспешните преселби во Манчестер Јунајтед и Тотенхем во минатото.


Гoлемата награда на Сингапур доби нов договор до 2028 година

Формула 1 и организаторите на трката за Големата награда на Сингапур најавија потпишување на нов договор. Новиот договор ќе биде со важност до 2028 година.

Поради ограничувањата предизвикани од пандемијата со Ковид-19, Големата награда на Сингапур не се одржа ниту во 2020 ниту во 2021 година. Оваа сезона, Големата награда на Сингапур е закажана за 2 октомври.


Начевски и Николов ќе бидат судии на првиот полуфинален натпревар од ЕП

Најдобрите македонски ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов,ќе ја делат правдата на првото полуфинале на Европското првенство, помеѓу актуелниот светски првак Данска, и бранителот на титулата, Шпанија.

Полуфиналниот дуел на двата европски гиганти се игра во Петок со почеток во 18 часот.


Френк Лампард на нова тура разговори со Евертон

Поранешниот англиски репрезентативец и тренер на Челзи, Френк Лапмард, по најавата на медиумите во Англија, се очекува да има втор состанок со раководството на Евертон.

Според информациите, Лампард е прв фаворит за функцијата нов тренер на популарните „карамели“.

Претходно, Евертон најави дека е можно тренерското место во екипата да му припадне на Португалецот Переира, но таквата најава предизвика големо незадоволство кај навивачите и таа опција е повлечена.

Доколку Лампард биде назначен за тренер, тој ќе има огромна задача да го подобри тимот на Евертон кој моментално е 16-ти на табелата со 19 освоени бодови.


Барселона се договори со Адама Траоре

Фудбалскиот клуб Барселона упати официјална понуда до екипата на Вулверхемптон за ангажман на Адама Траоре, и таа ќе биде прифатена.

Предлогот на Каталонците е шпанското репрезентативно крило, да пристигне на Камп Ноу како позајмен играч до крајот на сезоната, но со опција за целосен откуп ова лето за 35 милиони евра.

Иако понуда за Траоре испрати и лондонски Тотенхем, сепак играчот посакува да се врати во Барселона каде и започна со професионалното играње на фудбал преку академијата Ла Масиа.

Преселбата на 26-годишниот фудбалер во редовите на Барселона се очекува да се реализира но наредниве неколку дена.


Едногодишна суспензија за германски тренер кој фалсификувал ковид-сертификат

Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) го суспендираше поранешниот тренер на Вердер, Маркус Анфанг на една година, откако беше откриено дека користел лажен сертификат за коронавирус.

Во ноември минатата година беше откриено дека Анфанг и неговиот помошник Флоријан Јунге користеле фалсификуван сертификат за вакцинација. Кога аферата избувна во јавноста, Анфанг и Јунге поднесоа оставки, а ДФБ започна истрага.

Дисциплинското тело на ДФБ го суспендираше Анфанг до 20 октомври годинава, а тој мора да плати казна од 20.000 евра, соопштија од фудбалскиот сојуз.

Казнет е и неговиот помошник. Тој е осуден на десетмесечна суспензија и парична казна од 3.000 евра.