feature

РБ Лајпциг ќе игра во ЛШ пред празни трибини заради ескалација на корона-кризата

Соочена со ескалација на бројот заразени со коронавирус, германската сојузна покраина Саксонија забрани присуство на навивачи на спортските терени до 12 декември, како дел од широк спектар на претпазливи мерки.

Саксонија во германски рамки е на дното според процентот на вакцинација на локалното население со приближно 60 отсто вакцинирани, а во оваа покраина инциденцијата на коронавирус во моментов е највисока со 584 случаи на 100.000 жители во последните седум денови.

Поради новите ограничувања, бундеслигашот Лајпциг следните два првенствени натпревари, против Леверкузен и Менхенгладбах, ќе ги игра без поддршка на своите навивачи, а зад затворени врати ќе го пречека и Манчестер сити во клучниот натпревар во Лигата на шампиони на 7 декември.

Раководството на Лајпциг остро ја критикуваше локалната извршна власт поради тоа што дозволила ескалација на состојбата со коронавирусот.

„Највисокото ниво на зараза споредено со сите други германски покраини и најнискиот процент на вакцинација, покажуваат дека власта во Саксонија досега не беше во состојба да осмисли добар план за спречување на пандемијата“, соопшти бундеслигашот од Лајпциг.


Бајиќ го скрати списокот за дуелите со Шпанија и Украина

Селекторот на машка сениорска кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, го скрати списокот на кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Пред првиот натпревар од квалификациите закажан за 26. ноември во Скопје, кога ја пречекуваме репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за список од 15 кошаркари.

Првиот собир на нашиот сениорски национален тима е предвиден да биде вечерва, во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје.

СПИСОК НА ИГРАЧИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Бојан Крстевски силно крило 206 1989 МЗТ Скопје Аеродром

Кристијан Николов бек 187 1996 МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Робев бек-шутер 193 1997 МЗТ Скопје Аеродром

Адем Мекиќ бек-крило 195 1995 МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Стојановски бек-шутер 198 1987 МЗТ Скопје Аеродром

Бобан Стајиќ бек 185 1993 Пелистер

Стојан Ѓуроски крило 202 1991 Пелистер

Љубомир Младеновски силно крило 207 1995 Пелистер

Виктор Ефремовски бек-шутер 194 1998 Гостивар

Андреј Маслинко крило 208 1997 ТФТ

Кирил Николовски силно крило 210 1988 Кожув

Лејсон Зекири крило 203 2001 Приштина-Косово

Андреј Магдевски бек 192 1996 АСУ Плоешти-Романија

Теодор Симиќ центар 216 2004 Барселона-Шпанија

Џејкоб Вајли силно крило 203 1994 Будуќност-Црна Гора


Кежман: Јувентус покажува сериозен интерес за Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Српскиот репрезентативец и член на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ игра во одлична форма и неговите партии се добро забележани од големите европски тимови.

Матеја Кежман кој е менаџер на фудбалерот, неодамна со своја изјава ја најави можноста за негово заминување за Торино, во екипата на Јувентус.

„Имам голема почит кон Лацио, но мислам дека Сергеј е играч за поголем клуб. Сериозен интерес за него покажува Јувентус и сигурен сум дека во блиска иднина тој ќе заигра за „старата дама“, изјави Кежман.


Луис Енрике ја исмеа можноста да го преземе Манчестер Јунајтед

На прашањето дали има вистина во шпекулациите кои го поврзуваат со Манчестер јунајтед, Луис Енрике праша да не случајно денес е први април.

Брзо по отказот на Солшер, во медиумите излезе шпекулација дека Роналдо посакува Луис Енрике да биде следниот тренер на Манчестер јунајтед.

Беше тешко за верување дека тој воопшто би бил во конкуренција со оглед на тоа дека треба да игра на Светското првенство со Шпанија, но шпанските медиуми сепак го прашаа.

„Дали денеска е први април, денот на шегата?“, одговори Луис Енрике на пашањето за Манчестер јунајтед од „Ла Секста“ и се изнасмеа.


