feature

ПСЖ го понудил Нејмар на Сити, но Гвардиола не се согласил

Шампионот на Франција, Париз Сен Жермен го понудил напаѓачот Нејмар на Манчестер Сити, меѓутоа тренерот Гвардиола го одбил потенцијалниот трансфер.

Од ПСЖ како дел од договорот сакале да го вклучат и ангажманот на Бернардо Силва кој би пристигнал во Париз, меѓутоа Гвардиола не сакал ниту да чуе за тоа.

Шпанскиот стручњак наводно смета дека доаѓањето на Нејмар би ја нарушила атмосферата и хармонијата во екипата.

Нападот на Сити ова лето беше засилен со доведувањето на Халанд и Алварез.


Де Лихт е нов играч на Баерн од Минхен

Фудбалскиот шампион на Германија Баерн од Минхен го потврди пристигнувањето во своите редови на дефанзивецот од Холандија Матијс де Лихт.

Де Лихт пристигна од Јувентус, и за него Баварците за обештетување платија 70 милиони евра плус 10 милиони низ разни бонуси.

Холанѓанецот при првото обраќање во новиот клуб изјави дека му е мило што ќе биде дел од овај историски клуб, и очекува освојување на голем број трофеи.

Де Лихт својата кариера ја започна во Ајакс, а во 2019 година замина во Јувентус. За репрезентацијата на Холандија има одиграно 38 натпревари и постигна два гола.


Јувентус го доби потписот на Бразилецот Бремер

Италијанските медиуми пренесуваат дека бразилскиот фудбалер Глејсон Бремер ќе биде нов фудбалер на Јувентус.

Голем интерес за Бремер покажуваше и Интер, меѓутоа фудбалерот се одлучи да заигра за бјанконерите.

Понудата на Јувентус изнесува 40 милиони евра фиксно, и седум милиони низ бонуси, што се испостави дека е доволна да го обезбеди новото засилување за одбраната на тимот.


Челзи блиску до договор за Кунде

Фудбалскиот клуб Челзи го договорил трансферот на Жил Кунде кој се очекува да се пресели во клубот од Лондон за 55 милиони евра.

Челзи одамна има интерес за купување на францускиот фудбалер и малку недостасуваше тој ангажман да се оствари во последниот ден од минатогодишниот летен трансфер период.

Актуелниот клуб на Кунде, Севиља, сега ја очекува и официјалната понуда од Челзи која треба да биде нешто повисока од онаа од минатата година која изнесуваше 50 милиони евра.

За потписот на Кунде интерес покажуваат уште Барселона и ПСЖ. 


Јапонски атлетичари позитивни на ковид-19 на Мундијалот

Тројца јапонски атлетичари и еден тренер беа позитивни на КОВИД-19 на Светското првенство, со што вкупниот број на случаи во делегацијата се искачи на 15.

Спринтерот Јуки Коике е заразен и ги пропушти трките на 200 метри додека Шунсуке Изумија и Такајуки Кишимото не нестапија на 400 и 110 метри со пречки.

Организаторите наложија целиот технички и медицински персонал како и претставниците на медиумите да носат маски во затворени простории поради сè повеќе случаи на ковид-19.


Шахтојор ја тужи ФИФА, бара 50 милиони евра

Шахтјор од Доњецк го тужеше Судот за спортска арбитража на ФИФА во Лозана и бара отштета од 50 милиони евра.

Шахтјор протестираше против одлуката донесена на 21 јуни, во која се вели дека тренерите и играчите имаат право да ги суспендираат договорите со украинските клубови до 30 јуни 2023 година, освен ако не се постигне договор меѓу играчите, тренерите и нивните сегашни клубови (крајниот рок за договорот беше на 30 јуни).

Украинскиот клуб преговараше со многу луѓе околу продажбата на странски фудбалери, но се пропадна по одлуката на ФИФА.

Шахтјор на тој начин влезе во тешка позиција и мораше да ги продаде сите играчи за девет дена.


Руската тенисерска Касаткина откри дека има девојка

Најдобрата руска тенисерка Дарија Касаткина откри дека е лезбијка во видеоинтервју објавено на интернет.

Касаткина, која се наоѓа на 12-то место на ВТА-листата, кажа дека е во врска со девојка, уметничката лизгачка Наталија Забјако.

„Дали имам девојка? Да”, изјави 25-годишната тенисерка.

 Касаткина истовремено го осуди ставот кон хомосексуалците и ЛГБТ правата во Русија.

„Премногу теми се табу во Русија. Ако може да се бира, никој не би сакал да биде геј во Русија. Зошто би си го отежнувал животот? Нема смисла“, кажа Касаткина, која живее во Барселона.


Два бивши европски прваци го сакаат Соса од Штутгарт

Баерн Минхен сака во своите редови да го донесе Борна Соса од Штутгарт.

Баерн Минхен е пред комплетирање на трансферот на Матијс де Лихт, а тренерот Јулијан Нагелсман  сега е решен да го доведе на „Алијанц“ да го донесе хрватскиот репрезентативец. Соса имаше одлична сезона во Штутгарт и веќе подолго време е на радарот на Баварците кои се спремни за него да платат помеѓу 20 и 25 милиони евра.

Баерн не е единствениот клуб заинтересиран за Соса, него го сака и тренерот на Челзи, Томас Тухел.

Професионалната кариера Брона Соса ја започна во Динамо Загреб, кој во 2018 година го продаде во Штутгарт за 6.000.000 евра.


Горецка после операцијата на коленото ќе биде надвор од терените неколку недели

Германскиот клуб Баерн Минхен соопшти дека фудбалерот Леон Горецка ќе отсуствува од теренот неколку недели после успешната операција на левото колено.

Според Скај Спортс, играчот за врска ќе паузира помеѓу шест и осум недели. Тој и минатата сезона имаше поголема пауза поради повреда на коленото, но сега со операцијата се очекува Горецка да има успешна сезона.

Тимот од Минхен во моментот се наоѓа во САД каде ќе одигра неколку подготвителни натпревари пред стартот на Бундеслигата.


Пјаниќ се враќа во Европа, причина е раѓањето на неговото второ дете

Играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ го напуштил таборот на Барселона за итно да се врати во Европа, пишува весникот „Спорт“.

Причина за неочекуваната привремена разделба е раѓањето на второто дете на фудбалерот, чија сопруга е во Ница.

Пијанич и Жозефа имаат еден син Един, кој е роден во 2013 година.

Играчот од средниот ред беше изненадувачки вклучен во списокот на играчи на Чави кои одлетаа на претсезонската турнеја на Каталонците во САД бидејќи од „Камп Ноу“ не успеаја да најдат нов тим за играчот.

Босанскиот репрезентативец последната кампања ја мина на позајмица во Бешикташ.