feature

Имобиле се повреди, нема да игра на завршниот турнир на Лига на нации

Чиро Имобиле ќе биде надвор од теренот неодредено време поради повредата здобиена за време на натпреварот од групната фаза на Лигата на Европа, во второто коло со Локомотив (2:0). Напаѓачот има мала повреда на мускул на десната надколеница, објави прес-службата на Лацио.

Да потсетиме дека во натпреварот од второто коло од групната фаза на Лига Европа, Лацио играше со Локомотив Москва, а натпреварот заврши со 2:0 во корист на домашниот тим.

Локомотив и Лацио играат во иста група со турскиот Галатасарај и францускиот Олимпик Марсеј. Доколку се знае каква е улогата на Имобиле во играта на Лацио, секако ова ќе биде голем хендикеп за римскиот тим


Лаказет пред излезни врати од Арсенал, Серија А следна станица

Милан и Јувентус оствартиле контакт со агентот на Александар Лаказет. Французинот влезе во последната година од догогорот и Арсенал нема намера да му понуди нов договор.

Заинтересираните клубови сакаат да го донесат Лаказет без обештетување и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, па најверојатно Французинот ќе ја продолжи кариерата во Серија А. Проблем може да биде неговата висока плата од 9 милиони евра, но наводно напаѓачот е спремен да прифати помала плата за да се пресели во Серија А.


Барса објави загуба од преку една милијарда евра

Барселона претстави детален финансиски извештај за финансиската година 2020-2021 година.

„Фискалната година 2020-2021 заврши со оперативни приходи од 631 милион евра, што е под буџетските средства од 828 милиони евра. На крајот, резултатот беше загуба од 481 милиони евра по оданочување поради пад на приходите и повисоки трошоци. Оперативниот приход од 631 милиони евра за 2020-2021 година се намали за 26% во споредба со 855 милиони евра во претходната година (намалување од 224 милиони евра). Трошоците се зголемија за 19% во однос на претходната сезона, и пораснаа од 955 милиони евра на 1,136 милиони евра, што е највисок во историјата на клубот. Според критериумот поставен од лигата, нето-долгот на 30 јуни 2021 година изнесува 680 милиони евра. Банкарскиот долг е 533 милиони евра. Клубот ќе го претстави буџетот за сезоната 2021/2022 со приходи од 765 милиони евра, што е за 21% повеќе од минатата сезона. Зголемувањето главно се должи на закрепнувањето на приходите благодарение на обновувањето на клупските капацитети и особено, продолжувањето на натпреварите на стадионот „Камп Ноу“, каде што се планира постепено враќање на публиката“, се вели во соопштението на Барселона.


Флик без Гундоган на гостувањето во Скопје

Новиот германски селекор Ханси Флик го објави списокот со 23 играчи за слелдните два квалифициски на Германија, од кои еден е гостувањето во Скопје.

Од списокот изостанаа Рајан Госенс, Матс Хумелс и Илкај Гундоган, додека повратници се Марк Андре Тер Штеген и Матијас Гинтер.

Германија сигурно во овој натпревар ќе влезе со посебен мотив да ни се реваншира за сензацијата која им ја приредивме во март во Дуисбург кога ги победивме со 1-2. Натпреварот со Германија е закажан за на 11 октомври во 20:45 часот, претходно на 8. октомври ќе се сретнеме со Лихтенштајн на гостински терен.


Англичанецот Стариџ потпиша во клуб од Австралија

Некогашниот напаѓач на Ливерпул, Даниел Стариџ потпиша за австралискиот клуб Перт Глори. Договорот со 32-годишниот англиски фудбалер важи до 30 јуни 2022 година.

Стариџ е слободен агент од март 2020 година. Неговиот последен клуб беше турски Трабзонспор. Договорот му беше раскинат со заеднички договор на двете страни.


Ливерпул без Александар-Арнолд и Тиаго на дербито против шампионот

Јирген Клоп ќе остане без двајца важни фудбалери од првиот тим за големото дерби в недела против Манчестер Сити во англиската Премиер лига. Трент Александар-Арнолд ќе мора да го пропушти гдуелот поради повреда, откако пред него повреден веќе една недела е и без Тиаго Алкантара.

Дефанзивецот на „црвените“ доживеа повреда на препоните за време на тренинг во понеделникот и го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите во вторникот против Порто. Клоп откри дека 22-годишниот фудбалер нема да игра против Сити на „Енфилд“ и засега не е познато колку точно ќе му треба за комплетна рехабилитација.


