feature

Бруклин сака титула, а за тоа издвои 360 милиони долари!

Многумина предвидуваа минатата сезона дека Бруклин ќе ја освои титулата, својата прва откако се натпреварува во НБА лигата. Екипата која ја предводеа Кевин Дурант, Кајри Ирвинг, Џејмс Харден, но и која во ростерот ги има докажаните играчи како Карис Леверт, Џо Харис, Ламаркус Олдриџ, Блејк Грифин, испадна во конференциското полуфинале од Милвоки, кој подоцна стана шампион.

За тоа да не се повтори, Нетси за почеток мораат да го осигураат останувањето на големата тројка. Дурант веќе го продолжу договорот на уште четири години за 198 милиони долари, а сега се очекува истото да го направат Ирвинг и Харден. Планот е Харден да се задржи на уште три години, Ирвинг на уште четири, а од франшизаата порачуваат дека и двајцата се заинтересирани за продолжување на соработката. Сепак, тоа доста ќе ги чини Нетси.

Ирвинг на крајот од сезоната 2019/20 потпиша четиригодишна соработка за 136 милиони долари и во 2023. ќе биде слободен играч. Нетси за него подготвија 198 милиони долари за продолжување на нови четири години. Има можност и како условно слободен играч идната година да потпише и на пет години за 235 милиони.

Пред Харден се уште две години од договорот и Нетси не сакаат да се доведат во ситуација да останат без него. Се подготвува тригодишно продолжување на соработката во кое Харден би заработил 161 милион долари.


Украинецот Милевски означи крај на кариерата

Артем Милевски објави крај на неговата фудбалска кариера.

Последен клуб каде што настапуваше Милевски беше второлигашот во Украина, Минај. Најгоелмите успеси Милевски ги имаше како играч на Динамо Киев за кого одигра 178 натпревари и постигна 57 голови.

Проблем во неговит живот беа алкохолот и бурниот живот, па не ги исполни очекувањата иако му се предвидуваше уште поголема кариера.

Во неговата кариера настапуваше за Динамо Киев, Газиантеп, Хајдук, Сплит, Конордиа, Тосно, Динамо Брест, Кисварда и споменатиот Минај.


Симонс нема намера да се врати во Филаделфија

Ѕвездата на Филаделфија 76ерс, Бен Симонс, се уште е одлучен во намерата никогаш повеќе да не игра за франшизата што го одбра како прв пик на драфтот во 2016. година и не планира да се појави на тренинг кампот на тимот следната недела.

Според американските медиуми, тоа може скапо да го чини. Поточно, секој пат кога нема да се појави во кампот, ќе остане без 227.613 долари.

Инаку, овој австралиски кошаркар е во втората година од петгодишниот договор.


Повторно дозволено точење алкохол на премиерлигашките терени

Навивачите ширум Англија после долго време ќе можат да конзумираат алкохол на трибините во натпреварите од Премиер лигата.

Предлогот беше денес изнесен и истиот би требало да биде усвоен. На почетокот тоа ќе биде пилот проект кој овозможи продажба на алкохол на стадионите во Премиер лигата, а ако се биде во ред ќе дојде и до Премиер лигата.

На навивачите во Англија од 1985 година им е забрането конзумирање на алкохол на трибините поради хулиганство. Но, поради фактот што фановите уживаат во алкохолот во рагби и крикет натпреварите се апелираше дека е време за промена и на фудбалските натпревари.

Англиските навивачи се познати по тоа што се љубители на алкохол, посебно кога одат на гостинските натпревари, а неретко се случува и да прават проблеми и предизвикуваат тепачки.


Перишиќ на натпревар на Милан, шпекулациите се погласни

Натпреварот помеѓу Милан и Венеција не го одбележа победата на „росонерите“, туку неочекуваниот набљудувач на трибините.

Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ дополнително ги „вжешти“ гласините за трансфер од Интер во Милан.

Договорот со „нероазурите“ истекува следното лето, а тие наводно се далеку од договор за продолжување на соработката.

Најголем интерес за неговите услуги владее кај градскиот ривал, кој наводно го ангажирал Анте Ребиќ да го убеди својот сонародник да му се придружи во црвено-црната соблекувална на Сан Сиро.

Перишиќ е во Интер од 2015 година, со една сезона на позајмица во Баерн и постигна 46 голови на 210 натпревари.


Женската репрезентација на Македонија до 17 на турнир во Естонија

Женската репрезентација на Македонија до 17 години на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ги започна подготовките за квалификацискиот турнир што ќе се одигра во Талин, Естонија во периодот од 27. септември до 3. октомври.

