feature

Стадионите во Турција ќе бидат целосно исполнети

На сите стадиони во Турција од 9 ноември ќе им биде дозволена максимална исполнетост со гледачи. Ова следува по одлуката на Фудбалскиот сојуз на Турција, кој ја донел одлуката согласно препораките на надлежните здравствени институции во државата.

Од почетокот на оваа сезона, на турските стадиони беше дозволена исполнетост од 50 %, додека минатата година сите натпревари се играа без присуство на публика.

Сепак и после оваа одлука сите гледачи ќе треба да ги исполнат пропишаните услови согласно предвидените мерки за заштита од пандемијата.


Манчестер Јунајтед нема намера да го продава Погба во јануари

Според информациите од англискиот весник Телеграф, Манчестер Јунајтед нема да го продаде Пол Погба во јануари, дури и да не потпише нов договор со клубот.

Раководството на Јунајтед е подготвено да го пушти Погба да си замине од клубот како слободен играч на крајот од оваа сезона.

Ова е одлична можност за заинтересираните Реал Мадрид, Барселона, Пари Сен Жермен и Јувентус да го доведат Французионот без да платат обештетување.

Пол Погба во Манчестер Јунајтед пристигна од Јувентус во 2016 година за огромни 89 милиони фунти.


Пресврт во Милано: Алексис Санчез ќе го продолжи договорот со Интер

Алексис Санчез може да остане во клубот од Милано. Раководството на клубот ја разгледува опцијата Чилеанецот да не ја менува клупската средина следната зима, туку да го обнови договорот. Договорот на актуелниот фудбалер е со важност до 2023 година, според кој Санчез заработува околу 7 милиони евра годишно.

Оваа сезона Санчез учествуваше во седум натпревари од сите натпреварувања и имаше една асистенција. Санчез ја помина сезоната 2019/2020 во Интер како позајмен од Манчестер Јунајтед. Напаѓачот учествуваше на 29 натпревари, стана автор на 4 гола и 10 асистенции, а доби и три жолти и еден црвен картон.


Рудигер даде коментар за новиот договор

Столбот на одбраната на Челзи, Антонио Рудигер ги коментираше неговите преговори за нов договор со клубот.

„Најбитно е што сум среќен во Челзи. Што се однесува до договорот, преговарам со клубот, но има информации кои не се споделуваат јавно. Како што кажав претходно, преговорите со клубот започнаја по завршувањето на Европското првенство. Мојот менаџер е во постојана комуникација со директорот на клубот, Марина Грановска.  Немам што да кажам за гласините кои се шират и не размислувам за нив. Фокусиран сум само на фудбалот“, вели Рудигер.

Германскиот репрезентативец оваа сезона за Челзи има одиграно одигра 12 натпревари и има еден гол и една асистенција. Актуелниот договор со Челзи му истекува во јуни 2022 година.

https://twitter.com/allchelsc/status/1454126082496552965?s=20



Тухел: Вернер и Лукаку се враќаат по репрезентативната пауза

Тренерот на екипата на Челзи, Томас Тухел, соопшти кога очекува повредените Тимо Вернер и Ромелу Лукаку да бидат повторно фит за игра.

„Најреална опција е тие двајца да се вратат во погон после репрезентативната пауза које е во ноември. Дотогаш Лукаку и Вернер ќе бидат надвор од тренажен процес со првата екипа. Добра вест е што од повреда се опорави Пулишиќ и тој е спремен да настапи на средбата со Барнли“, изјави Тухел.

Лукаку и Вернер оваа сезона заедно имаат постигнато 6 голови и со сигурност ќе недостасуваат во играта на Челзи. 


Ковачиќ се повреди, му следи неколкунеделна пауза

Матео Ковачиќ се повреди на тренингот на својата екипа. Според менаџерот на лондончани Томас Тухел, тој ќе отсуствува неколку недели.

Играчот може да го пропушти натпреварот од квалификациите за Светското првенство во 2022 година против репрезентацијата на Русија. Средбата ќе се одржи на 14 ноември во Сплит. Ковачиќ најверојатно ќе ги пропушти следните три натпревари на Челзи, два во англиската Премиер лига и еден во Лигата на шампионите.

„Тој ќе биде надвор од терените неколку недели. Можете да го повикате во три часот наутро на технички тренинг, одбранбен тренинг, статичен тренинг или само да го слушнете. Тој секогаш ќе биде достапен. Фантастичен тимски играч. Има таква страст за тренинзи“, коментираше Тухел на денешната прес-конференција.


Секулов го продолжи договорот со Јуве до 2025 година

Никола Секулов кој важи за играч со голем потенцијал ја обнови соработката со „старата дама“.

19-годишниот играч за врска со добрите настапи за У23 тимот си обезбеди нов договор, па во Јувентус не оставаат ништо на случајноста. Новиот договор на Секулов ќе има важност до 2025 година.

Секулов во минатото на настапуваше во младите категории на Македонија, но потоа се реши да го носи дресот на репрезентацијата на Италија. Од кога ја доби дозволата да игра за Италија настапуваше за У17, У18, и У20 селекциите на „аурите“.


Икарди на излезна врата од Париз, Челзи можна дестинација

Мауро Икарди не е задоволен од својот статус во ПСЖ и сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок. Икарди не добива голема минутажа во Париз поради големата конкуренција и побарал трансфер, а последен клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис е Челзи.

Тухел одлично го познава Аргентинецот и верува дека ќе биде иделана алтернатива за Лукаку, особено поради фактот што Вернер не ги исполни очекувањата.

Челзи е спремен да му ја дава на Икарди истата плата која ја заработува во ПСЖ, а напаѓачот може да пристигне на позајмица со право на откуп.


Јувентус тргнува по Влаховиќ

Раководството на Јувентус, ќе се обиде веќе во јануари да го доведе во своите редови српскиот интернационалец Душан Влаховиќ.

Србинот Влаховиќ игра во животна форма и е најдобар играч и стрелец на Фиорентина. „Старата дама“ веќе подолго време го следи Влаховиќ но пред да го ангажира, прво ќе мора да се ослободи од услугите на некои играчи за да може да обезбеди доволно финансии за високата плата која ја побарува играчот на Фиорентина. Прв кандидат за напуштање на Јувентус се споменува Англичанецот Арон Ремзи.


Швајцарците забранија гостински навивачи на трибините

Швајцарската фудбалска лига (СФЛ) објави денеска дека планира да забрани присуство на гостински навивачи на стадионите по серијата натпревари кои ги одбележаа насилно однесување на хулигани.

Размислуваме за затворање на гостинските сектори со цел да ги заштитиме мирните навивачи, соопшти СФЛ.

Серијата инциденти на фудбалските стадиони во Швајцарија кулминираше во саботата на дерби натпреварот пред 16.000 гледачи меѓу градските ривали Грасхоперс и Цирих (3-3) на стадионот Лецигрунд, кој го делат двете екипи, кога гостинските навивачи влегоа на теренот во обид да се пресметаат со противниците.

Клубовите и СФЛ веќе не можат да ја толерираат ваквата состојба, која нанесува огромна штета на швајцарскиот фудбал во целина и затоа се разгледуваат сите опции за затворање на гостинските сектори, порачаа од швајцарската лига.