feature

Одлични вести за Челзи – Тиаго Силва и Рудигер се враќаат на теренот

Томас Тухел , ќе може да рачуна на своите играчи од одбраната, Антонио Рудигер и Тиаго Силва за претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против Малме.

Рудигер се опорави од повредата на грбот, додека Тиаго Силва се враќа во тимот после репрезентативниот настап со селекцијата на Бразил. Оваа вест го израдува тренерот Тухел бидејќи без овие двајца стандардни дефанзивци во тимот, Челзи се потпираше на младите Тревор Чалоба и Сар кои настапија на дуелот со Брентфорд во Премиер лигата.

Натпреварот со Малме се игра на “Стенфорд Бриџ“, среда во 21 часот.


Белград наскоро со нов стадион од 257 милиони евра

Како што неодамна најави селекторот на фудбаската репрезентавија на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси, денес официјално се обелодени веста дека во Србија ќе се гради ултра модерен стадион кој треба да биде готов до 2025 година.

Новиот национален стадион кој ќе се вика “Србија“ ќе чини 257 милиони евра и на него ќе играат само националните репрезентации на Република Србија. Стадионот ќе има капацитет од 52 илјади седишта и ќе никне на 15 километри од центарот на главниот град, Белград.


Деклан Рајс е можниот наследник на Фернандињо во Манчестер Сити

Шампионот на Премиер лигата, Манчестер Сити е заинтересиран ова лето да го доведе во своите редови 22-годишниот Деклан Рајс, во кого гледа долгорочна замена за бразилецот Фернандињо.

Според информациите од Англија, Сити бил многу блиску со испраќање на понуда до Вест Хем минатата сезона, но паднала одлука да му се понуди нов едногодишен договор на ветеранот Фернандињо.

Челзи и Манчестер Јунајтед се другите две екипи кои ќе водат битка со Сити за потписот на англискиот репрезентативец кој од Вест Хем е проценет на 100 милиони фунти.


Бензема со можна казна затвор од 5 години

Членот на Реал Мадрид и репрезентативец на Франција, Карим Бензема, го чека судски процес поради обвинението за изнуда на својот соиграч од репрезентацијата, Матие Валбуена.

Бензема, заедно со уште други четири лица наводно го уценувале Валбуена од кого барале 100 илјади евра ако не сака да објават видео со експлицитна содржина која има врска со него.

Судењето на Бензема започнува утре, и ако биде прогласен за виновен му се заканува казна затвор до 5 години.


Реал го праќа Раниер од Борусија во Бенфика за да игра во континуитет

Првите луѓе на Реал Мадрид не се задоволни од минутажата што ја добива Раниер Жезус во Борусија Дортмунд кој игра како позајмен фудбалер и затоа планираат да го испратат во друг клуб.

Според најавите од Шпанија, составот од Бундеслигата не  го почитува договорот меѓу двата клуба и му дава мала минутажа на Бразилецот.

Затоа „белите“ сакаат во јануари да го испрати напаѓачот во екипата на Бенфика. Наводно, направени се и првите контакти со луѓето од португалскиот состав.


Севиља одбила астрономска понуда за Кунде

Фудбалерот на Севиља, Кунде, добил понуда да замине во Челзи, но, челниците на шпанскиот состав ја одбиле со проценка дека понудената сума е премала за квалитетите што ги поседува нивниот играч.

„Понудата за Кунде беше одлична, најголема што сме ја добиле во нашата историја, меѓутоа, не се совпаѓаше со нашата поставена цена“, изјави спортскиот директор на Севилја, Мончи.

Кунде кој игра на позицијата стопер, според проценката на –„Трасфермаркт“ вреди околу 60 милиони евра.


Њукасл го сака Симеоне на клупата на својот проект

Новите богати сопственици на Њукасл имаат за цел да го развијат клубот по моделот на Атлетико Мадрид и поради тоа нивна најголема желба е тренерот Диего Симеоне.

Токму поради тоа шеиците нема да жалат пари за да го донесат Симеоне на кормилото и тоа во „пакет“ со спортскиот директор на „јорганџиите“ Андреа Берта, открива „АС“.

Планот е прво да биде донесен Берта, кој веќе 9 години работи во Атлетико Мадрид, а Њукасл ќе му даде одврзани раце околу трансферите и огромен буџет.

Сопствениците на Њукасл се надеваат дека токму тој ќе биде човекот кој ќе го убеди Диего Симеоне да се пресели на „Сент Џејмс Парк“. Тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи Аргентинецот во моментов е најплатен тренер во светот со околу 30 милиони евра по сезона.


Стартува 75 сезона на НБА лигата

Тимовите на Милвоки и Бруклин со нивниот меѓусебен натпревар кој се игра ноќта помеѓу вторник и среда, ќе го означат стартот на новата 75-сезона во кошаркарската НБА лига.

Бранител на титулата од минатата сезона е екипата на Милвоки Бакс кој во финалната серија го совлада Феникс Санс.

Редовниот дел од сезоната во НБА завршува на 10-ти април, додека плеј оф турнирот започнува на 16-април.



Конте и Зидан можни наследници на Оле Гунар Солскјер

Оле Гунар Солскјер сеуште ја има целосната поддршка од раководството на Манчесер Јунајтед и во моментов не се планира негова смена од клупата на “црвените ѓаволи“. Оваа информација ја сподели познатиот фудбалски новинар од Италија, Фабрицио Романо.

Сите во клубот се надеваат дека работите во тимот ќе се сменат на подобро и дека ќе следуваат подобри резултати во претстојните натпревари, но доколку продолжи негативниот тренд на слаби резултати позицијата на Солскјер во тимот ќе биде ставена на разгледување.

Според неколку различни медиуми од Англија, се издвојуваат две тренерски имиња кои евентуално би пристигнале на “Олд Трафорд“ како замена за Норвежанецот , а тоа се Антонио Конте и Зинедин Зидан. Двете прославени фудбалски и тренерски имиња сигурно нема лесно да ја одбијат понудата која би пристигнала од Манчестер Јунајтед и сигурно би започнале преговори за добивање на позицијата која во моментов ја извршува Солскјер.


Жоао Феликс побарал трансфер и заминување од Атлетико Мадрид

Жоао Феликс побарал од раководството на клубот да биде продаден во следниот преоден рок. Португалецот падна во втор план кај Диего Симеоне откако пристигна Гризман, па неговата минутажа значително ќе се намали оваа сезона.

Феликс побарал од раководството да биде продаден, а веќе го известил агентот да му бара нов клуб.

Најсилен интерес за него покажуваат ПСЖ и Ливерпул. „Светците“ во него гледаат идеален наследник на Мбапе, кој е на излезна врата. „Јорганџиите“ за неговиот трансфер бараат 80 милиони евра, а двата клуба наводно се спремни да ја платат таа сума.