feature

Ериксен одбил трансфер во Манчестер Јунајтед

Порталот „Атлетик“ објави дека фудбалерот на Брентфорд, Кристијан Ериксен, ја одбил понудата за трансфер во Манчестер Јунајтед ова лето.

Изборот на играчот од средниот ред ќе биде дали да остане Брентфорд или да се врати во неговиот поранешен клуб Тотенхем. Актуелниот договор на данскиот репрезентативец со Брентфорд истекува на крајот на овој месец и тој се уште нема донесено конечна одлука за својата иднина.

Манчестер Јунајтед доставил понуда до Ериксен, но тој одбил бидејќи сака да остане во Лондон.


Евротип на „Пикник у Пелинце“

Многу музика, бројни диџеи, природа, чист воздух, многу забава и многу добивки од Евротип за присутните на настанот „Пикник у Пелинце“, кој се одржа во саботата во Пелинце, кумановско.

Евротип беше дел од овој настан, каде заедно со присутните придонесоа за уште подобра забава, со интерактивни игри, пронајди го кошот, ваучери, како и клуб картички кои беа предизвик за сите присутни.

Настанот започна точно на пладне во 12:00 часот, а заврши доцна во ноќта. Посетители имаше од сите краишта на државата, а Евротип како поддржувач на вакви настани, каде акцентот е ставен на младите и нивното урбано живеење продолжува и понатаму.


Роналдо во Ваљадолид ги носи Марсело и Дани Алвес

Шпанските медиуми пренесуваат дека мнозинскиот сопственик на фудбалскиот прволигаш Ваљадолид, бразилската легенда Роналдо, планира да ги ангажира Марсело и Дани Алвес.

Ваљадолид оваа сезона повторно ќе настапува во Ла Лига, па Роналдо посакува во тимот да ги доведе двајцата свои сонародници.

Како што е познато 34-годишниот Марсело неодамна се раздели со шампионот Реал Мадрид, додека 39-годишниот Алвес ќе си замине од Барселона но сака да продолжи со настапите во Шпанија.


Верстапен најбрз на трката во Канада

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на трката за Големата награда за Канада, која е деветта трка во овогодинешниот шампионат на Формула 1.

Верстапеен на патеката „Жил Вилнев“ ја запиша својата шеста победа оваа сезона, а 26-та во кариерата. Како втор на целта пристигна Карлос Саинс од Ферари,а третата позиција му припадна на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој на подиумот застана првпат после првата трка во Бахреин.

Верстапен води во генералниот пласман со 175 бодови, втор е Перес со 129, а трет е Леклер со 126 бода.

Наредната трка во Формула 1 шампионатот се вози за Големата награда на Британија на 3.јули на патеката Силверстон.


Баерн го става Австриецот Сабицер на трансфер-листа

Репрезентативецот на Австрија, Марсел Сабицер по само една сезона може да го напушти составот на Баерн Минхен, најавија денеска медиумите во Германија.

28-годишниот фудбалер иако беше купен од Лајпциг како големо засилување, сепак не ги оправда очекувањата на челниците на тимот.

Затоа Баварците се подготвени да го продадат за скромни 15 милиони евра а главен конкурент за неговиот потпис е италијанската Рома.


Нов државен рекорд на Миа Блажевска-Еминова на 100 метри грбно

Македонската  пливачка, Миа Блажевска-Еминова, успеа да го подобри државниот рекорд на патеката 100 метри грбно.

Таа на Светското првенство во Будимпешта обезбеди време од 1:04,11 со што за речиси 30 стотинки го надмина националниот рекорд кој исто така беше во нејзина сопственост.

Нашата најдобра пливачка на собирот во Унгарија го освои вкупно 30-то место откако во втората квалификациска група дојде до третата позиција.


Калвин Рамзи е третото засилување на Ливерпул за новата сезона

Ливерпул го потврди третото летно засилување, а станува збор за десниот бек на Абердин, Калвин Рамзи. „Црвените“ за 18-годишниот десен бек ќе платат 4,5 милиони фунти плус 3 милиони во форма на бонуси.

Рамзи минатата сезона беше избран за најдобар млад фудбалер на Шкотска, а денес потпиша 5-годишен договор со Ливерпул.

Тој ќе биде третото засилување за Ливерпул ова лето, после Фабио Карваљо и Дарвин Нуњес, а на „Енфилд“ треба да биде алтернатива за Александар Арнолд на десната бековска позиција.


Винициус одбил неморална понуда од ПСЖ

Пари Сент Жермен сакал да го врбува Винициус и го наговарал да не потпишува нов договор со Реал Мадрид. Винициус Жуниор добил неморална понуда од ПСЖ кој барал да не потпишува нов договор со Реал Мадрид.

ПСЖ му нудел плата од 40 милиони по сезона, бонус од 100 милиони евра при потпис и маркетиншки договори со Катар.

Сепак, Бразилецот не ја прифатил понудата и одлучи да остане на „Сантиаго Бернабеу“ и да потпише нов договор.

Перез за намерите на ПСЖ дознал од самиот фудбалер кој не криел ништо од него и постојано му ги покажувал пораките што ги добива од Париз.


Барса се предомисли, наместо продажба сега му нуди нов договор на Депај

Барселона во наредните денови ќе му понуди нов договор на напаѓачот Мемфис Депај. До неодамна се мислеше дека Холанѓанецот ќе биде продаден ова лето, но се чини дека дошло до пресврт и газдите се подготвени да го задржат на „Камп Ноу“, пренесе „Спорт“.

Депај пристигна во клубот минатото лето како слободен играч, одбивајќи многу понуди од други клубови, бидејќи неговата желба беше да го облече дресот во Барса. На почетокот на сезоната беше солиден стартер, но по доаѓањето на Чави Хернандез ја загуби позицијата во тимот.

На крајот од сезоната, сепак, тој повторно имаше доста добри настапи и се чини дека токму со нив ја убеди управата да го задржи подолго.

Новиот договор на Депај ќе зависи и од одлуките на Генералното собрание на клубот. Доколку му се доделат дополнителни средства, газдите ќе седнат на преговарачка маса со напаѓачот.


Тухел го сака Рахим Стерлинг во Челзи

Томас Тухел, се залага за напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стeрлинг. Тренерот сака да ја зголеми конкуренцијата во нападот, откако минатата сезона имаше забелешки за неговите играчи кои настапуваат на предните позиции. Затоа го свртел вниманието кон членот на англиската репрезентација, тврди „Скај Спортс“.

До неодамна се сметаше дека „сините“ следат уште еден напаѓач на Сити, Габриел Жесус. Сепак, Бразилецот е блиску до трансфер во Арсенал. Покрај тоа, Тухел претпочита да го земе Стерлинг наместо него.

27-годишниот крилен напаѓач има договор со „граѓаните“ на уште една сезона, па неговата иднина во клубот е неизвесна. Се почесто се шпекулира дека газдите на „Етихад“ се подготвени да го продадат за добра понуда. Цената на играчот е околу 70 милиони евра.