Младиот Американец Рејнолдс пред позајмица во Рома
Италијанскиот фудбалски клуб Рома е најблиску до потписот на дефанзивецот на Далас, Брајан Рејнолдс, 19-годишниот десен бек ќе добие годишна плата од 800.000 евра и договор на 5 сезони доколку се согласи да ги прифати условите. Медиумите најавуваат дека Тинејџерот прво ќе игра како позајмен во Рома до крајот на сезоната а потоа италијанците ќе платат за неговиот потпис седум милиони евра.
Вилијамс Хозе на позајмица во Волвс како замена за Раул Хименез
После неколку дена преговори Вулверхемптон и Саутемптон постигнале договор околу трансферот со кој Нуно Еспирито Санто ќе добие замена за Раул Хименез кој уште некое време нема да биде на теренот затоа што се опоравува од тешката повреда на главата. Италијанскиот трансфер гуру Фабрицио Романо и уште неколку релевантни медиуми објавија дека станува збор за позајмица со право на откуп на лето за сума помеѓу 19 и 20 милиони евра. Како што е најавено, лекарските прегледи се закажани и Вулвси ја поднеле документацијата за добивање на работна виза и трансферот треба да биде комплетиран до понеделник или вторник. Сосиедад прво бараше 25 милиони евра, меѓутоа поради пандемијата со коронавирусот и економската криза неговата цена падна за пет милиони евра.
Милан потврди уште едно зимско засилување
Лондонски Челзи и Милан ја финишираа соработката со која Фикајо Томори ја промени средината, сезоната ќе ја доигра во Италија, а на лето ќе се преговара за целосен трансфер. Младиот дефанзивец ги мина лекарските прегледи во Милано и ќе го носи дресот на росонерите како позајмен играч до крајот на тековната сезона, а од оваа позајмица Челзи ќе заработи 1 милион евра. Доколку Томори одигра на потребното ниво и Милан се реши да го откупи неговиот договор во летниот преоден рок, ќе треба да плати 25 милиони евра.
Рома поразена на „зелена маса“ ВТОР пат сезонава!
Фудбалерите на Рома со службен резултат од 0:3 се поразени од Специја во осминафиналето од Купот на Италија поради недозволени замени. Рома во вторникот по продолженија го загуби овој натпревар со резултат 2:4, но во текот на натпреварот направи недозволени шест замени. Според новите правила воведени во текот на пандемијата на коронавирусот, дозволени се пет замени, во текот на три прекини во регуларниот дел од натпреварот, со една додатна замена во продолжението. Откако за 30 секунди во хаотичниот финиш од натпреварот беа исклучени двајца играчи на Рома, тренерот Фонсека внесе во игра двајца фудбалери на крајот од второто продожение, што е недозволено.
Евротип предлог тикет – Сабота 23.01.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 73 коефициент:
Монако – Олимпик Марсеј | 0-2 Иако е во криза, Олимпик Марсеј знае како се играат дерби натпревари и не верувам дека ќе го промашат пристапот. Предвидувам тежок и тврд натпревар, со мал број на голови.
Рома – Специја | 1-1 Елиминацијата во Купот на Италија е рана за „волчицата“, а Специја игра отворен фудбал со секој ривал. Затоа пет дена по победата од 2-4 на „Олимпико“, екипата на Стропа доаѓа во Рим, а таму ќе наиде на поквалитетен и помотивиран ривал отколку во Купот.
Мајнџ 05 – РБ Лајпциг | 2, 3+ Не им е лесно на фудбалерите на Мајнц 05, со четири сменети тренери во сезоната да фатат ритам. На гости им доаѓа еден од најдобрите тимови во лигата, па секој друг резултат освен победа на тимот на Нагелсман ќе биде изненадување.
Севиља – Кадиз | 1, 1+ПП&1+ВП Иако игра неубедливо Севиља ретко губи бодови против таканаречените мали екипи. Затоа на Кадиз не му се пишува добро на „Санчез Писхуан“. Тимот на Лопетеги ја бара формата пред враќањето на Лигата на шампионите, па очекувам лесна победа.
Хуеска – Виљареал | 2, +3 Најслабата екипа во лигата го смени тренерот, а на гости им доаѓа еден од технички најдобрите тимови во лигата. Нема дилема дека победа на Виљареал е тип на кој многумина би се обложиле. Очекувам и натпревар со многу голови од двете страни.
Млад швајцарски талент потпиша за Јувентус
Јувентус го потврди трансферот на швајцарскиот талент Кристофер Лунгои. 20-годишниот талент ќе остане до крајот на сезоната на позајмица во Лугано, а потоа ќе се пресели во Торино. Лонгои е голем талент кој игра на позиција офанзивен играч за врска, а може да игра и како крилен фудбалер. За неговиот потпис интерес покажаа неколку европски гиганти, но Јувентус ја победи конкуренцијата.
Севиља го краде Папу Гомез пред италијанските гиганти
Аргентинскиот фудбалски репрезентативец, Папу Гомез, кој имаше конфликт со главниот тренер, Џампјеро Гасперини, веројатно до крајот на месецов ќе си замине од Аталанта. Неколку клубови од Серија А се заинтересирани за него, но, не сакаат да платат десет милиони евра. Станува збор за Интер, Милан и Рома. Тоа може да го искористи шпанскиот состав Севилја и да испрати понуда за брзоногиот играч. Во текот на сезоната Папу Гомез има 10 натпревари и 4 голови во Серија А. Тој последен пат беше на теренот на ремито против Јувентус на 16 декември.
Повик од Премиер лигата за Николо Барела
Николo Барела, може да добие понуда да се пресели во Премиер лигата. Наводно, за неговите услуги се заинтересирани Ливерпул и Тотенхем. 23-годишниот Барела кој потекнува од школата на Калјари се пресели на „Џузепе Меаца“ за 40 милиони евра. Тој има договор со Интер до 2024 година што значи дека неговата откупна клаузула ќе мора да се активира доколку некој сака да го купи. Медиумот од „чизмата“ проценува дека „нероаѕурите“ сепак нема да му дозволат да си замине бидејќи во континуитет покажува одлични партии на теренот.
Норвежанецот Одегард преговара со Арсенал
Мартин Одегард побарал трансфер од Реал Мадрид бидејќи не е задоволен од минутажата која ја добива оваа сезона. Одегард оваа сезона на теренот беше само 367 минути, по што тој бара да биде позајмен во друг клуб, иако Зидан сака да го задржи до крајот на сезоната. Најсилен интерес за Норвежанецот покажува Арсенал и „топџиите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент. Шпанските медиуми пишуваат дека за 22-годишниот фудбалер, се уште не донел одлука дали да ја прифати понудата на „топџиите“ бидејќи интерес за него покажува и Реал Сосиедад.
Милик претставен на „Велодром“ во Марсеј
Аркадиуш Милик, кој многу често мораше да прави паузи поради повреди, до крајот на сезоната ќе ги брани боите на Олимпик Марсеј, објави екипата од Неапол. Корпулентниот напаѓач во тековнава сезона нема одиграно ниту еден дуел за италијанскиот состав кој му дозволи да направи трансфер во елитниот тим од Франција. Доколку луѓето од „Велодром“ бидат задоволни со настапите на Полјакот, тогаш на крајот на сезоната ќе може да му го откупат договорот.