feature

Првата ѕвезда на Леванте се пресели во Виљареал

Поранешниот капитен на Леванте, Хозе Луис Моралес, сега е веќе играч на Виљареал. Искусниот фудбалер доаѓа како слободен играч, бидејќи неговиот тим отпадна од Ла Лига и тој ја одби понудата за нов договор.

За само еден месец офанзивниот фудбалер познат по прекарот Ел Команданте ќе наполни 35 години. Сепак, тој имаше многу добра сезона за Леванте, постигнувајќи 13 гола и 7 асистенции.

Според „Марка“, Шпанецот кој е роден во Мадрид ја одбил понудата на Бетис. Следната сезона Виљареал ќе игра во Конференциската лига на УЕФА, а нема ни загарантирано место во групите, но ќе мора да мине низ плеј-оф фазата.


Јуве се откажа од Анхел Ди Марија

Јувентус се откажал од намерата да го ангажира Анхел Ди Марија откако Аргентинецот не даде одговор во одредениот рок.

Јувентус уште пред еден месец испрати понуда до Аргентинецот, но откако Ди Марија побарал дополнително време за да даде конечен одговор, „бјанконерите“ се отлажале од трансферот.

Ди Марија сака договор само на една година, бидејќи сака после Мундијалот да се врати во Аргентина со семејството.

Јувентус сега ќе се насочи кон други цели, а главна мета ќе бидат Николо Заниоло од Рома и Доменико Берарди од Сасуоло.


Енис Барди одбил трансфер во МЛС!?

Екипата на Леванте и натаму нема решение за неколкуте фудбалери кои се на излезни врати од клубот кој испадна во втора лига.

Еден од нив е Енис Барди. Играчот за врска го продолжи договорот, но само за да обезбеди обештетување за шпанскиот тим.

Нашиот репрезентативец одбил неколку понуди во изминатиот период. Една од нив пристигнала од МЛС лигата, изјави спортскиот директор.


Милан го губи Ренато Санчез и се врти кон Даглас Луиз

Раководството на Милан може да ја купи ѕвездата на Астон Вила, Даглас Луиз, ако пропадне трансферот на Ренато Санчез од екипата на Лил.

Агентите на бразилскиот репрезентативец вчера пристигнале во Милано и наводно ги договориле личните услови со „росонерите“.

Даглас Луиз ја одработува последната година од договорот и сака да ја промени средината. Вкупната сума на трансферот може да се реализира за 20 милиони евра.


Ботман е нов играч на Њукасл Јунајтед

Англиските медиуми пренесуваат дека холандскиот фудбалер Свен  Ботман е нов играч на Њукасл Јунајтед.

22-годишниот Ботман пристигнува во Њукасл од францускиот Лил, во трансфер вреден околу 30 милиони фунти. Претходно младиот дефанзивец настапуваше за екипата на Ајакс.

Ботман за Лил има одиграно 63 натпревари и има постигнато три гола.


Чави го убедува Дембеле да потпише нов договор

Чави Хернандез ја презеде задачата да го убеди крилниот напаѓач Усман Дембеле да потпише нов договор со клубот. Актуелниот договор на Французинот истекува за неколку дена и тој ќе стане слободен агент. Сепак, тренерот верува дека може да го убеди да остане на „Камп Ноу“, пишува „Гол“.

На Чави многу му се допаѓаат квалитетите на Дембеле и му порача дека ќе има важна улога во тимот во новата сезона доколку реши повторно да потпише. Подготвен е да му даде повеќе шанси за настап, особено по силните игри кои играчот ги прикажа во пролетната полусезона.

Не недостига интерес за 25-годишниот фудбалер, откако со најголеми апетити се Челси и Пари Сен Жермен. Во оваа фаза, сепак, се уште нема добиено подобра понуда од онаа што му ја понудија газдите на Барса, па се поизвесно е дека ќе се согласи да остане на „Камп Ноу“.


Јувентус го зголемува притисокот за купување на Заниоло од Рома

Јувентус веќе подолг период се обидува да преговара со Рома и во своите редови да го доведе нивниот најдобар играч Николо Заниоло.

 Според медиумите во Италија, на „старата дама“ нема да и биде лесно да го доведе 22-годишниот фудбалер, па поради тоа средбите меѓу Јуве и Рома стануваат поинтензивни во последните денови.

Заниоло одигра добра сезона во тимот на Жозе Мурињо, но не сакаше да го продолжи договорот со римјаните кој истекува во 2024 година.

Од Јувентус се обидуваат да ја искористат таквата ситуација, па „Бјанконерите“ му понудија на Рома 40 милиони евра за Заниоло, но клубот од Рим бара уште најмалку 10 милиони за својот играч.


Бабунски е нов тренер на прилепска Победа

Новиот член на Првата македонска фудбалска лига, Победа од Прилеп за нов тренер на екипата го именува Бобан Бабунски.

Бабунски е искусно тренерско име во мак фудбалот, кој во минатото беше селектор на младата фудбалска репрезентација, и тренер на Работнички и Вардар.

Првиот состанок со тимот од Прилеп, Бабунски ќе го има на првата прозивка закажана за 27.јуни


Манчестер Сити се договори со Лидс за ангажман на Калвин Филипс

Фудбалерот на Лидс и репрезентативец на Англија, Калвин Филипс ќе стане нов член на шампионот Манчестер Сити, пренесува британскиот „Атлетик“.

Според договорот популарните „граѓани“ за трансферот на Филипс ќе издвојат 52,2 милиони евра, од кои 49 милиони се фиксна исплата а остатокот ќе биди исплатен во бонуси.

За играчот за врска на Лидс освен Сити, интерес покажуваа и Арсенал, Манчестер Јунајтед и Њукасл. 

Филипс целата своја професионална кариера ја помина во Лидс. За репрезентацијата на Англија има одиграно 23 натпревари.


Брендон Дејвис е нов кошаркар на Олимпија од Милано

Искусниот американски центар Брендон Дејвис потпиша двегодишен договор со кошаркарскиот клуб Олимпија од Милано.

„Многу сум возбуден поради моето пристигнување овде и фактот дека ќе играм за шампионот на Италија. Едвај чекам да почнам со работа во клубот“, порача Дејвис.

Американецот во Милано пристигна од Барселона каде настапуваше претходните три години.

Дејвис претходно има настапувано за Жалгирис, Монако, Варезе, Шалон, Бруклин и во родната Филаделфија.