feature

Лоша вест за Дортмунд – Ерлинг Халанд повторно во аут

Тренерот на Борусија Дортмунд,  Марко Росе објави дека поради повреда на бутниот мускул, најдобриот напаѓач на екипата, Ерлинг Халанд ќе паузира најмалку две недели.

Норвежанецот кој изминатата недела се врати од уште една повреда на мускулот и играше против Мајнц во Бундес лигата при што постигна два гола, но по настапот во Лигата на шампионите и дебаклот од Ајакс со пораз од 4:0, Халанд повторно почуствувал мускулна болка поради која ќе мора да паузира.


Ѓорѓиев четврти пат е светски првак во кик-бокс

Најдобриот македонски кик-боксер, Димитар Ѓоргиев е нов светски првак. Во финалето на Светското првенство во Италија во дисциплината лоу кик, Ѓорѓиев славеше против Никола Дробњак од Босна и Херцеговина со 3-0 и повторно се закити со светско злато.

Ова за него е четврта титула на светските првенства, откако претходно беше златен и на СП во 2011 година во дисциплината кик лајт.

На патот до финалето во Италија, Ѓорѓиев обезбеди три убедливи победи, без загубен поен. 


Манасков после операцијата на коленото: Се гледаме наскоро

Членот на македонската ракометна репрезентација, Дејан Манасков, објави на социјалните мрежи дека му е извршена успешна операција на лигаментите од коленото. Поради здобиената тешка повреда тој нема да настапи за репрезентацијата на Македонија на Европското првенство во 2020 година.

„Операцијата помина добро, се чувствувам одлично. Благодарам за сите ваши пораки со поддршка изминативе две недели. Интересниот дел може да започне, се гледаме наскоро, ве сакам сите “ – гласи пораката на Манасков.


Арсенал потпиша преддоговор со 4 годишно дете

Дека никогаш не е доволно рано за да се откријат талентирани фудбалери, потврдува премиерлигашот Арсенал, кој потпиша преддоговор со 4 годишно дете.

Станува збор за Зајн Али Салман кој веќе е интернет сензација со неговите постови на инстаграм каде ги прикажува неговите фудбалски мајстории. 

Малиот Али Салман кој вели дека е голем фан на Арсенал, уште од сега го споредуваат со Лео Меси поради неговата слична фудбалска техника.


Нови проблеми со фашизмот во Лацио

Дресерот на орелот кој е маскота на Лацио, Хуан Бернабе, е суспендиран од страна на раководството на римскиот клуб поради фашистички поздрави кој ги упатил кон ултрасите на Лацио.

Бернабе е снимен на видео клип на кое се гледа како тој изведува фашистички поздрав и скандира Дуче, Дуче,што е прекарот по кој е познат фашистичкиот лидер Бенито Мусолини.

Видеото е снимено на еден од последните домашни натпревари на клубот, најверојатно дербито со Интер.

Орелот Олимпија е маскота на Лацио и лета над стадионот Олимпико пред секој домашен натпревар на клубот.


Еден натпревар од Лига 1 ќе се игра во Кина

Француската лига има намера да одигра првенствен натпревар во Кина. Според информациите, станува збор за мечот меѓу Монако и Лион кој треба да се одигра во рамките на 23 коло од француската Лига 1.

Според најавите, дуелот би се одиграл на 5 февруари 2022 година, а и двата клуба се согласиле да патуваат за Кина. Тоа би бил прв првенствен натпревар од која било европска лига на друг континент, со оглед на тоа што досега се одиграни само пријателски или оние од Суперкупот.

Натпреварот би се играл во Шангај, а претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола разговарал за тоа минатата сабота со сопственикот на Монако, Олег Петер.


Затворен стадионот во Холандија на кој се урна трибината

Холандските власти го затворија стадионот „Гоферт“ во градот Нијмиген, откако во неделата се урна дел од трибина за време на прволигашкиот натпревар меѓу домаќинот Нец и Витесе.

Инцидентот се случи на дел од трибината со навивачи на Витесе по завршувањето на натпреварот кога започнаа да ја прославуваат победа од 1-0.

За среќа беше избегната трагедија и никој не беше повреден. Засега не се познати причините кои довелоа да се урне дел од стадионот, што е во сопственост на Градот.

„Бидејќи не знаеме зошто дел од трибината се урна, мораме да го затвориме стадионот. Доколку тоа не го направиме, безбедноста ќе биде загрозена. Стадионот повторно ќе биде отворен откако ќе бидеме 100 отсто сигурни дека објектот ќе биде безбеден“, соопштија градските власти во Нијмеген.


Барселона го “краде“ Мбапе од Реал?

Според информациите кои ги пишува весникот “АС“, Барселона се вклучила во борбата за потписот на Килијан Мбапе. И покрај постојаните информации за тешката финансиска состојба во Барса клубот од „Камп Ноу“ е подготвен да издвои 90 милиони евра за услугите на репрезентативецот на Франција.

Пред неколку месеци Килијан Мбапе одби да потпише нов договор со Париз Сен Жермен и на крајот од сезоната ќе биде слободен играч. 

Како што е добро познато најголем фаворит за доведување на Мбапе досега беше Реал Мадрид, но ќе видиме дали Барса со својата најнова понуда ќе успее да го привлече Французинот да премине во нивните редови.


Проблеми за Солскјер – Бруно Фернандеш неизвесен за дербито со Ливерпул

Еден од подобрите поединци  на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш може да го пропушти дербито против Ливерпул кое е закажано за во недела.

Според магазинот „Сан“, Португалецот заработил повреда на вчерашниот тренинг и со болки во ногата ја напуштил тренинг базата на клубот.

Тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се очекува на денешната прес конференција да даде поконкретни информации са состојбата на Фернандеш. 

Откако пристигна во екипата на Манчестер Јунајтед, Бруно настапи на три натпревари против Ливерпул, и постигна два гола.


Ждрепката за групите на СП во Катар на 1 април 2022 година

Ждрепката за групната фаза за Светското фудбалско првенство во Катар идната зима ќе се одржи на 1 април 2022 година, ден по конгресот на ФИФА закажан за 31 март во Доха.

Мерило во кој шешир ќе се најдат учесниците на Мундијалот пред жрепката ќе биде рангирањето на репрезентациите на ФИФА листата.

Во моментот на ждрепката нема да бидат познати сите 32 земји учеснички, бидејќи последните две репрезентации пласманот на завршниот турнир во Катар ќе го обезбедат по интерконтиненталните плејоф натпревари.

Засега пласман на Мундијалот, кој ќе се одржи идната година од 21 ноември до 19 декември, обезбедија Данска, Германија и домаќинот Катар.