„Кралевите“ објавија трансфер листа за зимскиот преоден рок

Шпанскиот вицешампион Реал Мадрид ќе се раздели со четворица играчи кои од различни причини речиси и не играле во досегашниот дел од сезоната.

Според шпанските медиуми, Реал со задоволство би се разделил со Герет Бејл, Еден Азар, Иско и Марсело, доколку има клубови заинтересирани да ги замат во зимскиот преоден рок.

Иско одигра само 166 минути во шест натпревари во Примера во досегашниот дел од сезоната. Марсело има запишано вкупно 89 минути во првенството, а Бејл, пак, поради повреди не учествуваше на натпреварите во август, додека од „Сантијаго Бернабеу“ сметаат дека Азар треба да си ја проба среќата на друго место во потрага по поголема минутажа.


Луис Енрике за можноста да стане тренер на Манчестер Јунајтед: Дали дојде 1-ви април?

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, ја нарече првоаприлска шега шпекулацијата дека е можно да биде нов тренер на Манчестер Јунајтед.

После отказот кој го доби Оле Гунар Солскјер, веќе започна лицитацијата со негови можни наследници на тренерската позиција на „Олд Трафорд“.

Меѓу другите се наведува и името на Луис Енрике кој бил желба на Кристијано Роналдо. Меѓутоа на новинарско прашање поставено до Енрике за оваа можност тој одлучно ја отфрли веста како шпекулација и запраша дали е првоаприлска шега?

„Дали веќе пристигна 1-ви април? Јас во моментот сум селектор на најдобриот тим во светот а тоа е шпанската репрезентација и немам план да ја напуштам истата“, изјави Луис Енрике.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1462443188413734919?s=20

Лидс Јунајтед тргнува по Рос Баркли од Челзи

Медиумите од Англија пренесуваат дека челните луѓе во Лидс Јунајтед се подготвуваат за доведување

 на фудбалерот на Челзи, Рос Баркли, во зимскиот преоден рок.

Играчот од средината на теренот не е задоволен од бројот на настапи за Челзи и со задоволство би заминал од клубот воден од Германецот Тухел.

Баркли сака да поминува повеќе минути на теренот како би имал шанса за повторен повик во репрезентацијата на Англија и евентуален настап на СП во Катар 2022.

Минатата сезона Рос Баркли ја мина како позајмен играч во Астон Вила каде забележа одлични игри но сепак беше вратен во тимот од Лондон.


Душебаев го пропушта Европското ракометно првенство

Шпанската ракометна репрезентација ќе настапи без еден од најдобрите ракометари на Европското првенство кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија. 

Поранешниот играч на Вардар, Алекс Душебаев објави дека се здобил со повреда на рамото и нема да настапи за Шпанија во одбрана на европското злато.

Душебаев својата повреда ја заработи уште за време на Олимпијадата во Токио но сега лекарите му препорачале пауза од 6 недели и започнување со рехабилитација.


Павлов со сребро се враќа од Светското првенство во Дубаи

Емил Павлов го освои сребрениот медал на Светското првенство во Дубаи откако загуби во финалето во категоријата до 67 килограми од Французинот, Стивен Дакост, на поени со 8-0.

Павлов го оствари најголемиот успех за Македонија на светските првенства и го надмина резултатот на  Жарко Ристовски кој во 2010 година на СП во Белград го освои бронзениот медал.

Павлов на двете европски титули во Тампере 2014 и Нови Сад 2018 година, сега го придодаде среброто од светските првенства. Тој двапати го освојуваше бронзениот медал во Монпелје 2016 и Гвадалахара во 2019 година.


Себастијан Ожие стана светски рели шампион по осми пат

Францускиот возач Себастијан Ожие, стана нов шампион во рели трките по осми пат во кариерата. Тој беше победник на релито кое се возеше во Монца после кое го постигна овој историски резултат во светот на автомобилизмот.

Повеќе титули во кариерата има остварено само неговиот сонародникот Себастиан Леб кој беше рели шампион во 9 сезони. 

Ожие изјави дека не е сигурен дали ќе го нападне рекордот на Леб бидејќи сака да направи пауза од трките и да се посвети на семејството.