feature

Солскјер: Знаев дека ќе го свртиме резултатот и ќе победиме

Оле Гунар Солскјер, вели дека бил сигурен во победата против Аталанта иако италијанскиот тим имаше предност од два гола по првото полувреме.

„Тие имаа две шанси и дадоа два гола. Мора да престанеме да играме на таков начин и да примаме лесни голови. На полувреме им реков на фудбалерите да се обидат да го постигнат првиот гол веднаш по паузата затоа што сум сигурен дека подоцна ќе го добиеме натпреварот“, изјавил Солскјер по триумфот со 3:2 во 3-то коло во Лигата на шампионите.


Дванаесет федерации се противат на идејата за Мундијал на секои две години

Повеќе од 12 национални фудбалски асоцијации ја известија УЕФА за нивните планови да се повлечат од ФИФА која сака Светското првенство на секои две години.

Според изворот, евентуалното повлекување од Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), нема да влијае на учеството на клубовите и репрезентациите на турнирите под покровителство на европската федерација.

Претходно, ФИФА ги извести националните федерации за плановите за одржување на Светското првенство на секои две години, почнувајќи од 2026 година.

Од 1930 година, Мундијалите се одржуваат на секои четири години, со исклучок на 1942 и 1946 година поради Втората светска војна.

Претстојните турнири ќе се одржат во Катар (2022 година), како и во Канада, Мексико и САД (2026 година).


Доминик Калверт-Левин надвор од теренот на подолг период

Екипата на Евертон доби лоша вест откако се дозна дека напаѓачот Доминик Калверт-Левин има  проблеми со закрепнувањето и нема да може да игра уште неколку недели.

Англискиот репрезентативец нема играно од крајот на август, откако доби скршеница на палецот а потоа и повреда на бутниот мускул. Иако се очекуваше наскоро да се врати на теренот, сепак по се изгледа дека неговото враќање ќе биде одложено.

“Доминик Калверт-Левин ќе отсуствува уште неколку недели бидејќи се појавија  компликации при закрепнување од повредата на бутниот мускул. Тој ќе продолжи со рехабилитација и за некое време ќе знаеме повеќе за неговата состојба“, се вели во официјалното соопштение на клубот.

24-годишниот напаѓач од стартот на сезоната постигна по еден гол на сите 3 натпревари за Евертон а минатата сезона во сите натпреварувања имаше 21 погодоци.


Лукаку и Вернер поради повреда пропуштаат неколку натпревари

Напаѓачите на Челзи, Ромелу Лукаку и Тимо Вернер ќе пропуштат неколку натпревари за својот тим откако се повредија во победата од 4-0 над Малме во Лигата на шампионите, потврди тренерот на екипата Томас Тухел.

“Лукаку го свитка глуждот од ногата при дуелот со играчот на Малме кога беше и досуден пенал за Челзи, а Вернер се здоби со повреда на скочниот зглоб. Двајцата играчи се повредија за време на првото полувреме.

Двајцата напаѓачи ќе отсуствуваат од настапи за Челзи за некој период, но ќе требаат подетални лекарски прегледи за да добиеме попрецизни податоци“, изјави Тухел.


Њукасл го враќа Озил во Премиер лигата

На Месут Озил не му оди како што очекуваше во редовите на Фенербахче, а медиумите шпекулираат дека би можел да се врати во Премиер лигата.

Озил е далеку од нивото на кое играше во минатото, но и понатаму привлекува интерес. Според новинарот Екрем Конур Озил е желба на новите газди на Њукасл

Според неговите информации, Озил не е единствениот играч на Фенербахче кој е нивна мета, тука е и голманот Алтај Бајиндир. Меѓутоа сигурно дека многу работи ќе зависат и од тоа кој ќе биде новиот тренер на Њукасл, утрово Стив Брус и официјално си замина од клубот.