Де Брујне се враќа во белгискиот состав за Лигата на нации

Кевин де Брујне се враќа во составот на репрезентацијата на Белгија откако ги пропушти квалификациите за Светското првенство минатиот месец за да и помогне на својата селекција на турнирот од Лигата на нации следната недела во Италија, изјави селекторот Роберто Мартинез.

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити се опорави од повредата на скочниот зглоб и е вклучен во составот од 24 играчи за турнирот, каде што Белгија ќе се соочи со Франција во полуфиналето во Торино следниот четврток. Вториот натпревар екипата ќе го има за првото или третото место против европскиот првак Италија или Шпанија во недела, 10 октомври. Сепак, Мартинез рече дека секој успех нема да го ублажи разочарувањето од нивниот пораз од Италија на ЕП 2020.

„Ништо не го компензира тоа разочарување. Но, сега тоа е скоро заборавено. Мислам дека тимот реагираше на вистинскиот начин од тогаш и сега ние подготвени за прекрасна фудбалска пресметка за која моравме да работиме напорно за да се квалификуваме“, рече Мартинез на прес-конференцијата.


Чакир суспендиран од УЕФА заради грешките на натпреварот Милан – Атлетико Мадрид

УЕФА одлучи да ги суспендира турскиот судија Чакир и ВАР судијата Битиген поради грешките направени во натпревар од второто коло од групната фаза на Лигата на шампиони одигран меѓу Милан и Атлетико Мадрид, објави „Газета дело Спорт“.

Претходно, главниот тренер на Милан Стефано Пиоли го изрази своето мислење за работата на Чакир на натпреварот со Атлетико Мадрид.

„Мислам дека главниот судија на натпреварот немаше добра вечер… Бевме казнети. Јасно е дека со десетмина на теренот требаше да смениме тактика, издржавме во поголемиот дел од натпреварот, малку недостасуваше да имаме позитивен резултат. Ова е разочарувачки за нас“, рече Пиоли.

Да потсетиме, Чакир исклучи играч на Милан во 29. минута, и во судиското продолжение на натпреварот досуди пенал за Атлетико кој го реализираше Луис Суарез и му донесе победа на тимот.


Борусија од Дортмунд го посакува Мартиал како замена за Халанд

Ерлинг Халанд на крајот од сезонава со сигурност го напушта бундеслигашот од Дортмунд.

Неверојатниот Норвежанец од следното лето може да замине со одштетна клаузула која изнесува околу 80 милиони евра. Овај износ не би требало да претставува проблем за големите европски клубови како Реал Мадрид, Челзи или Баерн, кои засега покажуваат најголем интерес да го доведат во своите редови.

Челните луѓе во Борусија Дортмунд се подготвуваат за животот после Халанд, па затоа како што пишува англискиот Дејли Мејл, на терен веќе работат околу 30 скаути кои се во потрага на напаѓач кој во некој мерка би го надоместил заминувањето на Ерлинг Халанд.

Борусија е наводно прилично заинтересирана да го доведе во своите редови играчот на Манчестер Јунајтед, Антони Мартиал, кој со доаѓањето на Кристијано Роналдо во тимот од Олд Трафорд, падна во втор план.

Единствен проблем за да се случи овај трансфер е цената на Мартиал. Манчестер Јунајтед сигурно не би го продал за помалку од 50 милиони евра што претставува превисок износ за Борусија.

Останува да се види дали ќе се најде заедничко решение за Мартиал да го облече жолто – црниот дрес на тимот од Дортмунд.


Пау Гасол става крај на својата кариера

Прославениот шпански кошаркар Пау Гасол, за 5-ти Октомври најави конференција за медиумите на која ќе објави крај на својата играчка кариера.

Гасол во измината сезона беше член на Барселона со која загуби во финалето на Евролигата, додека со репрезентацијата на Шпанија настапи на Олимписките игри во Токио и стигна до четвртфиналето.

Со своите 41 година, Гасол остава богата кошаркарска кариера зад себе, освојувајќи два шампионски НБА прстени со екипата на Лос Анџелес Лејкерс, додека како репрезентативец на Шпанија освои три титули шампион на Европа.

Има настапувано за екипите на Мемфис, Чикаго Булс,Лејкерс и Сан Антонио Спурс. На кратко се задржа и во тимот на Милвоки Бакс, а кариерата ја заврши како член на Баселона.