feature

Конте ќе испрати понуда до Порто за Луис Дијаз

Тотенхем упатил понуда до Порто за напаѓачот Луис Дијаз, пренесуваат медиумите во Португалија. Лондонскиот тим нуди 45 милиони евра плус бонуси, давајќи рок од 48 часа да одговорат од Порто.

Сепак, Луис Дијаз е и трансферна цел на Ливерпул и некои други екипи од Англија, а на почетокот на овој месец Ливерпул излезе со понуда вредна 70 милиони евра. Сепак, тоа беше одбиено бидејќи раководството на Порто сака да добие 80 милиони, што е еднакво на откупната клаузула. Ако се следи логиката, тоа речиси сигурно значи дека Тотенхем нема да може да го купи колумбискиот фудбалер. Луис Дијаз делува како крилен напаѓач. Тој има 25 години и ја поминува третата сезона во Порто. Во тековната сезона тој има 16 гола и 6 асистенции во 28 натпревари во сите натпреварувања.

Манчестер Јунајтед и Њукасл се исто така меѓу клубовите за кои се вели дека имаат интерес за Јужноамериканецот.


Марота донесе супер-засилување во Интер: Пристигна Германецот Госенс

Интер и Аталанта се договорија за трансфер на левиот бек Робин Госенс, пренесуваат италијанските медиуми.

Госенс игра фантастично во дресот на Аталанта, а блесна и на ЕУРО во дресот на германската репрезентација. 26-годишниот Германец има договор со клубот од Бергамо до јуни 2023 година. Поради тоа Аталанта се согласи да го продаде во јануари.

Германецот е еден од најдобрите фул-бекови во Серија А и го привлече вниманието на многу европски гиганти, па сигурно ќе биде големо засилување за Инзаги.


Два премиерлигашки гиганти го сакаат Гакпо од ПСВ Ајндховен

Ливерпул и Манчестер Сити, ги направиле првите контакти со младиот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Коди Гакпо,.

ПСВ се обидува да му го продолжи договорот кој е валиден до летото во 2025 година. Веб-страницата „Transfermarkt“ , проценува дека младиот играч вреди околу 22 милиони евра што нема да биде проблем ниту за „црвените“ ниту за „граѓаните“.

Гакпо во сезонава одигра 15 мечеви. Тој даде 6 голови и направи 10 асистенции.


Салернитана бара спас за опстанок во Диего Коста

Екипата на Салернитана е на прагот да потпише договор со искусниот напаѓач Диего Коста.

Коста веќе ги договорил личните услови со последно пласираната екипа во Серија А, и ќе проба да помогне во нејзиниот опстанок во елитата.

33-годишниот голгетер е слободен играч кој неодамна го раскина договорот со шампионот на Бразил, Атлетико Минеиро.

Салернитана со трансферот на Диего Коста ќе направи интересно партнерство во нападот каде ќе игра заедно со уште еден искусен играч, Французинот Френк Рибери кој се приклучи на екипата минатото лето.


Манчестер Јунајтед дефинира четири имиња за постојан тренер на екипата

Англискиот фудбалски гигант, Манчестер Јунајтед, веќе подолг период се соочува со резултатски проблеми поради што беше принуден да ја прекине соработката со легендата Оле Гунар Солскјер и како привремен тренер да го постави Германецот Ралф Рангник.

Фактот дека однапред е познато дека Рангник ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната, клубот веќе ја дефинирал листата со четири имиња меѓу кои ќе се бара постојан тренер на тимот.

Според добро упатени извори во англиските медиуми, Манчестер Јунајтед идниот тренер ќе го бара помеѓу Луис Енрике, Хулен Лопетеги, Ерик Тен Хаг и Маурисио Покетино.


Никола Јокиќ “крши“ НБА рекорди

Кошаркарот Никола Јокиќ, продолжува со своите одлични партии за тимот на Денвер Нагетс кој го совлада Детроит Пистонс со резултат 110:105.

Актуелниот МВП на лигата, на овој натпревар успеа да постигне 28 поени, 21 скока и 9 асистенции со што влезе во историјата на НБА.

Имено, Србинот Јокиќ стана првиот играч кој успеа да забележи најмалку 5 илјади поени и 3 илјади скокови на помалку од 500 НБА натпревари.

Јокиќ овој скор го запиша  на вкупно 494 натпревари.


Капитенот на Челзи, Аспиликуета, е се поблиску до договор со Барселона

Медиумите од Шпанија ја пренесуваат веста дека капитенот на лондонски Челзи, Цезар Аспиликуета е се поблиску до трансфер во Барселона ова лето.

32-годишниот дефанзивец се наоѓа во последната година од договорот со Челзи и тој на лето станува слободен играч, по што се очекува да стави крај на својот десетгодишен престој во Лондон.

Информациите говорат дека договорот за премин во Барса е готов и се работи само на помали детали во истиот.


Севиља ја одби понудата на Њукасл за Диего Карлос

Њукасл се приближува до договор за дефанзивецот на Севиља, Диего Карлос, откако упати понуда од над 30 милиони фунти за бразилскиот дефанзивец. Сепак, предлогот бил сличен на еден од ривалите во Премиер лигата и најверојатно двата ќе бидат одбиени.

Се очекува шпанскиот тим да прифати понуда блиску до 40 милиони евра, за која првично рекоа дека би сакале да ја добијат за својот дефанзивец.

28-годишниот фудбалер ќе избере со кој клуб сака да потпише, но се верува дека засега договор нема.


Дамир Мулаомеровиќ нов селектор на Хрватска во кошарка

Хрватската кошаркарска федерација го назначи денеска Дамир Мулаомеровиќ за нов селектор на националниот тим, на местото на Вељко Мршиќ со кого изминатиот викенд спогодбено ја раскина соработката.

Новиот селектор Мулаомеровиќ е поранешен хрватски репрезентативец и поранешен селектор на селекциите на Босна и Херцеговина и на Косово.

Мулаомеровиќ во февруари 2022 година беше избран за помошник селектор и тесно соработуваше со својот претходник Мршиќ во стручниот штаб на хрватската репрезентација.

Во својата долга кошаркарска кариера, Мулаомеровиќ има една титула во Евролигата, која ја освои во сезоната 2001/02 со атински Панатинаикос.


Обамејанг го напушта Арсенал во наредните неколку дена?

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг по се изгледа дека нема да се приклучи на тимот кој за брзо заминува во тренинг кампот во Дубаи и е можно да го напушти клубот во наредните неколку денови.

Обамејанг неодамна се врати во Лондон по учеството во Купот на афрички нации, но тој и понатаму останува надвор од плановите на тренерот Артета.

Бројни се информациите дека Обамејанг добил неколку понуди за заминување на позајмица во клубови од Блискиот Исток кои се спремни да ја покријат високата плата која фудбалерот ја прима во Арсенал. Но 32-годишниот играч од Габон не е заинтересиран за заминување од Европа и очекува понуда од клуб кој игра во најсилните европски лиги.