Одложен натпреварот од Лига Европа меѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен
УЕФА потврди дека натпреварот меѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен нема да се одигра во четврток бидејќи нема доволно полиција која има посебна ангажираност во деновите по смртта на кралицата Елизабета.
Поради тоа што има лимитиран број на полиција во Лондон, натпреварот меѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен нема да се одигра.
Голем број на полицајци се ангажирани во посмртните активности за кралицата Елизабета, па нема доволен број за безбедна организација на натпреварот.
„УЕФА соопштува дека натпреварот од Лига Европа меѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен, кој требаше да се игра во четврток на 15 септември, е одложен за нов датум кој ќе биде дополнително определен. Мечот е одложен поради ограничен број на полиција која е ангажирана околу настаните по повод смртта на кралицата Елизабета“, стои во соопштението на УЕФА.
Адис Јаховиќ ја заврши репрезентативната кариера
Јаховиќ се повлекува од македонската репрезентација Септември 12, 2022 Спорт, Фудбал Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски повеќе нема да може да смета услугите од Адис Јаховиќ. Напаѓачот кој има 19 настапи и три голови во репрезентативниот дрес одлучи да се повлече од националниот тим.
Фудбалерот долги години со успех настапува во турското првенство и едноставно вели дека сега е време за збогум од репрезентативниот дрес, бидејќи повредите и возраста во голема мера бараат повеќе време за одмор и закрепнување. Јаховиќ преку допис до Фудбалската федерација на Македонија ја образложи својата одлука:
Да настапуваш во дресот на македонската репрезентација е исполнување на детскиот сон. Токму затоа воопшто не е лесно да се каже збогум, но сега е време за тоа. Не само заради мене, туку и поради репрезентацијата, соиграчите и селекторот. Чувствувам дека повеќе не сум во можност на вистински начин да одговорам на репрезентативните обврски и сега е време чесно да го соопштам тоа. Би сакал да се заблагодарам на сите соиграчи од репрезентацијата и целиот стручен штаб. Благодарност за селекторот Благоја Милевски за соработката и целата поддршка. Минавме и тешки и радосни моменти. Спомените ќе ги чувам засекогаш. Во оваа репрезентација има талент и квалитет. Убеден сум дека ќе продолжат да напредуваат и да ја радуваат македонската спортска јавност. Оваа генерација на македонски фудбалери зад себе веќе има големи резултати и се што треба е да продолжат да даваат се од себе на секој натпревар за Македонија. Во победа или пораз, навивачите тоа го ценат. Јас секогаш ќе бидам поддршка за тимот и цела репрезентација.
Напред Македонија“.
ФФМ му се заблагодари на Јаховиќ за неговиот придонес во репрезентацијата и му посaка успех во понатамошните клубски настапи. За македонската репрезентација Адис Јаховиќ дебитираше на 14. ноември 2012 година на пријателскиот натпревар против Словенија.
На денешен ден “13 Септември”
На 13-ти Септември 1989 година е роден Томас Милер, Германската машина на Баерн Минхен. Тој го држи рекордот за најмногу асистенции во Бундеслигата, со 152 асистенции.
Диего Коста и официјално е нов играч на Вулверхемптон
Фудбалскиот клуб Вулверхемптон соопшти дека потпиша договор со напаѓачот Диего Коста. 33-годишниот фудбалер остана без клуб откако во јануари го напушти бразилскиот Атлетико Минеиро, а со популарните Волци потпиша договор до крајот на сезоната. Коста лекарските прегледи ги мина минатата недела после што ја доби и потребната работна дозвола, па така тој ќе биде замена за Саша Калајџиќ кој доживеа тешка повреда на своето деби во дресот на Вулверхемптон. Коста во својата кариера има забележано 500 настапи, има освоено 12 трофеи, од кои две титули во Премиер лигата со Челзи и две Примери со Атлетико Мадрид.
