feature

Премиерлигата воведува ново правило, тренерите ќе бидат среќни

Новото правило за замени на фудбалерите во текот на натпреварот во случај на потрес на мозокот на некој од нив, ќе биде тестирано во Премиерлигата каде расте загриженоста поради повреди на главата, а тоа го договорија клубовите.
Тимовите во текот на натпреварите ќе можат да извршат две дополнителни замени во случај некој од играчите да доживее потрес на мозокот во текот на натпреварот или ако постои сомнеж за тоа.
Правилото ќе започне да се применува кога лигата заедно со ФИФА ќе ги утврдат деталите, вклучувајќи го и пристапот до приватните медицински податоци на играчите.
„Додатните замени поради нечиј потрес на мозокот можат да се извршат без оглед на бројот на замени кои веќе биле извршени во текот на натпреварот.“ – наведува Премиерлигата.
Овој потег на англиската Премиерлига доаѓа по тешката повреда на напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез, кој заработи фрактура на черепот на натпреварот против Арсенал.


Црногорецот Канкараш се раздели со Металург

РК Металург спогодбено ја прекина соработката со црногорскиот интернационалец, Бранко Канкараш кој во изминатато лето беше ангажиран како големо засилување за тимот од „Автокоманда“.
„Донесовме заедничка одлука со Канкараш дека е најдобро сезоната да ја доигра во клуб од кој добивме одлична понуда. Лимитираноста во бројот на странци кои можат да настапуваат во домашно првенство беше причината Бранко да ги проследи натпреварите од трибини, што за играч од негов ранг е неприфатливо“, стои во соопштението на Металург.


Секој натпревар Левандовски руши рекорд во Бундеслигата

Роберт Левандовски му помогна на тимот да го совлада Аугсбург во германската Бундеслига.
Полскиот фудбалер реализираше пенал во 13. минута. Нешто подоцна, тимот од Минхен можеше да ја загуби предноста, но противникот не го реализираше неговиот удар од белата точка. Како што беше објавено уште во текот на натпреварот, Левандовски го постави рекордот за најмногу голови во првиот дел од сезоната во германскиот шампионат. Голот против Аугсбург беше 22-ри за него оваа сезона во Бундеслигата.
Претходен рекордер беше Герд Милер (дваесет), неколку играчи успеаја да постигнат 19 гола за половина сезона. Покрај Милер, кој тоа го стори двапати беше и Левандовски, кој минатата сезона ја достигна оваа граница, на списокот е и Питер Мејер.


АТП турнирот повторно се враќа во Белград

Здружението на тениски професионалци (АТП), додаде два нови турнири во својот календар како би ги зголемиле шансите за настап на играчите, кои во голема мера беа ограничени поради пандемијата на коронавирусот.
Статус на АТП турнири добија турнирот во сала во Сингапур, кој ќе се игра од 22. до 28. февруари, како и турнирот на земја во шпанска Марбела, кој на програмата е од 5. до 11. април.
Исто така, турнирот на земја кој требаше да се игра во април во Будимпешта, се преместува во Белград. Во главниот град на Србија пред десетина години се играше Србија Опен, се одржаа три изданија на турнирот, а два освои Новак Ѓоковиќ.
Од друга страна, откажан е единствениот турнир на земја во САД, оној во Хјустон кој вообичаено се игра во април.


Го елиминираше Реал, а толку е стар што три негови клубови веќе не постојат!

41-годишниот Хозе Хуан Фигуерас е престар дури и за голман, а толку е стар што три клубови за кои бранеше во кариерата веќе не постојат.
Гранада 74, Агилас и Сиудад Мурсија се ликвидирани, а ниту останатите клубови во неговата кариера која започна во 1998. година не се гламурозни.
Единствен „познат“ клуб во кој бил Фигуерас е Селта, но таму беше во резервниот тим, а запиша само еден настап во најсилната шпанска лига.
23 години по останувањето на клупа и борбите за опстанок во втора и трета лига, Фигуерас ги дочека своите минути на слава.
Во 1/16 финалето на Купот на кралот, неговиот Алкојано, третопласираниот тим во една од групите на третата лига, го извлече Реал Мадрид. Се очекуваше дека Фигуерас овој натпревар ќе го памети по рекорден број на голови во неговата мрежа.
Наместо тоа, во својата 41. година Фигуерас ја одигра својата животна партија.
Тој успеа да одбрани дури 10 удари кон неговиот гол од фудбалерите на најголемиот клуб на светот, а Алкојано со сензационална победа од 2:1 го елиминираше кралскиот клуб.


