feature

Нов ковид-протоколо во Премиер лигата: Меч се одлага со четири позитивни случаи

Раководството на англиската Премиер лига одлучи дека во иднина ќе се одложуваат натпреварите само доколку има четири потврдени позитивни тестови за коронавирус, пренесува англискиот весник „Дејли мејл“.

Според изданието, новите правила ќе стапат на сила во февруари, а 18 од 20-те клубови ги поддржале промените. Според сегашните правила, одложувањето се заснова на бројот на играчи кои се достапни за игра.


Зајков потпиша за украинска Ворскла Полтава

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков се сели во Украина. Украинскиот прволигаш Ворскла синоќа го објави потпишувањето на договор со дефанзивецот на нашата селекција.

Договорот кој Зајков го потпиша со Ворскла е во период од две и пол години.

Претходно Зајков го носеше дресот на Левски, со кој постигна спогодбен раскин на договорот.


Откриена статуа во чест на Коби Брајант и неговата ќерка Џиана

По повод две годишнината од трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загуби легендарниот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џиана, на местото каде се случи трагедијата,во нивна чест беше откриена статуа. Споменикот се наоѓа на периферијата од Лос Анџелес.


Надал: Целосно сум уништен по победата над Шаповалов

Еден од најдобрите светски тенисери, Рафаел Надал, сеуште е воодушевен од остварената победа во четвртфиналната пресметка против  Денис Шаповалов на Австралија опен.

Шпанецот изгуби предност од два сета и беше на праг од пораз, но успеа да смогне сили и да го добие дуелот, со што се пласира во полуфиналето од турнирот.

„Искрено, не знам како го добив овој натпревар. Јас сум целосно уништен. Имав среќа на почетокот на петтиот сет и тоа ми ја донесе победата. Во првите два сета играв одлично, но потоа имав потешкотии против толку силен противник како Денис. Веќе немам 21 година и добро е што имам време да се одморам после ваков маратон“, изјави Надал.

Тренерот на шпанскиот стручњак,Карлос Моја, откри дека Надал во текот на мечот поради дехидрација изгубил 4 килограми.


Наполи ја одреди цената за напаѓачот Виктор Осимен

Италијанскиот весник Газета дело Спорт пренесува дека Наполи е подготвен за продажба на напаѓачот Виктор Осимен и дека цената за негов ангажман би изнесувала 70 милиони евра.

22-годишниот Нигериец пристигна во италијанскиот клуб во 2020 година од францускиот Лил и стана најскапиот африкански фудбалер.

За напаѓот интерес покажуваат неколку европски клубови, но високата цена која ја одреди Наполи може да стане пречка за негов трансфер.

Осимен оваа сезона поради повреда беше приморан да пропушти голем број на натпревари, па така тој настапи на само 11 натпревари во Серија А и успеа да постигне 5 гола.


Ѓоковиќ потврди дека ќе игра на турнирот во Дубаи

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во јануари остана без тенис по фијаското со добивањето виза за влез и настап на Австралија опен, но сега во јавноста протече кога ќе се врати на терените.

Тој се пријави на АТП турнирот во Дубаи, каде пет пати ја освојувал титулата, беше објавено на социјалните мрежи.

Ноле од 14 до 26 февруари ќе предводи девет од најдобрите 20 играчи. Србинот лани не играше на турнирот, а последен пат го освои пред две години.

Меѓу другите ќе ги видиме и Андреј Рубљев, Феликс Оже-Алијасим, Јаник Синер, Хуберт Хургач, Денис Шаповалов, Роберто Баутиста Агут, Гаел Монфис.


Баерн Минхен купува нов дефанзивец

Екипата на Баерн Минхен е многу блиску до доведување на германскиот репрезентативец Матијас Гинтер.

28-годишниот дефанзивец се очекува да пристигне во Минхен ова лето како слободен играч. Гинтер во моментов настапува за тимот на Борусија Менхенгладбах но веќе најави дека нема намера да го продолжи договорот со овој клуб по завршувањето на сезоната.

Најтрофејниот германски клуб, на Матијас Гинтер му понуди договор со важност до 2026 година и плата од 10 милиони евра.

Се очекува Гинтер да го замени Никлас Зуле, кој на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн.


Араухо ја одби понудата на Барса за нов договор

Роналд Араухо има валиден договор со Барселона до летото следната година, а шпанските гиганти имаат намера да го задржат и да одолеат на интересот на клубовите кои би го земале кај себе. Затоа му било понудено продолжување на соработката, но 22-годишниот стопер ја одбил понудата.

Разговорите меѓу Барселона и агентот на уругвајскиот дефанзивец се одржаа минатата недела и завршија со понуда на клубот. Араухо категорично го отфрлил, наведува „Марка“, додавајќи дека преговорите се одвивале во пријателски тон и дека нема сомнеж дека тие ќе продолжат.

Сепак, потегот на Араухо ги алармираше Манчестер Јунајтед и Челси, кои би можеле да се обидат да го убедат да истрае во сегашната одлука да не потпише. Се додава дека Араухо нема намера да го напушти „Камп Ноу“, туку само да го добие договорот што мисли дека го заслужува.


Ремзи ги одби сите понуди, сака да остане до јуни во Јувентус

Арон Рамзи ги одби понудите на Кристал Палас, Њукасл и Барнли. Велшкиот репрезентативец има договор со Јувентус до летото во 2023 година и нема намера да си замине од тимот.

Тоа ги налути шефовите на „старата дама“ кои најверојатно ќе го префрлат во младинската екипа.

Поранешниот играч на Арсенал во 2019 година се пресели во Торино и стана еден од најплатените. Тој има одиграно 70 мечеви и постигнато шест голови.


Реал го блокира трансферот на Јовиќ, Србинот останува во Мадрид

Напаѓачот Лука Јовиќ нема да може да го напушти Реал Мадрид оваа зима.

Мадриѓаните се во тешка ситуација поради тоа што се повредени напаѓачите Карим Бензема и Маријано Дијаз. Иако закрепнувањето на двајцата играчи нема да одземе многу време, натпреварите кои ќе се играат во овој сегмент можеби ќе бидат клучни за Реал, па во клубот стравуваат од дополнително слабеење на напаѓачката линија.

Интерес за Јовиќ покажа Арсенал, но официјална понуда за трансфер на Србинот не беше дадена, а Реал Мадрид сега не е заинтересиран за договор. Јовиќ оваа сезона одигра 11 натпревари во Ла Лига и постигна еден гол.