feature

Ливерпул и Леверкузен се договорија, Кванса се сели во Германија

Баер Леверкузен и Ливерпул продолжија да си ја вршат размената на летниот фудбалски пазар.

Откако шампионот на Англија ги купи Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг од вицешампионот на Германија за огромни суми пари, сега еден играч на Ливерпул замина во спотивната насока.

Фабрицио Романо објави дека Баер го купил талентираниот англиски стопер Џарел Кванса за 30 милиони евра.

Доколку Кванса исполни одредени бонуси, трансферот ќе се зголеми за уште пет милиони евра.

Кванса потпиша договор со тимот од Леверкузен до 2030 година и ќе го замени Џонатан Тах, кој се пресели во Баерн Минхен. Важна клаузула во договорот е дека Ливерпул ќе има да го врати дефанзивецот за одредена сума.

Кванса моментално игра за Англија на Европското првенство до 21 година, а синоќа ги одигра сите 90 минути во победата од 3:1 над Шпанија, по што Англичаните се пласираа во полуфиналето, каде што ќе се соочат со Холандија.


Клоп: Вирц е големо засилување за Ливерпул

Поранешниот тренер на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не крие дека е задоволен од трансферот на Флоријан Вирц откако голгетерот на Баер Леверкузен, деновиве потпиша за актуелниот шампион на Англија.

„Ќе биде апсолутно фантастично сигурен сум во тоа. Многу е тешко да се засили шампионски состав. Тие потпишаа со исклучителен талент како што е Вирц“, рече Клоп.

„Црвените“ за напаѓачот платија околу 140 милиони евра. Германскиот репрезентативец потпиша договор за пет сезони.


Гвардиола: Ми се допаѓа фудбалот во Јужна Америка

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, признава дека му се допаѓа атмосферата на Светското клупско првенство во САД.

Тој вели дека би бил среќен да работи со тим од Јужна Америка и верува дека фудбалот во земји како Бразил и Аргентина е голем предизвик.

„Многу, многу добри работи во историјата на фудбалот дошле од Јужна Америка. Знаете, особено од Бразил, Колумбија, Аргентина, Уругвај. Би рекол сите земји. Одлични играчи доаѓаат во Европа“ – рече Гвардиола.


Алкалоид – Охрид на стартот на новата Суперлига

Ракометната федерација на Македонија денеска со жрепка ги извлече натпреарувачките броеви за сезона 2025/26. Новата ракометна сезона почнува на крајот на авгист, а на стартот дербито е дуелот на Алкалоид и Охрид

Новата сезона во македонски клупски ракомет ќе стартува на 6 и 7 септември.

Воведното коло ќе донесе дерби пресметка меѓу Алкалоид и Охрид.

Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Бутел, Струга ќе го пречека Вардар 1961, а преостанатите двојки се Прилеп – Еурофарм Пелистер 2, Куманово – Радовиш и Пролет 62 – Тиквеш 2014.


Онана ќе застане на голот на Монако

Францускиот прволигаш Монако е заинтересиран да го донесе во своите редови голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана, објави италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.

Според истиот извор, францускиот клуб веќе почнал прелиминарни разговори околу можниот трансфер на 29-годишниот голман.

Доколку Онана замине, Манчестер Јунајтед би можел да го ангажира 24-годишниот голман на Аталанта, Марко Карнесеки.

Првите контакти со менаџерскиот тим на Карнесеки веќе се воспоставени, но засега нема директни преговори со клубот од Бергамо.

Минатата сезона Карнесеки одигра 34 натпревари во Серија А.


Нуно Еспирито Санто го продолжи договорот со Нотингем Форест

Тренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, потпиша нов тригодишен договор, објави англискиот прволигаш.
Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест.

Португалскиот стратег седна на клупата на Форест во 2023 година.

Во својата прва сезона, му обезбеди опстанок на клубот во Премиер лигата, а изминатата сезона го водеше тимот до седмото место и нивно прво учество во европските купови од сезоната 1995/96.

„Воодушевен сум што можам да го продолжиме нашето патување во овој фантастичен фудбалски клуб. Откако пристигнавме во Форест, работевме исклучително напорно за да создадеме посебна врска меѓу играчите, навивачите и сите во клубот, што ни помогна да постигнеме големи работи минатата сезона“, рече Санто.


Наполи ја одби понудата на Ал Хилал за Мектоминеј

Саудискиот клуб Ал-Хилал, на чија клупа неодамна седна Италијанецот Симоне Инзаги, покажува голем интерес за играчот од средниот ред на Наполи, Скот Мектоминај, но италијанскиот шампион соопшти дека 28-годишниот Шкотланѓанец не е на продажба.