Евротип ги додели наградите од големата наградна игра!

Спортските обложувалници Евротип ја завршија големата наградна игра која траеше во месец ноември и декември минатата година, а среќните добитници веќе ги добија своите заслужени награди.
Наградната игра, која беше организирана во соработка со ЈК Травел и СН Осигурување, донесе богати награди за оние чии недобитни тикети за еден натпревар, имаа највисок погоден коефициент, но не изостанаа ниту оние „добитниците“ чии добитни тикети имаа највисок коефициент.
Така, „најмалерозните“ со еден недобитен натпревар, сега се наградени со Samsung Galaxy Note 20, доделени се ваучери за патување, како и вредносни ваучери од СН Осигурување.
Оние кои пак имаа среќа и знаење да ги погодат сите натпревари, покрај викенд патување и вредносен ваучер од СН Осигурување, добија и Samsung Galaxy S10.
И повеќе од јасно е дека изненадувањата на спортските обложувалници Евротип не застануваат тука!
Во наредниот период, Ве очекуваат уште многу изненадувања, па затоа не заборавајте својот тикет да го уплатите во Вашата омилена обложувалница заедно со вашата клуб картичка, таму испијте го и вашето кафе со пријателите, а Евротип ќе се погрижи за останатото!


Во Америка се случи еден од најлудите атлетски пресврти! (видео)

Американската колеџ атлетичарка Зија Холман, минатиот викенд на атлетскиот митинг во Мичиген го изведе еден од најлудите пресврти некогаш снимени со камера. Атлетичарката на Универзитетот од Мичиген, трчаше последна за својата екипа во штафетата 4х400 метри, а кога ја презеде палицата заостануваше четири секунди зад конкуренцијата, односно 25 метри. До крајот на првиот круг, Холман ја престигна претпоследната атлетичарка, а со фуриозен финиш стигна до првото место и славеше со половина секунда предност. Холман својата делница ја истрча за време 51.79 што би бил сериозен резултат во сениорска конкуренција.

https://twitter.com/UMichTrack/status/1350585028095340545

Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во историјата на фудбалот

Јувентус го победи Наполи со 2:0 и по деветти пат во историјата го освои италијанскиот Суперкуп. Шампионот на Италија поведе со голот на Роналдо во 65. минута, а конечните 2:0 ги постави Мората. За Роналдо тоа беше 20. погодок во исто толку настапи сезонава, но со овој гол стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот. За португалецот тоа беше 760. гол во кариерата, со што го помина рекордот стар 66 години на чехот Јозеф Бикан, кој од 1931. до 1955. година постигна 759 погодоци. Легендарниот Пеле тврди дека во кариерата постигнал повеќе од 1000 голови, но многу од нив беа на неслужбени и тренинг-натпревари, па не се забележани. Роналдо во кариерата настапуваше само за четири клубови. За Спортинг постигна пет погодоци во 31 настап, за Јунајтед 118 во 292 натпревари, за Реал 450 голови во 438 натпревари, а за Јувентус 85 погодоци во 108 натпревари. За португалската репрезентација одигра 170 натпревари и дури 102 пати се најде меѓу стрелците. Од 760 голови, 113 постигна од пенал, 57 од слободен удар и 569 од игра.


Робсон: Грилиш треба да го облече дресот на Манчестер Јунајтед

Брајан Робсон призна дека би сакал да го види неговиот стар клуб како потпишува договор со Џек Грилиш. „Црвените ѓаволи“ сакаа да го ангажираат фудбалерот и изминатата година, но, тој го продолжи договорот со Астон Вила откако беше обезбеден опстанокот во Премиер-лигата. Робсон сега проценува дека репрезентативецот на Англија ќе биде одлично засилување за тимот од „Олд Трафорд“. „Тогаш донесе добра одлука бидејќи ја доби капитенската лента. Мислам дека е сега позрел и дека треба да одлучи да го облече дресот на Манчестер Јунајтед“, изјави Робсон за англиските медиуми.


Лука Станковски на радарот на Фенербахче

Фенербахче повторно сака да се засили од Работнички. По стапките на Елиф Елмас кој денес игра во Наполи би можел да тргне талентираниот фудбалер на Работнички, Лука Станковски кој одигра одлична полусезона во првата македонската лига. Според информациите на „Трт Спорт“ Фенербахче започнал преговори за доведување на 1.90 високиот Станковски. Станковски е член на репрезентацијата на Македонија до 19 години, а сезонава постигна седум голови и подели две асистенции на 15 натпревари. Останува да видиме дали преговорите помеѓу Работнички и Фенербахче ќе бидат успешно завршени.