feature

Најмалку два месеци пауза за Ансу Фати

Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати се уште се мачи со повреди. Утрово клубот потврди дека младиот играч има повреда на бицепсот на левата нога.

Не прецизираа колку време ќе отсуствува, но првите нагаѓања на тамошните медиуми се за 4-6 недели.

Фати се повреди во синоќешниот пораз од Атлетик Билбао со 2:3. Тој влезе во игра во 61. минута на местото на Феран Жутгла, но мораше да биде заменет со Мартин Брајтвајт во 96. минута.

Како што е познато, 19-годишниот фудбалер се врати на теренот пред само десет дена, откако два месеци се опоравуваше од претходната повреда.


Клоп го сака талентот на Лион, Рајан Черки во Ливерпул

Јирген Клоп фрлил око на талентот на Олимпик Лион, Рајан Черки. 18-годишниот играч за врска има одлична сезона за Лион во Лига 1, што го привлече вниманието на „црвените“, кои внимателно го следат неговиот развој.

Черки игра како офанзивен играч за врска, а може да дејствува и зад напаѓачот и на двете крилни позиции. Тој е дете на Лион, а трета сезона е во првиот тим.

18-годишниот фудбалер има договор со Лион до јуни 2023 година


Три англиски клуба во преговори за Дони ван де Бек.

Холандскиот интернационалец кој настапува за Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек, наскоро би можел да го напушти „Олд Трафорд“.

За 24-годишниот фудбалер наводна понуда испратила екипата на Њукасл но тој одбил да се пресели во популарните „чавки“.

Сега, според пишувањата на англискиот весник Мирор, во трката за потписот на Ван де бек, се приклучија и премиерлигашите Евертон и Вулверхемптон.

На крајот одлуката ќе ја донесе тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник кој засега одбива да се одрекне од услугите на играчот од средината на теренот.


Барселона го посакува Жоао Феликс

Екипата на Барселона е заинтересирана за доведување на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс.

22-годишниот Португалец има речиси 100 натпревари во дресот на Атлетико, постигнувајќи вкупно 22 гола, од кои во оваа сезона само три. Тренерот на екипата Диего Симеоне претпочита предност во нападот да добиваат Антоан Гризман, Луис Суарез, и Анхел Кореа што доведе до видна разочараност кај младиот Феликс.

Тој во Атлетико Мадрид пристигна во летото 2019 година, за рекордни 120 милиони евра но никогаш не успеа да го достигне својот целосен потенцијал, пред се поради малата минутажа и стилот на игра кој го практикува тренерот Симеоне.

Приоритетен трансфер на Барселона за ова лето се очекува да биде Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, но доколку тој не се реализира се очекува Каталонците да тргнат по Жоао Феликс. 


Интерпол трага по поранешната бразилска ѕвезда Робињо

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан – Робињо ќе се најде на списокот барани лица од Интерпол. Бразилскиот напаѓач е осуден во Италија на 9 години затвор поради групно силување. Ја загуби последната жалба за злосторството извршено во 2013 година додека го носеше дресот на тимот од Милано.

Италија нема договор за екстрадиција со Бразил, но ќе инсистира Робињо да биде уапсен и казната да ја отслужи во својата татковина. А во случај фудбалерот да се најде во некоја од 195-те земји членки на Интерпол, веднаш може да биде екстрадиран.

37-годишниот Робињо последен пат играше во Истанбул Башакшехир, а во 2020 година потпиша со својот матичен Сантош, но тоа предизвика масовно незадоволство и повлекување на дел од спонзорите на клубот. Една недела подоцна, договорот со напаѓачот беше раскинат и тој рече дека ќе се фокусира на својата судска одбрана.


Пелистер го именува Марјан Секуловски за нов тренер на екипата

Фудбалскиот клуб Пелистер за нов тренер на екипата го назначи Марјан Секуловски. Битолчанецот се враќа во својот матичен клуб по неговиот ангажман во Брегалница од Штип. 

 Секуловски има богата тренерска кариера, водејќи фудбалски екипи како во земјата така и надвор од неа.

Со овај потег новото раководство на „зелено-белите“ ќе се обиде во пролетниот дел од сезоната да избори опстанок во првата македонска фудбалска лига.


Клаудио Раниери пред отказ во Ватфорд

Англиските медиуми пренесуваат дека Клаудио Раниери е пред добивање отказ на позицијата тренер на Ватфорд и дека сопствениците на клубот веќе бараат нов вршител на должноста.

Поразот на домашен терен од директниот конкурент за опстанок, тимот на Норвич, може да биде одлучувачки за отказот на италијанскиот тренер.

Раниери на клупата на Ватфорд пристигна во октомври минатата година, и досега има забележано само две победи на 14 натпревари.


Ѓоковиќ останува на врвот на АТП листата и по Австралијан опен

Novak Djokovic (SRB) during his first round match at the 2021 Nitto ATP Finals in Turin, Italy, on November 15, 2021. Photo by Corinne Dubreuil/ABACAPRESS.COM

Дури и Данил Медведев или Александар Зверев да победат на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ ќе остане прв на светската листа – но само до 21 февруари.

Во образложението на ситуацијата по првиот Гренд слем годинава, се објаснува дека овој турнир се играл подоцна од вообичаено минатата година, дека завршил на 21 февруари, па тој ден тие бодови ќе излезат од компјутерот.

Како и обично, АТП е многу скржав на објаснувања, но може да се претпостави дека Новак би можел да ја одбрани првата позиција на светската листа доколку во меѓувреме реши да игра некои турнири на кои би можел да заработи нови бодови.

Но, со оглед на тоа што во тој период има помали натпреварувања, најмногу серијата 250 и само серијата 500 во Ротердам, не е сигурно дека ќе се одлучи на тој потег. Ѓоковиќ изјави дека нема да дава изјави до крајот на Австралија опен, а дури во иднина ќе бидат познати неговите понатамошни планови.


Конте: Ќе биде многу тешто да се пласираме меѓу првите четири екипи во лигата

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, е на мислење дека на екипата ќе му биде многу тешко да се избори за место меѓу четирите најдобри екипи во Премиер лигата. 

„Запомнете дека го победивме Ватфорд во последен момент од средбата. Тоа се случи и против Лестер оваа недела. Задоволство е да се гледа како тимот се бори до последната секунда. Важно е да останеме реални и да сфатиме дека ќе ни биде навистина тешко до крајот. Треба значително да се подобриме“, изјави италијанскиот стручњак.

За секој клуб е битнода освојува трофеи, но прво треба да разберете дали сте подготвени за тој подвиг. Само еден триумфира, а на другите им остануваат само обидите да го направат тоа“, потенцира Конте.

Тотенхем се наоѓа на 5-то место во Премиер лигата со освоени 36 бода, но и со помалку натпревари од своите ривали. 


Хулиан Алварез пред трансфер во Манчестер Сити

Раководството на Манчестер Сити е во напредни преговори со еден од најголемите аргентински таленти, Хулиан Алварез.

Тренерот Пеп Гвардиола е голем фан на 21-годишниот напаѓач на Ривер Плата, и во него гледа идеална замена за Кун Агуеро кој играше на истата позиција во Сити.

Повеќе новинари од Аргентина веќе ја потврдиле веста дека трансферот е договорен и дека англискиот шампион ќе ја плати откупната клаузула за играчот во висина од 20 милиони евра.

Сепак, според информациите, Алварез ќе остане во Ривер Плата каде ќе игра до летниот период кога и се очекува да се пресели во Англија.

За Алварез голем интерес покажуваа и од градскиот ривал на „плавите“, Манчестер Јунајтед.