Италијанските медиуми објавуваат денеска дека Инзаги сака да го ангажира шкотскиот играч за врска, кој беше еден од клучните играчи на Наполи во освојување на титулата.

Во својата дебитантска сезона во италијанската Серија А, Мектоминај постигна 12 голови и имаше шест асистенции во 34 прволигашки натпревари.

Медиумите наведуваат дека Мектоминај не размислува за преселба во ниту еден друг клуб ова лето.

Шкотскиот репрезентативец пристигна во Наполи во август минатата година за 30 милиони евра, откако целата кариера ја помина во Манчестер Јунајтед.


Пауновиќ и Касорла го вратија Овиедо во Примера по 24 години

Овиедо по 25 години се врати во елитниот ранг на шапнскиот фудбал. Во дрматичниот реванш против Мирандес, Овиедо победи по продолженијата со 3-1. Херои на победата на Овиедо се ветераните Санти Казорла и Франциско Портиљо.

Натпреварот не започна добро за тимот од Астурија, бидејќи Аргентинецот Хоакин Паничели во 19-та минута постигна гол за Мирандес и ја зголеми предноста на неговиот тим во вкупниот резултат на 2-0.

Овиедо изедначи од пенал во 39-та минута. Стрелец беше 39-годишниот Санти Казорла.

По паузата, во вториот дел Овиедо тргна за се или ништо. Во 52-та минута Мароканецот Иљас Шаира, позајмениот играш на Џирона го комплетираше пресвртот и го изеначи резултатото во вкупниот скор.

Во регуларниот тек натпреварот заврши 2-1, а во просолженијата во апсолутен херој се претвори 35-годишниот Франциско Портиљо. Тој во 103-та го постигна третиот гол, што значеше и пласман на Овиедо во Примера.

На клупата на Овиедо седи спрскиот тренер Вељко Пауновиќ. Во марто го презеде тимот и преку плеј-офот успеа да избори промоција во Примера.

Интересно Пауновиќ играше за Овиедо во 2000/2001 кога клубот по поразот од Мајорка (4-2) испадна од елитниот ранг на шпанскиот фудбал.

Претходно промоција во Примера изборија Леванте и Елче.


Супер-звезда на пат за Истанбул: Галатасарај пред потпис со Гундоган

Само една сезона по неговото враќаше во Манчестер Сити, Илкај Гундоан повторно е на излезна врата од екипата на „граѓаните“. 34-годишниот германски репрезентативец со турско потекло е мета на шампионот на Турција, Галатасарај.

Гундоан го напушти Манчестер во 2023. година и направи трансфер во Барселона. Сепак авантурата на германецот во Каталонија не помина успешно и по само една сезона тој повторно се врати во таборот на Пеп Гвардиола.

Галатасарај се обиде да го донесе Гундоан во турската престолнина уште во зимскиот преоден рок, но „граѓаните“ не сакаа да го пуштат на средина на сезоната.


Спектакл и седум гола во Синсинати, прва победа за Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд ги победи Мамелоди Сандаунс на Светското клупско првенство на ФИФА. „Милионерите“, во Синсинати, победија со 4-3.

Дортмунд ја контролираше ситуацијата на теренот од првата минута, иако Мамелоди беше многу опасен. Интересно е што натпреварот започна со контранапад на Мамелоди и африканските играчи лесно можеа да поведат од самиот почеток.

Дортмунд се бранеше, а потоа… Студен туш. Рибеиро го совлада Кобел за да им донесе на Сандаунс водство од 1-0.

Не се радуваа долго бидејќи нивниот голман направи катастрофална грешка и му ја остави топката на Гираси пред голот, па Германците израмнија преку Нмеча на 1-1. Понатаму, како што одминуваше играта, Дортмунд стануваше сè посигурен.

По асистенција, Гираси го постигна својот прв гол на Светското првенство, за пресврт со глава и водство од 2-1.

На самиот крај од првото полувреме, Белингам ја затресе мрежата, а Дортмунд поведе со 3-1.

Нов спектакл беше забележан во второто полувреме. Дортмунд стигна до 4-1 преку автогол, на Мамелоди одговори со два гола.

Прво, Рајнерс го намали резултатот на 4-2, а потоа во 90-та минута се случи драма кога Мотиба намали на 4-3.

„Милионерите“, сепак мирно го доведоа натпреварот до крај и го остварија својот прв триумф во САД.