feature

Клубовите бараат две милијарди евра од УЕФА како последица на ковид-кризата

Повеќе од сто клубови во Европа кои се тешко погодени од пандемијата со ковид-19 гледано од финансиски аспект, бараат околу две милијарди евра во вид на помош од УЕФА која најави дека ќе направи „фонд“ се со цел да им помогне .

Тие пари се еден вид кредити за клубовите по најниска каматна стапка  за што УЕФА ќе гарантира во институциите и банките.

Европската куќа на фудбалот се определи да го направи фондот се со цел да го спречи формирањето на Суперлигата.


Пике: Бензема е многу подобар откако Роналдо си замина од Реал

Барселона и Реал во недела од 16:15 часот ќе го играат големото „Ел Класико“.

Реал Мадрид во овој момент е второпласиран со 17 бодови, два повеќе од Барселона која конечно врза две победи и со евентуален триумф би ги прескокнале „кралевите“.

„Нема овој натпревар многу да реши кога во прашање е првенството, но победа сигурно би ни донела голема самодоверба. Не размислуваме многу а нив, фокусирани сме на себе. До сега не игравме баш добро, против Динамо моравме уште подобро. Едноставно мораме да бидеме поефикасни“, изјави Пике.

Беше запрашан за формата на Бензема.

„Се препороди со заминувањето на Роналдо. Тој остави дупка зад себе, а Бензема одлично ја пополни. Последните сезони игра навистина фантастично и заслужено се врати во репрезентацијата. Сепак, Реал не е само Бензема“, истакна Пике.


Пад од две места за македонскиот ракомет на ЕХФ листата

Македонија го има шестото место на ранг листата на ЕХФ. Тоа значи дека нашиот ракометен шампион во наредната сезона ќе стартува директно во групната фаза во елитата на Европа.

Во второто по ранг натпреварување ќе имаме три места. Една екипа ќе оди директно во група, а другите две ќе треба да поминат низ квалификациите.

Што се однесува до ТОП 10 на ЕХФ , први се Германците пред Шпанците кои ја спуштија Франција на третото место.


Салах: Би сакал да играм за Ливерпул до крајот на кариерата

Звездата на Ливерпул Мохамед Салах изјави дека би сакал да игра за Ливерпул до крајот на кариерата, но дека тоа „не зависи од него“. 

Договорот на Салах со Ливерпул истекува во летото 2023 година, и во моментот се водат преговори за потпишување на нов договор кој би го задржал Египјанецот на Енфилд. Според медиумите од Англија менаџерот на Салах доставил барања до раководството на Ливерпул за плата од 400.000 фунти неделно.

“Не зависи од мене, но ако ме прашате, би сакал да останам до последниот ден од својата кариерата. Тоа е надвор од мојата контрола, се зависи од тоа што сака клубот. Во моментов не можам да замислам да играм со некој друг клуб против Ливерпул „Би било многу тешко, не сакам да зборувам за тоа бидејќи тоа би ме растажило“, изјави египетскиот репрезентативец. 


Катар го отвори својот шести стадион за Светското првенство во фудбал

Катар официјално го отвори шестиот од вкупно осум стадиони на кои ќе се играат натпревари од Светското првенство во фудбал 2020 година.

Стадионот е наречен  Ал-Тумама, и е со капацитет од 40.000 гледачи. Ова фудбалско здание ќе биде домаќин на шест натпревари во групната фаза од првенството, односно едно осминафинале  и едно четвртфинале.

Стадионот Ал-Тумама се наоѓа на 12 километри јужно од главниот град Доха.  По завршувањето на Мундијалот капацитетот на објектот ќе биде намален од 40 на 20 илјади седишта.


Барела и Лаутаро ќе добијат нови договори во Интер

Интер пред почетокот на новата сезона се соочи со големи финансиски проблеми, па поради тоа си заминаа Ашраф Хакими и Ромелу Лукаку, на тој начин се собраа средства за нормално функционирање.

Клубот повеќе нема потреба да продава, па сега целта ќе биде да се задржуваат најдобрите. Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота во интервју за „Кориере дело Спорт“ соопшти дека клубот е блиску до продолжување на договорите со Барела и Лаутаро Мартинез. Меѓутоа напомена и дека со Брозовиќ ситуацијата е малку поинаква.

„Со задоволство можам да кажам дека со Барела и Лаутаро сме скоро договорени и тие треба да потпишат нови договори. Од друга страна со Брозовиќ ситуацијата е нешто поинаква и сме подалеку од договор. Сепак, имаме време да ги решиме спротивностите“, истакна Марота.


Разбојници ја опустошиле куќата на Дибала

Пауло Дибала стана жртва на разбојниците. Тие влегле во куќата на Аргентинецот, која се наоѓа во предградието на Торино.

Според „Газета дело Спорт“, разбојниците скршиле прозорец на првиот кат, но чуварот ги забележал и го вклучил алармот. Натрапниците успеале да побегнат и да одземат вредни предмети со неутврдена вредност. Објавено е дека е можно меѓу украдените предмети да биде и колекцијата на скапи часовници на Дибала.

Да потсетиме дека Јувентус во натпреварот од третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите на гости го победи Зенит со резултат 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Дејан Кулушевски во 86. минута од средбата. Дибала не можеше да учествува на натпреварот поради повреда. Пауло Дибала оваа сезона одигра 6 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања, постигна 3 гола и две асистенции.


Меѓусебна тепачка во тимот на ЛА Лејкерс (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, Двајт Хауард и Ентони Дејвис за време на натпреварот против екипата на Феникс, започнаја расправа помеѓу себе која за малку ќе прераснеше во сериозна тепачка.

Инцидентот го започна Ентони Дејвис кој му дофрли некои зборови на Хауард кој седеше на клупата на Лејкерси, по што Хауард стана и дојде до меѓусебно туркање и расправија.

Доколку двајцата не беа разделени од нивните соиграчи на клупата сигурно ќе настанеше и посериозна тепачка.

Ла Лејкерс на крајот го загуби натпреварот со Феникс што е нивни втор пораз во две одиграни средби од стартот на новата сезона.

https://twitter.com/ClutchPointsApp/status/1451747796600590336?s=20

Хамилтон за Верстапен е “глупав идиот“

Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, изрази незадоволство од односот на Луис Хамилтон за време на одржувањето на вториот трнинг од трката за Големата награда на САД. 

Двајцата возачи во еден момент се доближија со тркалата на нивните болиди и за малку избегнаја контакт. Веднаш по настанот Верстапен реагираше преку тимското радио и го нарече Хамилтон глупав идиот, при што доби “наредба“ од својот тим да го игнорира однесувањето на возачот на Мерцедес.

Стартот на трката за Големата награда на САД во Ф1 која се вози на патеката во Остин е закажана за недела.


Пирло пред ангажман на клупата на Сампдорија

Андреа Пирло после неуспешната авантура на клупата на Јувентус ќе има нов ангажман во Серија А и тоа како тренер на Сампдорија.

На местото на Клаудио Раниери во Сампдорија дојде Роберто Д’Aверса, меѓутоа добрите резултати не продолжија па како што стојат работите се подготвува отказ за него. Според најавите од Италија прв избор е Пирло.

Пирло во претходниот период се поврзуваше со Барселона, меѓутоа поради финансиските проблеми Каталонците не можат да си дозволат отказ за Куман па Холанѓанецот се уште е на клупата.