Солскјер: Имаме традиција на правење пресврти

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не ги штедеше пофалбите  за своите играчи по синоќешниот пресврт против Аталанта во Лигата на шампионите, кога неговите избраници успеаја да победат со резултат 3:2, иако на полувреме губеа со 0:2.

„Мислам дека и во првото полувреме одигравме добро, но Аталанта постигна два гола од две створени шанси. Тоа мораше да го прекинеме за да имаме шанси за победа. Како клуб имаме традиција да правиме резултатски пресврти. Во соблекувалната, им реков на момците дека ако следниот гол на натпреварот го постигнеме ние, на крајот ќе победиме. Бев сигурен дека ќе успееме, само требаше да ги искористиме нашите шанси“, изјави Норвежанецот.

„Навивачите се многу важен дел од нашиот клуб. Нивната поддршка ни даде крилја за победа на натпреварот. Играчите треба да бидат многу среќни бидејќи играат за клуб каков што е Манчестер Јунајтед.“, вели Солскјер.


Супер вест за Јувентус – Дибала согласен на нов 5-годишен договор

Напаѓачот Пауло Дибала се согласи да стави потпис на нов договор со Јувентус. Како пренесува Тутоспорт, Аргентинецот ќе остане во Торино до 2026 година. 

Менаџерот на фудбалерот отпатува за Италија за да ги дефинира и последните детали од договорот, според кој Дибала ќе заработува 8,5 милиони евра годишно плус 1,5 милиони евра во бонуси.

Пауло Дибала е во Јувентус од 2015. од почетокот на сезоната во Серија А, на 5 натпревари има постигнато 2 гола и 2 асистенции.


Шпанецот Дани Олмо во јануари заминува од РБ Лајпциг?

Дани Олмо во јануари ќе го напушти Лајпциг.

„Барселона не планира да се откаже од Олмо и во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го доведе. Планот на Барселона е да го позајми Олмо за вториот дел од сезоната, а потоа да го откупи неговиот договор во летото 2022 за 60 милиони евра“, пишува „Билд“.

Се наведува дека Барселона е прв избор за Олмо, но ако не успеат да пронајдат пари да го ангажираат тогаш шпанскиот репрезентативец би можел да се пресели во Англија. Целата ситуација околу Олмо ја следат Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, тврди Фалк.

Треба да се спомене дека пари од трансферот на Олмо ќе добие и Динамо Загреб кој се договори за одреден процент при неговата продажба во германскиот клуб.


Паратичи во Тотенхем ги бара истите засилувања како и неговиот поранешен клуб

Фабио Паратичи сака да му ја замрси работата на својот бивши клуб Јувентус.

Имено, Паратичи сака уште во зимскиот преоден рок да договори две големи трансфер желби на „старата дама“. Се тврди дека Паратичи веќе работи на трансферите на Душан Влаховиќ од Фиорентина и Орелиан Чуамени од Монако.

Двајцата фудбалери се најголеми желби на Јувентус и сака да ги донесе следното лето во Торино. Паратичи ќе направи се што е во негова моќ за да ги донесе двајцата фидбалери во Лондон, а наводно добил доволно буџет од претседателот Даниел Леви.


Барса без тројца фудбалери пред „Ел Класико“

Тројца фудбалери на Барселона нема да му бидат на располагање на тренерот Роналд Куман за шпанското фудбалско дерби против Реал Мадрид в недела.

Играчот од средниот ред Педри, крилниот напаѓач Осман Дембеле и дефанзивецот Роналд Араухо се опоравуваат од повредите и нема да бидат подготвени за Ел Класико, пишуваат шпанските медиуми.

Натпреварот на „Камп Ноу“ е на 24 октомври и започнува во 16.15 часот. Во моментов, Реал Мадрид е втор на табелата во Примера со 17 бода, но со натпревар помалку.

Лидер е Реал Сосиедад со 20 бода. Барселона, пак, го зазема седмото место на табелата со 15 бодови, а исто така има еден натпревар помалку.