Нашата репрезентација на овој турнир за пласман во елитната фаза квалификации ќе ги одмери силите со домаќинот, селекцијата на Естонија, Украина и Молдавија.

Катерина Милевска, селектор на младинската женска селекција на Македонија се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Мери Васева (Тиверија), Кристина Павловска (Деспина);

Одбрана: Елеонора Николовска (Каменица Саса), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Сара Мена (АС Јунајтед), Мирјана Ѓеровска (Љуботен), Ања Михајлова (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов 2015);

Среден ред: Миа Велинова (Интернационал), Матеа Блажевска (Скопје 2014), Ива Јосифова (Тиверија), Биљана Панеска (Тиверија), Теодора Далческа (АС Јунајтед), Викторија Стрика (Речица), Рона Рустеми (Шкендија), Михаела Настовска (Деспина);

Напад: Веса Села (АС Јунајтед), Јована Павловска (Атлетико), Анастасиа Илиевска (Деспина), Дева Величкова (Кул Здравје);

„Ги започнавме подготовките и позитивна вест е тоа што ги имаме сите фудбалерки на располагање. Објективен проблем претставува фактот што во изминатиот период девојките имаат одиграно многу мал број на натпревари. Знаеме дека поради пандемијата, младинските лиги беа откажани, но сепак мора да се соочиме и со тој предизвик. Украина е носител во групата и апсолутен фаворит, шансата ќе ја бараме на дуелите со Естонија и Молдавија.“ – вели селекторот Милеска.


За Бензема првиот гол за Реал е неговиот најомилен

Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема, стигна до јубилеен 200-ти гол во Ла Лига на натпреварот против Мајорка со што влезе во клупската историја на „кралевите“.

Сега пред него на листата на најдобрите стрелци се само Кристијано Роналдо, Раул Гонзалес и Алфредо Ди Стефано. Бензема по повод јубилеотј доби интересно прашање на кое брзо даде одговор.

„Омилен гол? Ќе кажам дека тоа е првиот кој го постигнав во Реал Мадрид против Херез по асистенција на Руд Ван Нистелрој на „Сантијаго Бернабе“, изјави голгетерот за клупската телевизија на „белите“.


Киеза е сонот на Борусија Дортмунд за замена за Халанд

Борусија Дортмунд ова лето успеа да го задржи во своите редови Ерлинг Халанд, но Норвежанецот најверојатно ја игра последната сезона за „милионерите“.

Имено, Халанд на лето ќе има откупна клаузула од 75 милиони евра, а неколку европските гиганти се спремни да ја платат таа сума.

Раководството на Борусија Дортмунд веќе започна да ја бара замената за Норвежанецот, а прва желба е ѕвездата на Јувентус, Енрико Киеза. 23-годишниот Киеза одигра одлична сезона и блескаше на Европското првенство, па Јувентус ова лето одби богати понуди за него.


Двојно зголемен наградниот фонд за женскиот Европски шампионат

Европски фудбалска асоцијација (УЕФА) го зголеми наградниот фонд на Европското првенство за жени – 2022 година. Оваа одлука ја донесе извршниот комитет на УЕФА, информира официјалната веб -страница.

Според изворот, наградниот фонд на турнирот, на кој ќе учествуваат 16 репрезентации, ќе изнесува 16 милиони евра. Вреди да се одбележи дека наградниот фонд на женското првенство во 2017 година, што се одржа во Холандија, беше 8 милиони евра.

Така, УЕФА двојно ги зголеми наградите за ЕП, што ќе се одржи во 2022 година во Англија. Да потсетиме дека Европското првенство за жени, како и машкото, се одржува на секои четири години. Во 2017 година, победникот на Евро 2017 беше репрезентацијата на Холандија, која беше домаќин на ЕП.


Откриени новости во врска со повредата на Меси

Лионел Меси поради контузија на потколеницата на десната нога и повреда на десното колено го пропушти натпреварот против Мец, а според информациите на француските медиуми, би можел да го пропушти и натпреварот против Монпеље кој на програмата е викендов.

Според наводите на „Ле Парисиен“, Меси се уште не започнал со трчање на тренинзите на ПСЖ. Од клубот се уште не ги потврдиле наводите, па допрва треба да се види во каква состојба ќе биде аргетинскиот напаѓач.

Се претпоставува дека во клубот не сакаат да ризикуваат со влошување на повредата на својата ѕвезда пред натпреварот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

ПСЖ по седум одиграни натпревари е водечка екипа во Лига 1 со максимални освоени бодови.