feature

Лорис ги разби шпекулациите и потпиша нов договор со Тотенхем

Тоа што се најавуваше од страна на фудбалскиот состав, Тотенхем, во текот на денов доби и реализација. Голманот, Хуго Лорис, ја продолжи соработката до 2024 година.

Тој досега има одиграно 395 натпревари за лондонскиот тим.  -Сакаме да искажеме задоволство што Лорис потпиша договор со нашиот клуб“, објавија „Спарси“ на социјалните мрежи.

Треба да се напомене дека Французинот е првиот голман во историјата на Тотенхем што не примил гол на 100 меча.


Енис Фазлагиќ потпиша за полскиот гигант Висла Краков

Kaпитенот на младинската репрезентација на Македонија, Енис Фазлагиќ е нов играч на Висла Краков.

Фазлагиќ досега беше дел од Жилина прави трансфер во еден од најсилните полски клубови и за него ова сигурно е чекор напред во кариерата.

Со Висла Фазлагиќ потпиша договор на 4.5 години, до 2026 година. Вредноста на овој трансфер изнесува 500.000 евра. Процент од трансферот на Фазлагиќ ќе добие и екипата на Шкендија.


Тренерот на Челзи, Томас Тухел потпишува со Усман Дембеле

Фудбалскиот клуб Челзи размислува за доставување понуда за напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле. 

Французинот одбива да потпише нов договор под условите кои му ги предложија челниците на Барселона, па тие го повикаа веднаш да си замине од клубот бидејќи нема да рачунаат на него до крајот на сезоната.

Според информациите, Челзи е еден од клубовите кои имаат интерес да го ангажираат Дембеле на позајмица до крајот на сезоната, а потоа да потпишат договор со него како слободен играч.


Јувентус подготвува голем јануарски трансфер со Душан Влаховиќ

Италијанскиот гигант Јувентус е решен да се засили со напаѓачот на Фиорентина Душан Влаховиќ кој би пристигнал во Торино овој месец.

„Старата дама“ подготвува понуда во која освен 35 милиони евра ќе го вклучи и Дејан Кулушевски кој би се преселил во Фиорентина.

„Виолетовите“ од Фиренца наводно се заинтересирани за ваква понуда и истата ќе биде сериозно разгледана во најбрз можен рок.

За српскиот интернационалец, интерес покажува и тимот на Арсенал но според италијанските медиуми, Влаховиќ преферира преселба во Јувентус.


Леброн Џејмс води во гласовите за овогодинешниот Ол-стар натпревар во НБА

Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс е лидер по добиени гласови од фановите за учество на претстојниот Ол-стар меч организиран од НБА лигата.

17-кратниот учесник на овие натпревари,Џејмс досега собра 6,8 милиони гласови, а Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс е втор со нешто повеќе од 6 милиони гласа.

Третата позиција според фановите ја има членот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ со 4,1 милиони гласови.

Ол-стар натпреварот треба да се одржи на 20 февруари во Кливленд, каде Леброн Џејмс 11 сезони играше за екипата на Кавалирс.  


Нов рекорд на Кари: 158 натпревари со најмалку една тројка

Ѕвездата на Голден Стејт, Стивен Кари во победа против Јута (123-116), постигна 28 поени со 9 асистенции и направи уште еден НБА рекорд.

Имено, најдобриот „тројкаш“ во историјата на лигата, успеа да дојде до неверојатна серија од 158 натпревари на кои успеал да постигне по најмалку една тројка. Ова е нов рекорд во историјата на лигата.

Стивен го собори сопствениот рекорд кој беше поставен на 1 декември 2018 година.


Голманот Хуго Лорис го продолжи договорот со Тотенхем

Капитенот на Тотенхем, Хуго Лорис, стави крај на шпекулациите поврзани со неговата иднина, откако потпиша нов договор со лондонскиот клуб на уште две години.

Актуелниот договор на францускиот репрезентативен голман беше со важност до истекот на оваа сезона, што доведе до многу гласини околу негово евентуално заминување од клубот.

Сепак, 35-годишниот голман ја продолжи верноста и ќе остане во Тотенхем до летото 2024 година.


Одржана акцијата за доброволно дарување крв, под мотото „Дарувај крв, спаси живот“

Денес, 21. јануари, во организација на компаниите Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа од Битола, успешно беше спроведена петта по ред хуманитарна акција на доброволно дарување крв.

Акцијата „Дарувај крв, спаси живот“, беше успешно одржана во деловните простории на овие три компании.  Покрај редовните крводарители , акцијата беше посетена и од вработени од Кавадаречкиот регион како и граѓани кои доброволно се приклучија. На акцијата беа собрани 31 крвни единици, кои се дистрибуирани до одделението за трансфузиологија при Клиничкиот центар Битола.

“Со оглед на фактот дека ова беше петта по ред крводарителска акција, со гордост можеме да  истакнеме  дека досега вкупно се собрани и донирани повеќе од 150 единици со најдрагоцената течност. Упатуваме искрена благодарност до сите учесници кои се придружија во акцијата, и можеме да потврдиме дека и во иднина ќе продолжиме со организирање на вакви настани кои вклучуваат општествено одговорни активности.” – вели Елена Трајчевска, организатор на акцијата. Во овој период со пандемија од Ковид-19, голема привилегија е да постојат компании чии вработени имаат вака високо изразена свест за солидарност и хуманост.


Тотенхем го продава Ндомбеле и носи две замени од Серија А

Пари Сен Жермен е фаворит за привлекување на играчот од средниот ред на Тотенхем, Танги Ндомбеле. Францускиот гигант има намера да ја засили конкуренцијата на средината на теренот со поранешниот играч на Олимпик Лион, кој не е во плановите на Антонио Конте.

Тотенхем сигурно ќе се раздели со Ндомбеле доколку го обезбеди потписот на Франк Кеси. Интернационалецот од Гана одби да го продолжи договорот со Милан и тоа го направи атрактоивен за многу клубови. Од Милан ја чекаат најдобрата понуда, откако категорично одбија да му платат на играчот од средниот ред 8 милиони евра по сезона.

Во случај да не успее да го земе Кеси, Тотенхем ќе се сврти кон Верету од Рома. Французинот е високо ценет од Конте и неговиот трансфер во Англија изгледа сосема можен со оглед на фактот дека ја загуби стартната позиција во Рома од Серхио Оливеира.


Игор Котевски именуван за нов тренер на Металург

Тимот на Металург потврди дека Игор Котевски е новиот тренер на клубот.

Вакво нешто се најавуваше во претходните денови, а вчера вечерта доби и официјална потврда. Преземањето на првиот тим на Металург за Котевски значи враќање во Автокоманда затоа што претходно го водеше Металург 2.

Котевски во клубот доаѓа на местото на Иван Марковски кој неодамна си замина.