Италија ја совлада Полска и стана нов светски првак во одбојка
Одбојкарите на Италија ја победија Полска синоќа во Катовице со 3-1 во финалето на Светското првенство.
Натпреварот започна како што очекуваа домашните навивачи со победа во првиот сет на полските одбојкари со 25-22. Италијанците не се предадоа и со целосен пресврт го добија финалето. Во вториот сет беше 25-21, во третиот 25-18, во четвртиот 25-20.
Ова е прв трофеј за Италија на Мундијалите по пауза од 24 години. Претходно тие победија во 1998, исто како и во 1990 и 1994 година. Во натпреварот за бронзениот медал, Бразил ја совлада Словенија со 3-0, по сетови 25-18, 25-18, 22-25 и 25-18. Мундијалот во Полска и Словенија се играше од 26 август до 11 септември.
Србија е европски шампион во баскет 3х3
Машката репрезентација на Србија во баскет 3х3 ја одбрани титулата на Европското првенство кое се одржа во Грац Австрија, откако во финалето ја совлада Латвија со резултат 21:14.
Третото место на шампионатот го освои Холандија, која со 21:10 беше подобра од Литванија.
За репрезентацијата на Србија која е и актуелен светски првак во баскет 3х3, ова е четврто злато во историјата на европските првенства.
Златниот медал во женска конкуренција му припадна на Франција која во финалето беше подобра од Холандија 21:14.
Пешиќ: Постојат повеќе причини за поразот на Србија од Италија
Кошаркарската репрезентација на Србија го заврши својот настап на Европското првенство во Кошарка после неочекуваниот пораз во осминафиналето од Италија со резултат 94:86.
Селекторот на српската репрезентација, Светислав Пешиќ, признава дека Италија одиграла извонреден натпревар и дека Србија беше заслужено поразена.
„Италија одигра фантастично, тие беа свежи како тим, физички фантастично подготвени. Не сакам да барам изговори за нашиот пораз но како тим се соочувавме со голем број на проблеми низ припремите за првенството. Многу играчи испаднаа од екипата за време на подготовките, имавме повреди, болести, некои играчи успеаја да се вратат, некои не. Кога се игра еден ваков натпревар знаевме дека може да се случи и пораз. Сега следува анализа и соопштување на идните планови“, изјави Пешиќ.
Одбојкарите на Италија го освоија светското злато
Италијанската одбојкарска репрезентација е нов светски шампион, откако во финалето славеше победа над домаќинот Полска со 3:1 во сетови.
За Италија ова е четврта титула светски шампион . Претходните три титули италијанците ги освоија во 1990, 1994 и 1998 година.
Третото место и бронзениот медал им припадна на Бразил, кој беше подобар од Словенија.
Бока Јуниорс славеше во „Суперкласико“
Екипата на Бока Јуниорс е победник на можеби најголемото дерби на светскиот клупски фудбал. Бока на својот популарен стадион „ Бомбоњера“ беше подобар од Ривер Плата со резултат 1:0.
Стрелец на голот за победа го постигна Дарио Бенедето во 63.минута од средбата, која изобилуваше со тензична игра и жестоки стартови типични за ова дерби.
Бока Јуниорс со оваа победа се наоѓа на четвртото место од табелата со освоени 32 бода на 18 натпревари.
Алкараз славеше на УС Опен и стана најмлад број 1 на светот
19-годишниот шпански тенисер Карлос Алкараз во своето прво грен слем финале стигна до трофејот, откако во Њујорк на УС Опен го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 3:1 во сетови, во дуел кој траеше три часа и 23 минути.
Со оваа победа Шпанецот стана и најмладиот број 1 тенисер во светот. Во оваа битка за врвот на АТП листата, Каспер Руд ја зазеде втората позиција на истата.
За Алкараз ова е шеста титула во кариерата, а за победата на УС Опен како награда освои 2,6 милиони долари.