feature

Ветеранот Очоа потпиша за АЕЛ Лимасол

Гиљермо Очоа има сериозни планови да настапи на Светското првенство во 2026 година.

Искусниот мексикански голман потпиша за АЕЛ од Лимасол и ќе биде во натпреварувачка форма пред Светското првенство следната година.

Очоа дебитираше за Мексико пред точно 20 години. Препознатлив е по своите наверојатни партии на најголемото фудбалско натпреварување, а сега доаѓа на Кипар, за прв пат во кариерата.

Очоа претходно го носеше дресот на Клуб Америка, Ажаксио, Малага, Гранада, Салернитана.

Забележа над 150 настапи за мексиканската репрезентација, а учествуваше и на Светските првенства во 2006, 2010, 2014, 2018 и 2022 година.


Шериф Ендиај ја замени Црвене Звезда со Самсунспор

Најдобриот стрелец на Црвена звезда во минатата сезона, Шериф Ендиај, кариерата ќе ја продолжи во Турција. Преодниот рок во оваа земја трае до полноќ.

Црвена звезда го продаде напаѓачот од Сенегал в Самсунспор. Според српските медиуми, спрскиот шампион од овој трансфер заработи шет милиони евра.

Во текот на денот, Ендиај ќе замине за Турција каде што, по медицинските прегледи, ќе потпише четиригодишен договор со новиот клуб. Тој се враќа во Турција, бидејќи во Црвенз звезда дојде од Адана, каде што играше две сезони.

Во дресот на Црвена Звезда, тој постигна 40 гола и запиша 12 асистенции на 89 натпревари. Освои две двојни круни и беше најдобар стрелец на првенството минатата сезона.


Леверкузен издржа и со деветмина и го совлада Ајнтрахт

Фудбалерите на Баер Леверкузен го победија Ајнтахт Франкфурт со 3-1 (2-0) во првиот натпревар од 3. коло на германската Бундеслига.

Ова беше прв натпревар на Каспер Хјулманд на клупата на „фармацевтите“ и права победа, која требаше да биде лесна, но беше доведена во прашање во второто полувреме.

Баер стекна капитална предност во првиот дел од натпреварот, со головите на Алехандро Грималдо во 10. минута, односно Патрик Шик од пенал во финишот на првиот дел.

Тие 2-0 ги преполови Узун во 52. минута, а потоа во 58. Роберт Андрих доби црвен картон, а Леверкузен се бранеше френетично до крајот.

Во 92.минута во екот на нападите на гостите од Фракфурт, Баер остана со уште еден играч помалку на теренот. Црвен картон доби и Езекиел Фернандез.

До крајот Баер постигна уште еден гол преку играчот на натпреварот
Грималдо, кој во осмата минута од судиското надополнување постигна преубав гол.

Баер ја забележа првата победа во сезоната и сега има четири бода, додека Ајнтарт го претрпе првиот пораз во сезоната и остана на шест.


Јуве спремен да тргне по Лукман

Јувентус е заинтересиран да го купи напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман , објави „Тутоспорт“.

Според изворот, играчот се разгледува од страна на клубот од Торино како замена за Душан Влаховиќ , кој веројатно ќе го напушти тимот. Трансферот на нигерискиот репрезентативец е можен дури и во зима.

Да потсетиме дека во август, милански Интер беше заинтересиран за Лукман, нудејќи ѝ на Аталанта 45 милиони евра за трансферот, но беше одбиен.

Минатата сезона, нигерискиот напаѓач одигра 40 натпревари, постигна 20 гола и имаше седум асистенции. Неговиот договор со Аталанта е до летото 2027 година, а неговата пазарна вредност се проценува на 60 милиони евра.


Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика

Светското првенство во атлетика што се одржува во Токио стартува утре и ќе трае до 21.септември. Двајца македонски претставници ќе бидат дел од светскиот атлетски самит.

И двајцата ќе трчаат на маратонските трки. Прва ќе настапи Адријана Поп-Арсова Рашиќ на женската маратонска трка која ќе се одржи на 14.септември – недела наутро. На стартната листа на машката маратонска трка ќе се појави и нашиот олимпиец и македонски рекордер во маратон Дарио Ивановски.

Стартот на машкиот маратон е во понеделник наутро.

Двете маратонски трки имаат старт во 7:30 часот по локално време или 30 минути по полноќ по македонско време.


Голем проблем за „кралевите“, Рудигер три месеци во аут

Тренерот на Реал Мадрид Чаби Алонсо се соочува со проблем. Играчот од одбраната Германецот Антонио Рудигер во следните три месеци ќе биде надвор од теренот.

