feature

Луис Енрике ја исмеа можноста да го преземе Манчестер Јунајтед

На прашањето дали има вистина во шпекулациите кои го поврзуваат со Манчестер јунајтед, Луис Енрике праша да не случајно денес е први април.

Брзо по отказот на Солшер, во медиумите излезе шпекулација дека Роналдо посакува Луис Енрике да биде следниот тренер на Манчестер јунајтед.

Беше тешко за верување дека тој воопшто би бил во конкуренција со оглед на тоа дека треба да игра на Светското првенство со Шпанија, но шпанските медиуми сепак го прашаа.

„Дали денеска е први април, денот на шегата?“, одговори Луис Енрике на пашањето за Манчестер јунајтед од „Ла Секста“ и се изнасмеа.


„Кралевите“ објавија трансфер листа за зимскиот преоден рок

Шпанскиот вицешампион Реал Мадрид ќе се раздели со четворица играчи кои од различни причини речиси и не играле во досегашниот дел од сезоната.

Според шпанските медиуми, Реал со задоволство би се разделил со Герет Бејл, Еден Азар, Иско и Марсело, доколку има клубови заинтересирани да ги замат во зимскиот преоден рок.

Иско одигра само 166 минути во шест натпревари во Примера во досегашниот дел од сезоната. Марсело има запишано вкупно 89 минути во првенството, а Бејл, пак, поради повреди не учествуваше на натпреварите во август, додека од „Сантијаго Бернабеу“ сметаат дека Азар треба да си ја проба среќата на друго место во потрага по поголема минутажа.


Луис Енрике за можноста да стане тренер на Манчестер Јунајтед: Дали дојде 1-ви април?

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, ја нарече првоаприлска шега шпекулацијата дека е можно да биде нов тренер на Манчестер Јунајтед.

После отказот кој го доби Оле Гунар Солскјер, веќе започна лицитацијата со негови можни наследници на тренерската позиција на „Олд Трафорд“.

Меѓу другите се наведува и името на Луис Енрике кој бил желба на Кристијано Роналдо. Меѓутоа на новинарско прашање поставено до Енрике за оваа можност тој одлучно ја отфрли веста како шпекулација и запраша дали е првоаприлска шега?

„Дали веќе пристигна 1-ви април? Јас во моментот сум селектор на најдобриот тим во светот а тоа е шпанската репрезентација и немам план да ја напуштам истата“, изјави Луис Енрике.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1462443188413734919?s=20

Лидс Јунајтед тргнува по Рос Баркли од Челзи

Медиумите од Англија пренесуваат дека челните луѓе во Лидс Јунајтед се подготвуваат за доведување

 на фудбалерот на Челзи, Рос Баркли, во зимскиот преоден рок.

Играчот од средината на теренот не е задоволен од бројот на настапи за Челзи и со задоволство би заминал од клубот воден од Германецот Тухел.

Баркли сака да поминува повеќе минути на теренот како би имал шанса за повторен повик во репрезентацијата на Англија и евентуален настап на СП во Катар 2022.

Минатата сезона Рос Баркли ја мина како позајмен играч во Астон Вила каде забележа одлични игри но сепак беше вратен во тимот од Лондон.


Душебаев го пропушта Европското ракометно првенство

Шпанската ракометна репрезентација ќе настапи без еден од најдобрите ракометари на Европското првенство кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија. 

Поранешниот играч на Вардар, Алекс Душебаев објави дека се здобил со повреда на рамото и нема да настапи за Шпанија во одбрана на европското злато.

Душебаев својата повреда ја заработи уште за време на Олимпијадата во Токио но сега лекарите му препорачале пауза од 6 недели и започнување со рехабилитација.


Павлов со сребро се враќа од Светското првенство во Дубаи

Емил Павлов го освои сребрениот медал на Светското првенство во Дубаи откако загуби во финалето во категоријата до 67 килограми од Французинот, Стивен Дакост, на поени со 8-0.

Павлов го оствари најголемиот успех за Македонија на светските првенства и го надмина резултатот на  Жарко Ристовски кој во 2010 година на СП во Белград го освои бронзениот медал.

Павлов на двете европски титули во Тампере 2014 и Нови Сад 2018 година, сега го придодаде среброто од светските првенства. Тој двапати го освојуваше бронзениот медал во Монпелје 2016 и Гвадалахара во 2019 година.


Себастијан Ожие стана светски рели шампион по осми пат

Францускиот возач Себастијан Ожие, стана нов шампион во рели трките по осми пат во кариерата. Тој беше победник на релито кое се возеше во Монца после кое го постигна овој историски резултат во светот на автомобилизмот.

Повеќе титули во кариерата има остварено само неговиот сонародникот Себастиан Леб кој беше рели шампион во 9 сезони. 

Ожие изјави дека не е сигурен дали ќе го нападне рекордот на Леб бидејќи сака да направи пауза од трките и да се посвети на семејството.


Пандев: Избрзав што го напуштив Наполи

Горан Пандев пред натпреварот со Рома се најде во центарот на вниманието поради неговото соочување со Жозе Мурињо, во разговорот за италијанските медиуми откри и дека става крај на кариерата на крајот од сезоната.

Пандев откри и дека од денешна преспектива можеби погрешил кога го напуштил Наполи и се пресели во Галатасарај.

„Можеби не требаше да го напуштам Наполи. Избрзав кога се промени тренерот. Сакав повеќе да играм и ја прифатив понудата од Галатасарај. Имав среќа што се појави Џенова и се вратив во Серија А“.

Пандев во Галатасарај се пресели пред сезоната 2014/2015, но не се снајде најдобро во Туирција па веќе следната сезона се врати во италијанбскиот фудбал.


Луис Хамилтон најбрз во Катар

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, е победник на трката која за прв пат се возеше во Катар. Тој на целта стигна пред големиот ривал Макс Верстапен од тимот на Ред Бул и Фернандо Алонсо од Алпине.

Со оваа победа Хамилтон ја намали предноста на Макс Верстапен во генералниот пласман за шампионската титула на само 8 поени. 

До крајот на Ф1 шампионатот остануваат уште две трки, на 5. декември во Саудиска Арабија и на 12.декември во Абу Даби.

https://twitter.com/F1/status/1462450285159325700?s=20

Чави негира дека Агуеро ја завршува кариерата

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, после победата во градското дерби со Еспањол кој Барса го доби со 1:0, изјави дека имал телефонски разговор со Серхио Агуеро и не добил никакви информации од него дека престанува со играњето фудбал.

Претходно низ медиумите се појави информацијата дека поради срцева аритмија која му беше откриена, Агуеро наводно завршува со својата играчка кариера и оди во предвремена пензија.

Серхио Агуеро минатиот месец поради болки во градите го напушти теренот на средбата со Алавес и беше одведен во болница на дополнителни испитувања.