feature

Премиерлигашот Тотенхем го купува Толисо?

Корентин Толисо е блиску до трансфер во Тотенхем, пренесува „Калчомеркато“.

Спортскиот директор на „спарси“, Фабио Паратичи веќе подолго време ги следи настапите на Французинот и започнал преговори со неговиот агент.

Толисо влезе во последната година од договорот и откако стана јасно дека нема да ја продолжи соработката со Баерн, за него интерес покажаа неколку европски гиганти меѓу кои Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер и Рома.


Кланот Јужноамериканци не го сака Вајналдум во ПСЖ

Јужноамериканските фудбалери во ПСЖ не го поддржуваат Жоржињо Вајналдум и тоа се покажува со неговата тешка адаптација во клубот. Јужноамериканците во Вајналдум гледаат како конкуренција за Леандро Паредес и поради тоа не сакаат да ја олеснат интеграцијата на Холанѓанецот, кој ова лето пристигна во ПСЖ.

Во ПСЖ има многу јужноамериканци, Аргентинци и Бразилци, кои силно се држат меѓу себе во соблекувалната, а наводно и тоа е причината зошто Вајналдум добива мала минутажа во последно време.

Станува збор за влијателна група на фудбалери кои исто така го преферираат Кејлор Навас на голот наместо Донарума.


Димитријевиќ се повреди, ќе ги скокне ноемвриските натпревари на репрезентацијата

Будуќност приреди изненадување и во второто коло од Еврокупот ја совлада Валенсија. Сепак, неочекуваниот пораз падна во сенка на информацијата што денес ја објавија од шпанскиот клуб.

Имено, Валенсија објави дека македонскиот репрезентативец Ненанд Димитријевиќ се здобил со повреда на задниот дел на бутниот мускул и поради тоа не го доигра натпреварот во Подгорица.

Прегледите покажале дека Нено има скинат мускул на тетивата и според првите прогнози ќе биде надвор од терените најмалку шест недели. Ова не е добра вест за македонската репрезентација затоа што на крајот на следниот месец не чекаат нови натпревари во мундијалските квалификации.


Лапорта: Секогаш сум велел дека Чави еден ден ќе ја води Барса

Жоан Лапорта ја коментираше ситуацијата во клубот и заминувањето на тренерот Роналд Куман.

Лапорта беше запрашан за Чави, кој важи како фаворит за празното столче на „Камп Ноу“.

„Секогаш сум кажувал дека Чави еден ден ќе ја води Барселона. Тој го сака фудбалот и е дел од клубот, па неговото враќање тука е и негова цел. Имам доверба во луѓето кои го следат како него, така и други тренери“, додаде претседателот на Каталонците.


Серџи Бархуан имаше прва средба со играчите на Барселона (Видео)

Легендата на Барселона, Серџи, се врати во соблекувалната и се сретна со играчите на тимот, но овај пат како нивни тренер. Серџи Бархуан ќе го води каталонскиот тим до најавеното доаѓање на Чави за главен тренер на Барселона.

Серџи после запознавањето со играчите го одржа и првиот тренинг пред првенствениот дуел со екипата на Алавес  кој ќе се одигра на „Ноу Камп“.

Серџи Бархуан, како играч настапуваше за екипата на Барселона од 1993 до 2002 година, а како тренер ги водеше екипите на Рекреативо, Мајорка, Алмерија, Жејанг и Барселона Б.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1453818103809421317?s=20

Одлични вести за Ливерпул и Клоп

Фудбалскиот клуб Ливерпул и тренерот Јирген Клоп, добија одлични вести во врска со состојбата на Наби Кеита и Тиаго Алкантара. Двајцата фудбалери продолжија со тренинзи со екипата и се очекува да бидат на располагање за претстојните натпревари на „црвените“.

Наби Кеита заработи повреда на дуелот со Манчестер Јунајтед после еден опасен старт од Пол Погба, додека Алкантара веќе подолго време се опоравува од повреда и не беше на располагање на тренерот Клоп.

Ливерпул во сабота гостува во Брајтон во рамките на Премиер лигата, а потоа следува натпревар против Атлетико Мадрид во натпревар од Лигата на шампионите.


Како Рајола го продал Халанд во Дортмунд наместо во Манчестер

Манчестер Јунајтед бил на чекор да го ангажира младиот голгетер, Ерлинг Халанд, но, се пропаднало бидејќи неговиот менаџер, Мино Рајола, решил да им се одмазди на „црвените ѓаволи“.

„Понудата на Манчестер Јунајтед за Ерлинг беше многу подобра и очекувавме дека ќе заврши таму. Сепак, Мино Рајола нѐ изненади и го донесе кај нас во Борусија Дортмунд“, потенцираше Ханс-Јоаким Вацке, првиот човек на „милионерите“.

Интернационалецот од Норвешка во 2020 година го напушти австрискиот Салцбург и за дваесет милиони евра се пресели во Бундеслигата.


Меси неизвесен за дербито на ПСЖ против Лил

Лео Меси се соочува со повреда и веројатно нема да игра на денешното дерби со Ленс во 12 коло во Францускиот фудбалски шампионат, потенцираше на вчерашната прес-конференција, тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино.

Аргентинскиот стратег вели дека неговиот сонародник тренирал одвоено од екипата бидејќи чувствувал болки во мускулите.

ПСЖ во пресрет на новото коло во Лига 1 се наоѓа на чело на табелата со 28 бодови или седум повеќе од второпласираниот Ленс.


Вејн Руни упати критики кон играчите на Манчестер Јунатед

Легендата на клубот од „Олд Трафорд“, Вејн Руни, упати жестоки критики до играчите на Манчестер Јунајтед за моменталната состојба на тимот. Според Руни, звездите на Јунајтед со најголеми примања во тимот не даваат се од себе за време на натпреварите.

„Играчите на Манчестер  мора да се погледнат себеси и да си постават некои прашања. Премногу е лесно сите критики да бидат упатени до Солскјер а оние играчи кои добиваат огромни пари за да ја завршат својата работа, не се залагаат доволно добро. Тие имаат високи барања, а гледам премногу играчи кои не сакаат да трчаат, не се враќаат да помогнат во одбраната. Ова е неприфатливо. Овие играчи треба да имаат голема одговорност,мора да се залагаат повеќе кога го носат дресот на Манчестер Јунајтед“, изјавува Руни.


Лаутаро Мартинез продолжува во Интер

Фудбалскиот клуб Интер, преку својот официјален веб сајт објави дека Лаутаро Мартинез го продолжи клубот со договорот со миланскот клуб до 2026 година.

„Среќен сум што ќе продолжам да играм за Интер, бидејќи се чувствувам одлично во овој клуб. 

24-годишниот Аргентинец оваа сезона одигра 12 натпревари за Интер и постигна пет гола и една асистенција.