Играчот од одбараната на повреда се пожали на почетокот на денешниот тренинг, а по прегледите утврдена е повреда на мускул на левата нога,

Ова е сериозен проблем за тренерот на Алонсо, особено што се очекуваше Рудигер да биде еден од клучните играчи во одбраната. Прогнозите се дека тој ќе пропушти 17 натпревари.

Реал Мадрид утре игра натпревар од Ла Лига на гости против Реал Сосиедад.


Германија и Турција ќе се борат за европското злато

Кошаркарите на Турција се вторите финалисти на Евробаскетот по вечерашниот убедлив триумф над големиот ривал Грција во полифиналето.

Битката за мечот за злато беше решена уште по првото полувреме кое расположената Турција со одлична игра во одбрана и фуриозен напад го скри отпорот на Грција.

Турција доминираше во текот на првото полувреме, отиде на полувреме со +18, а потоа рутински го заврши натпреварот во вториот дел од играта. Грција не беше ни блиску до враќање во натпреварот. На крајот, убедлива победа за Турција.

Турските кошаркари се пласираа во финалето на Европското првенство во Рига. Во вториот полуфинален натпревар на Евробаскетот, Турција ја победи Грција со резултат 94:68.

Убедливо најефикасен кошаркар на полуфиналето беше крилниот ценар на Турција, Османи со 28 поени, по него следуваа Чеди Осман со 17, Ларкин и Шенгун со по 15 поени.

Кај Грците, Слукас е подобар од другите со 15 поени. Адетокумбо целосно разочара со скромни 12 поени за него.

Избраниците на Ергин Атаман ќе се сретнат со Германија во големото финале во недела (20.00 часот).


Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

Жоао Мендеш де Асис Мореира, синот на бразилската фудбалска легенда Роналдињо, потпиша едногодишен договор со Хал Сити, соопшти денеска клубот од англиската Чемпионшип лига.

Дваесетгодишниот Бразилец мина низ младинскиот погон на Барселона пред да се приклучи на Барнли во 2024 година.

„Мислам дека е добро да можеш да играш различни стилови на фудбал. Во Бразил е еден стил, во Шпанија е друг, а во Англија е уште поразличен“, па затоа ја надополнува твојата игра ако си играл на различни места“, порача Мендеш во изјава за клупскиот сајт на англискиот второлигаш.

Поранешниот играч на Барселона, Роналдињо, кој го освои Светското првенство со Бразил во 2002 година и Златната топка во 2005 година, објави фотографија од Мендеш на Инстаграм на која неговиот син позира со дресот на Хал Сити, со порака: „Среќно во твојот нов клуб и предизвик, сине мој“.


Вардар ја победи Македонија ЃП и се искачи на врвот на ПМФЛ

Фудбалерите на Вардар постигнаа нова победа откако вечерва во рамки на 5.коло ја совладаа Македонија ЃП со 1-0. Стрелец на единствениот гол по грешка на гостинската одбрана беше Азер Омерагиќ на почетокот на вториот дел во 52.минута.

Со новата победа „црвено-црните“ се пробија на првото место на табелата со 13 бодови, пред Силекс и Струга ТЛ со по 12.

На првиот дуел од денешната програма Шкендија го совлада Башкими со 2-1.


Голем интерес за билети за Мундијалот

Иако до почетокот на Светското првенство 2026 година има уште девет месеци, меѓу фудбалските фанови низ целиот свет постои голем интерес за билети, што се гледа од бројот на апликации поднесени за првата фаза од продажбата.

Во првите 24 часа, пристигнале 1,5 милиони апликации од целиот свет, објави денеска ФИФА.

Најмногу апликации за билети се пристигнати од САД, Мексико и Канада, кои се домаќини на светскиот настан, по што следат навивачи од Аргентина, Колумбија, Бразил, Англија, Шпанија, Португалија и Германија.

Кој ќе добие шанса да купи билет ќе се одлучи со жрепка, а апликациите за првата фаза од продажбата на билети можат да се прифаќаат до 19 септември.

Сите апликации имаат подеднакви шанси да бидат извлечени во жрепката, без оглед на тоа кога се поднесени. Навивачите ќе дознаат дали имале среќа во жрепката на 29 септември и ќе имаат рок до 1 октомври да купат билети.

Натпреварите од Светското првенство во 2026 година ќе се играат во 11 американски градови, два канадски (Торонто, Ванкувер) и три мексикански (Мексико Сити, Гвадалахара, Монтереј).