feature

Њукасл го сака Симеоне на клупата на својот проект

Новите богати сопственици на Њукасл имаат за цел да го развијат клубот по моделот на Атлетико Мадрид и поради тоа нивна најголема желба е тренерот Диего Симеоне.

Токму поради тоа шеиците нема да жалат пари за да го донесат Симеоне на кормилото и тоа во „пакет“ со спортскиот директор на „јорганџиите“ Андреа Берта, открива „АС“.

Планот е прво да биде донесен Берта, кој веќе 9 години работи во Атлетико Мадрид, а Њукасл ќе му даде одврзани раце околу трансферите и огромен буџет.

Сопствениците на Њукасл се надеваат дека токму тој ќе биде човекот кој ќе го убеди Диего Симеоне да се пресели на „Сент Џејмс Парк“. Тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи Аргентинецот во моментов е најплатен тренер во светот со околу 30 милиони евра по сезона.


Стартува 75 сезона на НБА лигата

Тимовите на Милвоки и Бруклин со нивниот меѓусебен натпревар кој се игра ноќта помеѓу вторник и среда, ќе го означат стартот на новата 75-сезона во кошаркарската НБА лига.

Бранител на титулата од минатата сезона е екипата на Милвоки Бакс кој во финалната серија го совлада Феникс Санс.

Редовниот дел од сезоната во НБА завршува на 10-ти април, додека плеј оф турнирот започнува на 16-април.



Конте и Зидан можни наследници на Оле Гунар Солскјер

Оле Гунар Солскјер сеуште ја има целосната поддршка од раководството на Манчесер Јунајтед и во моментов не се планира негова смена од клупата на “црвените ѓаволи“. Оваа информација ја сподели познатиот фудбалски новинар од Италија, Фабрицио Романо.

Сите во клубот се надеваат дека работите во тимот ќе се сменат на подобро и дека ќе следуваат подобри резултати во претстојните натпревари, но доколку продолжи негативниот тренд на слаби резултати позицијата на Солскјер во тимот ќе биде ставена на разгледување.

Според неколку различни медиуми од Англија, се издвојуваат две тренерски имиња кои евентуално би пристигнале на “Олд Трафорд“ како замена за Норвежанецот , а тоа се Антонио Конте и Зинедин Зидан. Двете прославени фудбалски и тренерски имиња сигурно нема лесно да ја одбијат понудата која би пристигнала од Манчестер Јунајтед и сигурно би започнале преговори за добивање на позицијата која во моментов ја извршува Солскјер.


Жоао Феликс побарал трансфер и заминување од Атлетико Мадрид

Жоао Феликс побарал од раководството на клубот да биде продаден во следниот преоден рок. Португалецот падна во втор план кај Диего Симеоне откако пристигна Гризман, па неговата минутажа значително ќе се намали оваа сезона.

Феликс побарал од раководството да биде продаден, а веќе го известил агентот да му бара нов клуб.

Најсилен интерес за него покажуваат ПСЖ и Ливерпул. „Светците“ во него гледаат идеален наследник на Мбапе, кој е на излезна врата. „Јорганџиите“ за неговиот трансфер бараат 80 милиони евра, а двата клуба наводно се спремни да ја платат таа сума.


Манчестер Сити спрема нов договор за Фоден

Актуелниот шампион во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, е многу блиску до постигнување договор за продолжување на соработката со младата звезда на тимот, Фил Фоден.

Со новиот договор репрезентативецот на Англија би добил сериозно зголемување на платата, а истиот би бил со важност до 2027 година.

Се очекува Фил Фоден да ја прифати понудата и да стане еден од главните носители на играта кај Пеп Гвардиола.

https://twitter.com/City_Chief/status/1450140058678349833?s=20

Сергеј Милинковиќ-Савиќ интересен за Ливерпул

Фудбалерот на римски Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е најновото име кое се најде на радарот на Јирген Клоп и Ливерпул.

26-годишниот Србин, игра во одлична форма од стартот на сезоната со постигнати три гола и две асистенции на осум натпревари. Ливерпул во него гледа идеална замена за Џиџи Вајналдум кој летово како слободен играч ги напушти “црвените“ и потпиша за екипата на Париз Сен Жермен.

Меѓутоа за фудбалерот на Лацио се интересираат и голем број на други клубови, како Интер, Јувентус и Реал Мадрид, со што Ливерпул ќе наиде на голема конкуренција доколку се одлучи да тргне по негово доведување на “Енфилд“.

Постоечкиот договор на српскиот репрезентативец со Лацио истекува во 2024 година и клубот за евентуална продажба за него ќе бара околу 60 милиони фунти.


Ефес го засили нападот со Американецот Брајант

Актуелниот шампион на кошаркарската Евролига  Анадолу Ефес од Истанбул, во своите редови го доведе бекот Елајџа Брајант.

26-годишниот Американец  во екипата на Ефес пристигна од Милвоки Бакс, тимот со кој минатата сезона ја освои НБА лигата. Договорот е потпишан со траење од две години.

Брајант веќе има искуство со играње во Европа кога настапуваше во Израел за екипите на Хапоел Елиат и Макаби Тел Авив.


Нејмар ќе го скокне дуелот на ПСЖ против РБ Лајпциг

ПСЖ нема да може да го користи Нејмар на претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против РБ Лајпциг во вторник.

Напаѓачот се жали на болки во препоните, кои ги заработи за време на квалификациите на Бразил за Светското првенство. Бразилецот исто така, го пропушти натпреварот со Анже во петокот од редовното коло на Лига 1.

„Во наредните денови, Нејмар ќе продолжи да се лекува, по што ќе може да продолжи со целосните тренинзи“, изјавија од ПСЖ и покрај фактот што денес се приклучи на тимот.

„Здравјето на нашите играчи е пред се. Ова е мал проблем и се надевам дека ќе закрепне за неколку дена”, изјави тренерот Маурисио Почетино.


Кунде се нуди на Јунајтед, можен трансфер уште во јануари

Жил Кунде се надева што поскоро да направи трансфер во некој европски гигант. Французинот беше на чекор од трансфер во Челзи ова лето, но зделката пропадна во последен момент. Сега самиот фудбалер преку својот агент му се понудил на Манчестер Јунајтед.

Интерес за Кунде има и од Реал Мадрид, но самиот фудбалер преферира преселба на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајед ова лето го доведе Рафаел Варан, но има проблеми во одбраната. Сепак, тешко е да се поверува дека ќе го донесе Кунде бидејќи Севиља за неговата слобода бара 80 милиони фунти.


Де Брујне: Левандовски е најдобар фудбалер на светот

Кевин Де Брујн смета дека Роберт Левандовски во овој момент е најдобриот фудбалер во светот.

„Би морало да се земе во предвид двегодишниот период, така би го избрал Левандовски. Заслужи со постигнатите голови и поради се што освои со Баерн“.

На прес-конференцијата пред натпреварот со Клуб Бриж, Де Брујн беше запрашан да даде коментар на изјавата на Рахим Стерлинг за неговото потенцијално заминување.

„Ротацијата е важна, но разбирам дека има и фрустрација. Некогаш е тешко да играш една, па да пропуштиш друг натпреварот. Сепак, на крајот менаџерот е тој кој ги носи одлуките. Ние сме група од 22-23 играчи и сите си даваме поддршка еден на друг“, изјави Де Брујн.

Ќе потсетиме, Манчестер Сити минатата година изгуби во финалето од Лигата на шампионите од Челзи со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Каи Хаверц.