feature

Три земји поднесоа кандидатура за ЕП во ракомет во 2028 година

Шпанија, Португалија и Швајцарија поднесоа заедничка кандидатура за организација на Европското првенство (ЕП) во ракомет во машка конкуренција во 2028 година, објави Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Трите земји ги споија во едно кандидатурите, откако претходно Шпанија и Португалија излегоа со заедничка кандидатура, додека Швајцарија поднесе кандидатура за ЕП 2026 и ЕП 2028.

Прифаќајќи ја заедничката кандидатура на Шпанија и Португалија за ЕП 2028, Швајцарија ги повлече своите кандидатури за завршните турнири во 2026 и 2028.

Трите земји во заедничката кандидатура, меѓу друго, како место за одигрување на завршните натпревари на првенството го наведао стадионот на фудбалскиот гигант Реал, „Сантијаго Бернабеу“.

Одлуката за организација на ЕП 2028 ќе биде донесена на 20 ноември во Виена.


Лапорта со порака до Фати: Барселона ќе ти помогне да ги оствариш своите цели

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта го изрази своето задоволство од потпишувањето на новиот договор со младата надеж на Барса, Ансу Фати, кој ќе остане во клубот до 2027 година.

Лапорта му вети на  Ансу дека клубот ќе направи се за да му помогне на играчот да ги постигне своите цели во фудбалот.

“Во Барселона ќе ти помогнеме да ги постигнеш своите цели. Тие се исти со нашите “, изјави Лапорта.

Лапорта кажа дека за него би било остварување на сонот доколку еден ден екипата на Барселона биде целосно составена од играчи кои потекнуваат од “Ла Масиа“ популарната младинска академија на клубот.


Баерн Минхен ја критикува ФИФА околу планот за Светски првенства на две години

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, е најновото фудбалско име која ја критикуваше идејата на ФИФА за одржување на светски првенства на секои две години, велејќи дека „никогаш не треба да го жртвувате фудбалот заради финансиските интереси“.

„Играчите, тренерите, сите оние што се одговорни во клубовите, се жалат на премногу натпревари    и сега бројот на натпревари со Светското првенство повторно ќе се зголеми? Едноставно нема логика во ова. Треба да размислиме за здравјето на играчите “, изјави Хајнер за германскиот магазин„ Кикер “.

Хајнер додаде дека ФИФА не треба да ја расипува досегашната пракса на одржување  на светските првенства на секои четири години. „Овој временски распоред е докажан многу децении наназад. Светското првенство е еден од најголемите спортски настани во светот – и има причини за тоа“, изјави претседателот на баварскиот гигант, кој е шесткратен европски клупски шампион.


Салах доби своја восочна фигура (Видео)

Звездата на Ливерпул и Египет,Мохамед Салах, ја претстави својата восочна фигура во музејот Мадам Тисо во Лондон.


Ждрепката за Мундијалот во Катар ќе се одржи на 1 април

Од Светската фудбалска федерација (ФИФА) денес соопштија дека ждрепката за групите од Светското фудбалско првенство во Катар 2022 година, ќе се одржи на 1 април наредната година.

Во соопштението се наведува дека сместувањето на репрезентациите во шеширите ќе се врши врз основа на ранг листата на ФИФА.

Светското првенство ќе се одржува од 21 ноември до 18 декември 2022 година. Досега пласманот на мундијалот го имаат обезбедено репрезентациите на Германија, Данска и домаќинот Катар.


Ѕвездата на Ривер пред потпис со Милан

Милан е во напредни преговори со Ривер Плата за младиот напаѓач, Јулијан Алварез. 21-годишниот напаѓач блесна веќе втора сезона во дресот на Ривер Плата и е на мета на многу европски гиганти.

Скаути  на Милан го следеле Алварез во живо на мечот со Сан Лоренцо, а младиот напаѓач постигна хет-трик, па „росонерите“ веднаш започнале преговори со неговиот агент

Алварез има договор со аргентинскиот клуб до декември следната година и не планира да го продолжи, а Ривер за неговата слобода бара 25 милиони евра.


Македонија остана 74-та на ФИФА ранкинг листата

Македонската фудбалска репрезентација остана на 74-тото место на новата ранг листа на ФИФА.

Избраниците на Благоја Милевски во месецов одиграа два меча и тоа победија во Вадуц против Лихтенштајн со 4:0 а потоа со истиот резултат беа совладани во Скопје од фаворитот Германија.

Во топ 10 нема промени, лидер е Белгија пред Бразил и Франција. Натаму се наредени Италија, Англија, Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико  и Данска.


Педри ќе го скокне „Ел Класико“ в недела попладне

Барселона на големото фудбалско дерби против Реал Мадрид закажано за в недела на „Камп Ноу“ , ќе биде без Педри и Арухо кои се соочуваат со повреди.

Младиот перспективен напаѓач паузира подолг период додека Арухо кој има значајна улога во одбраната би требало да се врати во тренинг процес по една недела.

Големото „Ел Класико“ ќе биде реализирано в недела во попладневниот термин од 16:15 часот.


Челзи и натаму преговара со Ерлинг Халанд

Томас Тухел призна дека во клубот не се откажуваат од идејата за трансфер на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Челзи летово се обидуваше да го доведе Норвежанецот, но откако не успеа да се договори со Борусија се одлучи за Ромелу Лукаку.

„Дискутиравме за Халанд неколку пати во Челзи. Но трансферот беше нереален. Секако дека редовно разговараме за него. Редовно зборуваме за него бидејќи е фантастичен фудбалер и дефинитивно важна фигура во Борусија, која е сериозен конкурент во Лигата на шампионите“, изјави Тухел.


Јувентус се откажува од враќање на Пол Погба

Екипата на Јувентус по се изгледа се откажува од намерата да го врати  Пол Погба од Манчестер Јунајтед. “Бјанконерите“ имаат шанса да го доведат и по втор пат без да платат за него, бидејќи договорот на францускиот репрезентативец со Јунајтед му истекува на лето кога ќе стане слободен играч.

Спортскиот директор на клубот од Торино, Федерико Черубини, вели дека клубот не размислува за оваа можност.

 „Нашата политика е да доведуваме млади играчи, како Ерлинг Халанд, кои имаат голем потенцијал за во иднината. Нашите инвестиции ќе бидат насочени главно во оваа насока и ќе бараме ваков тип на играчи “, изјави Черубини.

Пол Погба е трансфер цел и на Реал Мадрид и ПСЖ, а Манчестер Јунајтед сака да го задржи во своите редови и се надева дека ќе потпише нов договор со Французинот.